mommy_angels RR -> RE: Млечен кефир (14.3.2014 9:21:01)
|
“Кефир”, е пробиотски млечен производ, што од дамнешните времиња им е познат на жителите на Кавказ. Според преданијата зрнцата и упатствата за негова подготовка староседелците ги добиле директно од пророкот Мухамед, заедно со заповед за чување на тајната.Се смета како еликсир на младоста, животот и долговечноста. Лековити својства на кефирот Тој вкусен и освежителен киселкаст напиток се подготвува од таканаречените печурки на кефир, иако се работи всушност за симбиоза на корисни бактерии и габички. Искуството покажало дека кефирот поволно влијае на здравјето, лекува или помага при лекување на многу болести и тегоби. Кефирот не дебелее. Во 100 грама со масленост од 3,5 грама има 63 калории (што е исто како и кај јогуртот), а има и силно својство на регулирање на дигестивниот систем. Го користат луѓето кои имаат тегоби во дигестивниот систем, но и оние кои имаат проблеми со коските, затоа што бактериите кои ги има кефирот, помагаат во нивното зајакнување. Редовно конзумирање на кефир… - го јакне имунитетот - го чисти организмот од токсини - помага во воспоставување на нормален крвен притисок - го намалува нивото на холестерол - помага при болести на желудник. - ја обновува флората и ги ублажува цревните болести - помага при болести на црниот дроб, бубрези и жолчка - лекува воспалителни процеси ( природен антибиотик ) - помага при слабокрвност и слаба циркулација - лекува респираторни заболувања - помага при стрес, несоница и болести на нервниот систем - делува против габички и бактерии- го успорува ширењето на канцерогените клетки - помага кај астма и алергии Исто така содржи многу пробиотици или т.н добри бактерии кои се многу важни за дигестивниот тракт како на пример: Lactobacillus Caucasus, Leuconostoc, Streptococcus, Acetobacter, И неколку благотворни квасци како Saccharomyces и Torula kefir. Извор: MK News Зрнцата од млечниот кефир,ако добро се измијат може да се припремаат со вода и се нарекуваат Јапонски кристали. Јас случајно дојдов до ова,си го припремам и си имам свеж здрав напиток секој ден.Многу е убаво.Со вкус на лимонада ,само со многу,многу лековити и здрави својства Еве како изгледа [img]http://www.childdevelopmentstory.com/wp-content/uploads/2013/07/images-2.jpg[/img] [img]http://www.vrapce.mk/dataImages/advertisements/4e722038-097e-47a8-b1bf-1a015c0e1519/medium/kefir(02).jpg[/img]
|
|
|
|