Maca25 -> RE: Муабетчилница:-) (16.6.2010 14:46:51)
|
Битолчанке фала за кафето, ептен ми требаше. [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image] Такво време дојде, кога не можеш баш многу да избираш, нема многу понуди за работа, а и секој гледа максимално да те искристи за мала плата. Баш пред некој ден со мм зборевме колку би било се полесно кога би имале наш стан, да не давам пари за кирија за никаков стан, и баш мм тогаш ми рече: Па маче, ти не би морала да работиш, супер би ни било и со мојата плата!!!!! Леле колку се изнервирав. Навистина ли мисли дека јас ќе можам живото да го поминам дома, како домаќинка?!?! НЕеееее!!! Му објаснив јас како гледам на мојот живот и дека не се гледам себе си како мајка која седи дома. Сакам да излезам, да заработам....Ми рече дека ќе ме поддржи во секоја моја одлука. Сега му се јавив да му кажам, и пресреќен е.
|
|
|
|