mami -> пливајте и уживајте (3.7.2009 9:54:00)
|
Веќе е познато дека физичката спремност игра голема улога во креветот, но пливањето навистина може да ви помогне во подобрување на вашиот сексуален живот. Половина час пливање три пати во неделата може значајно да влијае врз љубовните авантури. -Само половина час физичка активност три пати неделно оптимално го подига нивото на сексуални хормони. Пливањето е идеално бидејќи ги покрива вистинските групи на мускули, вели Џеј Шинфелд. -Кога пливате целото тело ви се активира и се подига тонусот на сите мускули за да дојде до рамномерно одржување на вода. Освен тоа фокусот е ставен на правилното дишење кое е важно при сексот, дополнува тој. Идеалниот стил на пливање е краул бидејќи ги придвижува сите мускули. Доколку пливате прсно, обидете се да ги собирате и пуштате нозете во вид на жаба, затоа што тоа движење ги затегнува внатрешните мускули на бутините и карлицата, што особено кај жените ќе помогне во подобро воспоставување на контрола за време на сексот.
|
|
|
|