big_mama817 -> 7-април Светски ден на здравјето (7.4.2010 9:52:02)
|
Министерството за здравство во соработка со Институтот за јавно здравје денеска по повод седми април - Светскиот ден на здравјето, организира заеднички марш од плоштадот Македонија до Градскиот парк. На оваа локација во периодот од 10.00 до 10.30 часот на посебно поставен пункт ќе се вршат превентивни здравствени прегледи за граѓаните и тоа мерење шеќер и маснотии во крвта, висина, тежина и слично, а потоа сите што сакаат да се рекреираат, можат пеш ќе се упатат кон Градскиот парк. Настанот е дел од кампањата на Министерството за здравство, посветена на Здрави животни навики за здрав живот" и се организира во рамките на глобалната акција на Светската здравствена организација, кој се одбележува под мотото "1.000 градови за 1.000 животи Извор:дневен весник
|
|
|
|