Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
RE: Бебе саем 23 - 25 април 2010 25.4.2010 23:05:46
Весна
ИЗВОРНА ПОРАКА: Палешка
Леле сега колку најмногу ми е мака што не дојдов, ќе си пукнам, туку памет за другиот пат. Леле па колку ми е криво што не ги исштипав тие образите на Јанаааа... Баш ми е драго за вас!
Оооој мила, па јас до последен момент се надевав дека можеби ќе дојдеш, онака потајно си помислував дека можеби сакаш да не` изненадиш, онака наеднаш да ни се појавиш со Миа во раце и батето и` и татето и`. Па и не мора де да има некој настан за да ни дојдете паааа. Ајде лека полека се затоплува па те чекаме во Н. Лисиче.
RE: Бебе саем 23 - 25 април 2010 25.4.2010 23:10:56
Maca25
И мене многу ми е криво што не дојодвме, гледам супер сте си поминале. Нина цел ден имаше температура, не можеше да спие, не јадеше, кенкаше, полудевме. Се надевам дека набргу ќе има некоја средба!!!
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
RE: Бебе саем 23 - 25 април 2010 26.4.2010 9:55:48
lila_mk
i nie bevme vcera na bebe saem super bese , bev i na vasiot stand ama bevte nesto angazirani so nekoi decinja i da ne pravime guzva i nie prodolzivme, mnogu sakam da ve zapoznaam.aaaaa i tuka da se pofalam, pobedivme vo trkata so lazenje na bebinja, merak mie ,,,,
RE: Бебе саем 23 - 25 април 2010 26.4.2010 13:02:53
Mila na mama
ИЗВОРНА ПОРАКА: mother 29
што најмногу ви се допадна ,а што не?
Најмногу ми се допадна што се видовме, се подруживме, се посмеавме жени супер сте и имате најслатки дечиња. А саемот како манифестација не беше ништо посебно и не ми остави некој којзнае каков впечаток. Хаос на 2 тркала со дупнати гуми. п.с. mother29 ни фалеше твојата енергија.
< Поракaта ја уредил Mila na mama -- 26.4.2010 13:03:18 >
RE: Бебе саем 23 - 25 април 2010 26.4.2010 13:18:47
Medo
Да кажам дека и нас не ни остави посебен впечаток саемот од причина што за нас немаше ништо. Всушност, ние и не ни баравме нешто да купиме, па можеби затоа се такви чуствата. Ива спиеше пола шетање. Од облека имаше убави работи, ама цените беа така малце страшни (барем тоа што успеав да ѕирнам - што вика Андријана, нормално не купивме). Се надевав дека ќе се запознаам со некој од рр, ама бидејќи бевме во сабота, ама баш никој немаше на штандот освен девојката што седеше таму (на која и го заборавив името - се извинувам). Се сликав од мерак, ама во на мм мобилниот останаа сликите, па ќе прикачам подоцна. Се надевам дека ќе има друга прилика да се запознаеме.
RE: Бебе саем 23 - 25 април 2010 26.4.2010 14:05:26
mami
колку само ми беше мило што ги видов сите што ги видов..бебушките ни се најубави на свет...Криво ми е што мораше да си одиме, ама мм само што беше вратен од пат и беше уморен а и на Лука му се спиеше..заспа во кола и продолжи дома цели 3 часа да спие :))) Саем ко саем...освен коцките кои беа прекрасни, ама скапи друго и не ми се допадна..има чувство дека цените се саемски напумпани
RE: Бебе саем 23 - 25 април 2010 26.4.2010 14:49:00
mamasane
Навистина убаво си поминавме со Никола, уживање беше да се биде во друштво со сите кои беа таму. А за дечињата што да се каже, секое детенце слатко и убаво на свој посебен начин.
RE: Бебе саем 23 - 25 април 2010 27.4.2010 11:39:49
profesorica
Икипп, мами си отиде пред да дојдеш ти.
Инаку јас вчера неколку пати пробував да пишам на темава ама се ми кочешем, па ај да дадам коментар и јас.Саем ко саем, битно ми беше рингераја и сите што ве видов.
Цацко Дамјан мене ме игнорира па камоли останатите- тоа му е некој период- се прави важен
првата средба на љубовџиите!!! групна слика- Весна ма- не те познав- извини
снашката- смок ском смок
еве ни ја снашка број два
дамјан се заљуби во еве ова!!!
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
RE: Бебе саем 23 - 25 април 2010 27.4.2010 20:55:53
Весна
Како ма не ме позна, туууу! Со Дамјан веднаш ве видов и додека да стигнам до вас ве снема. Оваа мами женскобебегмечачка :))) ме замаја. И потоа на секунди ве гледав, сад је видиш, сад је невидиш приказнава.
RE: Бебе саем 23 - 25 април 2010 28.4.2010 9:40:09
profesorica
епа ајде де, не стоиме ние на едно место- темперамент + ни се спиеше многу - ај на следно дружење ќе се изгушкаме.море треба да почнам и јас изгледа да гмечам женски бебиња може ќе ме фати мајата за цурица
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
RE: Бебе саем 23 - 25 април 2010 28.4.2010 21:42:30
pacuvce
Бевме во саботата и купивме седиште за во кола за Бојан...Планиравме да одиме и во недела,меѓутоа моравме со Андреј да учиме за тест за во понеделник,а ако излезевме ќе го изгубевме цел ден и ништо од учењето...А саемот како саем...Многу скапи работи,кои јас ниту во сон не би ги купила...Непотребно фрлање пари за мали партали...Ајде следната година,здравје...
RE: Бебе саем 23 - 25 април 2010 28.4.2010 22:56:03
sweety***
i nie bevme vo sabotata i mnogu ubavo si pominavme osvoivme prvo mesto vo lazenje a i si se podnovivme so sediste za vo kola i cadorce za kolickata patem i si dobivme mnogu kasicki sokcinja pudingcinja mnogu ubavo zdravje dogodina pak ke odime