Како "лекувате" грижна совест? (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Разговори за се и сешто



Порака


mother 29 -> Како "лекувате" грижна совест? (10.4.2010 23:22:39)

Одете во црква,давате пари на бездомници/просјаци,се затварате во себе,се самоказнувате??????????
како?




Тања РР -> RE: Како "лекувате" грижна совест? (10.4.2010 23:49:15)

Oффф ништо не ми помага. Обично пробам да се чувствувам подобро удирајки на шопинг но тоа е краткотрајно решение, потоа совеста ми станува уште погрижна заради безвезе потрошените пари [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image].




Maca25 -> RE: Како "лекувате" грижна совест? (11.4.2010 0:45:18)

Ни мене ништо не ми помага. Ќе мислам, ќе се јадам со денови. Ќе ме прогонува тоа ноќе и нема да можам да заспијам.




Палешка РР -> RE: Како "лекувате" грижна совест? (11.4.2010 9:23:34)

Никако. Чекам да помине време. Обично така поминува, кога ќе подзаборавам.
Многу зависи што ја предизвикува грижата..оти кај мене и банални работи можат да доведат до несоница[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image]




BILE.F -> RE: Како "лекувате" грижна совест? (11.4.2010 9:38:59)

Никако! Додека сама не се убедам дека тоа не било моја кривица, или дека така требало да биде, катастрофа ми е. А после тоа го оставам во минатото и продолжувам! Може да се навратам и да кажам дека многу ми е криво, ама тоа го кажувам со чуство од минатото, кое во сегашноста не постои!




fantom -> RE: Како "лекувате" грижна совест? (11.4.2010 10:07:45)

Mnogu tesko se lekuva toa,recisi nikako.Mozebi vremeto ke pomogne malku,ama celosno ne!Zasekogas ke postoi griza na sovest.Znaete,mozes nesto loso da napravis pa da te dadat na sud,i da te oslobodat(iako si kriv),ama sovesta e najgolemiot sud za covekot.




Cacko -> RE: Како "лекувате" грижна совест? (11.4.2010 10:10:33)

so vreme,samo so vreme[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




denicka -> RE: Како "лекувате" грижна совест? (11.4.2010 16:18:13)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Cacko

so vreme,samo so vreme[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]



potpis! i so priznavanje! koga nesto ke si priznaes posle e polesno.




April -> RE: Како "лекувате" грижна совест? (11.4.2010 16:25:48)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Cacko

so vreme,samo so vreme[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]


и со музика, of course [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




Leonida -> RE: Како "лекувате" грижна совест? (11.4.2010 16:28:01)

Да си признаам пред се самата на себе дека сум згрешила и каде. Пробувам тие ситуации да ги прифатам како дел од животот и секогаш пробувам да гледам напред, а не назад. [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




Enika -> RE: Како "лекувате" грижна совест? (11.4.2010 22:47:23)

Уф мн лошо. Се нервирам, нема да спијам...јас за било каков проблем сум таква...се јадам себеси. Зависи за каква грижа на совест се работи, во пронцип гледам да избегнам такви раб...последното беше ова со изгубениот индекс на факс и неплатени рати , кога се мучев и незнаев како да пристапам на проблем кој сама си го напраив со ратите и луге такво нешто некам да се пофтори...буквално нит јадев нит спиев, само на тоа мислев и се осекав ужасно




melody -> RE: Како "лекувате" грижна совест? (11.4.2010 22:57:22)

Jas ne ja lekuvam...grizna sovest ne mozes da izlecis na nieden nacin ako navistina toa sto si go napravil e  za da  te pece sovesta vo idnina. Koga i da se potsetis sekogas taa ke bide tuka. Zatoa gledam kolku mozam da ne pravam raboti poradi koi ponataka ke me grize sovesta.




Annuska -> RE: Како "лекувате" грижна совест? (12.4.2010 12:35:03)

Се согласувам дека грижна совест не може да се излечи, може само да се подзаборави со текот на времето, и таман мислиш дека си заборавила еве ја пак - те боцка, те гризе, те пече....  барем јас така се чувствувам. Има некои работи и ситуации што ми се случиле и пред 5-6 години и сеуште знаат да предизвикаат нервоза и несоница и милион мисли од типот : Што ако не постапев така или што ако не речев така? 




majka 79 -> RE: Како "лекувате" грижна совест? (12.4.2010 13:00:02)

vremeto kaj mene leci se.
ne sum zlopamtilo ni za sebe ni za drugite.
se trudam da nemislam na nestoto i po vreme go snemuva.
ne deka sum bezgresna no i sum nemala nekoja griza na sovest za da me izmacuva dolgo vreme.




profesorica -> RE: Како "лекувате" грижна совест? (16.4.2010 15:47:17)

оооффф се јадам во себе, ќе мислам ќе мислам ...и се додека не пројде некое време и подзаборавам на нештото...




Mihaela 2010 -> RE: Како "лекувате" грижна совест? (18.1.2013 15:01:09)

Vo posledno vreme edinstvena griza na sovest imam koga dovolno nema da i posvetam vnimanie na kerka mi,pa tolku mnogu mi e krivo sto si vetuvam deka utredenta ke i nadopolnam,i go ispolnuvam vetuvanjeto...




miana -> RE: Како "лекувате" грижна совест? (18.1.2013 15:21:45)

So tek na vremeto se pominuva..




vezilka RR -> RE: Како "лекувате" грижна совест? (18.1.2013 16:18:54)

Се самоубедувам дека не било моја кривица и чекам да заборавам..[sm=zmeden.gif]




Ring -> RE: Како "лекувате" грижна совест? (19.1.2013 11:25:52)

1-2 дена ќе ја мислам работата на 300 начини, ќе барам оправдување и веќе 3 дена заборавам или ми е сеедно..




niki -> RE: Како "лекувате" грижна совест? (19.1.2013 22:29:46)

si prostuvam sebe si, si velam deka da sum znaela podobro, podobro ke sum postapela, se trudam da izvlecam pouka i ne sekogas mi uspeva od prv pat, si velam deka sum samo covek so mani, taka nekako so prifakanje na mojata negativna strana




Страница: [1]