Bitolcanka -> RE: Муабетчилница:-) (4.6.2010 22:47:58)
|
Девојки што има ново? Палешке како помина вчера за полуматурата на тинејџерот? [sm=smiley1.gif] Имавте многу гости? Ние на времето не славевме полуматура, денешните млади и неа ја слават [sm=smiley1.gif] Знам дека во Охрид или Струга и четврт матура се слави [sm=smiley1.gif] Росанче ти како си? Како е Саричка? Јас и овој ден го поминав турбо - 200/ч. - Од рани зори до квечерина војував - села, град, дома ... Стапалата ми потекоа, не ги чувствував ... Делував толку жалосно, натоварена со ќеси најверојатно, што луѓето сами се нудеа да ми помогнат (човек од автобус ми помагаше со ќесите за да се качам, 1 дечко ми го подаде огледалцето - ми било на седиштето, ми помагаа да дојдам до такси...). Маката ме натера да поминам во близина на домот на 1 моја колешка, па се видовме по долго време... Утре малку повеќе ќе поспијам, порелаксиран ќе ми е денот, а в понеделник пак исто како овие дена...
|
|
|
|