Maca25 -> RE: Муабетчилница:-) (26.5.2010 18:28:05)
|
Јас бев денес на семинар и баш пред да излезам нина се разбуди и кога виде дека имам кондури на нозе и светна дека ќе одам некаде без неа и почна да плаче, едвај ја смирив за да излезам. Останав некаде до 1, а предавањата беа до 5, ама срце не ми даваше да останам кога знам дека детето дома ми кенка или плаче по мене. Кога дојдов, таа ми се фрли во прегратки и ме баци [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]. срце мамино. Ја спремив и правец во Козле на контрола, и ни кажаа дека бронхитот земал поголем замав и дека ќе треба да пие антибиотик. Пробавме само со инхалации, ама ништо. И земаа крв и ви се верува глас не пушти. Храбра е мојата нина. Крвната слика покажа дека е анемична. [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image] Утре на матичен од сабајле, па јас да се вратам на семинарот, а за време на пауза одам на факулет да полагам. Држете ми среќа!!!
|
|
|
|