Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
RE: Колку сакате да сте сами со себеси? 29.11.2013 16:01:51
Mihaela 2010
Dobro bi mi doslo da sum sama nekolku casa,bez nikoj da me gnjavi,taka da si legacam i posvetam na sebe...ama ne veruvam u skoro vreme deka ke se sluci takvo nesto
_____________________________
Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.
RE: Колку сакате да сте сами со себеси? 20.3.2014 23:54:42
Defne90 RR
И јас многу сакам кога сум си сама со себе,особено наутро кога си го пијам првото кафе и така си се средувам полека.Доволно ми е барем еден час така скроз сама и да си ги наполнам батериите.Исто и вечер кога сите ќе легнат да спијат обавезно останувам уште два три часа така сама со себе да си гледам некој добар филм или да си седам на форум и да си пишувам и читам.
_____________________________
Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!
RE: Колку сакате да сте сами со себеси? 8.7.2014 15:08:04
Mila mamicka
Многу комуникативна личност сум и сакам секогаш да има луѓе околу мене. Сакам дружби, собиранки, гости и сл. Скоро секој ден сме со гости или на гости, и тоа воопшто не ми пречи. Ама, барем еднаш во месецот, сакам да си посветам време сама со себе. Што ќе правам во тоа време, и не е толку важно, важно е дека сум сама со себе. Најмногу го користам за да читам книги, поретко за гледање на серии, а некогаш само си размислувам со кафенце, си правам планови за иднината и така.
_____________________________
Најдобрата работа што еден татко може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка.
RE: Колку сакате да сте сами со себеси? 9.7.2014 8:55:56
AneLav RR
Јас многу ретко сакам да сум сама со себе затоа што тоа ме плаши. Од секогаш сум сакала да бидам со луѓе и додека живеев во Ск секојдневно комуницирав со некого. Овде тоа ми фали, немам никого и не ми е убаво да сум сама со себе. Ми фалат дружби ми фалат пријатели.
_____________________________
Не плаши се од бавниот чекор, плаши се од стоење во место!
RE: Колку сакате да сте сами со себеси? 23.1.2016 15:37:54
mommy_angels RR
Еве наречете ме лоша мајка,себична или како уште не,ама баш утрово размислував за ова.Си мислев дека кафе испиено сама со себе во мир и тишина би ми било лек за душа.Ниту на работа,ниту дома го имам тој луксуз.Си го обожавам животот,убав ми е овој период од животот кога се се сведува на излегувања во игротеки и игралишта,ама понекогаш сакам и да си се муабетам сама со себе . Ако некој нашол вакво решение со мали деца и маж нека кажува.Јас сама незнам
RE: Колку сакате да сте сами со себеси? 23.1.2016 15:49:01
Defne90 RR
Мами сосема те разбирам.И верувај не сме себични мајки, само понекогаш и нам ни треба тишина и мир.Од секојдневните обврски на работа и дома честопати се случува да заборавиме и на самите себе.Баш затоа дека не си посветуваме доволно внимание затоа и ја посакуваме тишината и тоа да бидеме сами со себе.Решение за тоа да имаш маж и мали деца и пак да бидеш сам со себе искрено не ни верувам дека постои.Најверојатно се само по себе ќе се реши ога децата ќе ни бидат посамостојни.Дотогаш ќе уживаме со секои пет минути тишина и друштво сами со себе што ни се пружаат.
_____________________________
Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!
RE: Колку сакате да сте сами со себеси? 23.1.2016 17:13:30
lukajana RR
Сама со себе обожавам кога сум ,едноставно ми треба за да можам да функционирам . Сакам раат кафе ,време на нет ,некогаш само сакам да кулирам сама . Е сега колку е дозволено тоа е друго прашање . Ама користам пладневна дремка на децата за раат кафе и секако ноќе кога ке намирам деца ,маж и сите ке заспијат тоа е време само за мене
_____________________________
Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив
RE: Колку сакате да сте сами со себеси? 8.2.2016 12:02:12
Sunshine88
Нај убаво ми е кога сум сама. Не дека со мм не ми е убаво, ама ете некако кога сум сама завршувам повеќе обврски, имам време да си посветам на себе, и на крај пак да седнам и да медитирам. Што знам некако сум си поопуштена сама...да сакам да сум со него, ама исто така сами да сме..ко на пуст остров.
RE: Колку сакате да сте сами со себеси? 29.2.2016 13:44:05
marchi
pred izvesen period sum go pisala ova
ИЗВОРНА ПОРАКА: marchi
pretezno sakam da sum "sama so sebe" mi godi relaksacija posebno koga sakam da ispijam kafe ili da procitam nekoe spisanie
nekolku pati stefan zaminal kaj dedo mu na selo i sum rekla juhuhu ama posle nekoe vreme ne izdrzuvam,nekako gluvo mi e tisina,ne sum naviknata na toa.posle svativ deka najubavo mi e da sum sama so sebe koga site spijat