mother 29 -> RE: Првиот впечаток (10.4.2010 22:51:53)
|
АУф...мора тогаш да оставам лош впечаток,затоа што секогаш сум директна и резервирана,без разлика дали се работи за прва,втора средба,прв,втор впечаток.Мразам ласкање,умилкување и слично.Се ежам на фрази од типот-маче,еј женска...без разлика дали го кажува машко или женско,особено ако прв пат во живот ме гледа,е тука веќе ... Првиот впечаток кој го стекнувам за луѓето и покрај онаа маска што ја ставаат е по начинот на кој ги кажуваат работите,се лигават(или не),дали се трудат да се истакнат да зборат повеќе за себе или да сакаат да дознаат нешто за мене и слично,многу откриваат.Многу добро забележувам и најчесто ги провалувам *неранимајковците*,така да првиот впечаток најчесто ми е базиран на она што го чувствувам од другата страна и говорот на телото.Што е најинтересно никогаш не сум погрешила и друга една работа,првиот впечаток никогаш,ама никогаш никој неможе да го смени.Добро,единствено ако се смени навистина личноста.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley2.gif[/image]
|
|
|
|