ripce -> RE: Перална (5.12.2009 15:02:36)
|
Машина за перење алишта Што е потребно да се знае при купување на машина за перење алишта? При купување на машина за перење алишта исправени сме пред следниот избор: дали да се одбере машина со полнење од горе или машина со полнење од предната страна. Принципот на работа и на двата типа е ист, а вообичаено поефтини се машините со полнење од предна страна поради нивната поголема застапеност на пазарот. Машините со горно полење секогаш се добар избор кога во бањата има малку простор бидејќи се широки само 45 cm, во споредба со 60 cm на другиот тип. Бројот на вртежи на центрифугата покажуваат колку пати во минута се врти барабанот при центрифугирање на алиштата. Поголем број на вртежи овозможува задржување на помало количество вода во алиштата, а со тоа и побрзо сушење. Препорачливо е бројот на вртежи да е помеѓу 800 и 1200 врт./мин. Поголем број од 1200 вртежи во минута ја зголемува цената на машината, а ефектот не е многу поголем. Машините со центрифугирање под 800 вртежи обично се постари модели и се со зголемена потрошувачка на вода и струја, а алиштата после перењето треба подолго се сушат. Составен дел на секоја машина за перење алишта е програматорот, кој може да биде електронски или механички. Секако се препорачува електронски програматор кој ја поедноставува употребата , нуди дополнителни можности, а перењето се прилагодува на видот и количеството на алишта. Овозможува дополнителни функции како што е одложување на вклучување на перењето (на пр.можност за перење при ефтина електрична енергија), а на екранот се прикажува останатото време до крајот на перењето. Се препорачува купување на машина со голема врата за полесно ставање и вадење на алиштата. Посебно обрнете внимание на насоката на отворање на вратата во зависност од просторот каде што ќе ја сместите машината. Кај поголем број машини отворањето е од лева стана. Добро е аголот на отворање на машината да биде што поголем, а може да се движи и до 180о. Купете машина со висока енергетска класа која ќе биде со ниска потрошувачка на ел.енергија и вода. Најдобри се машините со енергетска класа А. Секоја машина има податоци за енергетската ефикасност на перењето (од А до G ), како и ефикасноста на центруфугирањето (која зависи од бројот на вртежи). Заштита против излевање на вода е добредојдена ако во просторот каде што е сместена машината не постои сливник на подот. Ваков вид заштита имаат само поскапите модели, а цената на машината споредете ја со штетата што може да настане при излевање на водата. Дали машината е со полнење од предна страна или од горна страна? Кај нас најмногу се купуваат машини за перење, машини за сушење и машини за перење и сушење кои се полнат со алишта од предната страна. Сепак во различни европски земји односот е различен. На пр. во Франција се продаваат повеќе машини со горно полнење. Предности на машината за перење со горно полнење се: • Исти можности, како и другиот тип, а зафаќа помалку простор - широчините се следните : - кај машини за перење 40 cm - кај машини за сушење 45 cm - кај машини за перење и сушење 45 cm. Заштедата од 20 cm во однос на класичната машина која е широка 60 cm можат да значат многу, а особено во мал простор. • Доколку има тркалца олеснето е нејзиното преместување, како и чистењето на подот под неа. • Гумата која кај класичниот тип знае да попушти ја нема кај овој тип на машина - еден од честите дефекти кај класичните машини за перење е дефект на предната гума, кој се јавува поради дотраеност на гумата или оштетување од остар предмет. Ова може да доведе до дефект на виталните делови на машината. Кај машината за перење со горно полнење оваа гума не е потребна бидејќи машината се полни од горната страна. • Во тек на перењето може да додадеме некои алишта - кај класичната машина за перење ова не е можно, а според марфиевиот закон секогаш наоѓаме алишта за перење откога ќе ја вклучиме машината да пере. • Полесно ставање и вадење на алишта - повеќето луѓе кои ги пробале двата начина потврдиле дека е полесно ставање и вадење на алиштата кај машината со горно полнење. • Не доаѓаме во допир со врели површини Оваа карактеристика е важна поради сигурноста на децата бидејќи е можно да се допрат одредени делови од машината кои достигнуваат и до 90оС. Денес поновите класични машини имаат заштита со двојно стакло на вратата. Недостатоци на машината за перење со горно полнење : • Не може да се стави под ормарче поради отежнато и целосно оневозможено ракување • Не се гледа барабанот, па затоа во случај на неправилна работа не може да се види што се случува • Барабанот во машината не се позиционира на позиција во која може да ги вадиме алиштата - повеќето машини сеуште немаат функција за " позиционирање на барабанот ” што овозможува негово застанување во положба при која вратата е од горна страна. Во отсуство на оваа функција, барабанот рачно треба да се заврти за да вратата може да дојде во горна положба како би можеле да ја отвориме.
|
|
|
|