Еца -> Ситни играчки, подалеку од децата (5.7.2009 23:31:24)
|
Вдишуваат или голтаат се, од капачиња на пенкала, па се до копчиња. Најекстремниот случај датира од пред некое време, кога на едно двегодишно дете лекарите на Институтот за белодробни заболувања во Козле му извадиле ланче долго 18 сантиметра. Како причина се наведува невниманието на родителите, кога ги хранат или ги оставаат да си играат без надзор. „Децата немаат катници, не можат да ја соџвакаат убаво храната и таа несоџвакана во поголеми партикули често е вдишувана", изјави прим. д-р Љиљана Соколова, педијатар во Институтот за белодробни заболувања во Козле. „Сме имале случаи каде што и 22 парчиња од кикирики сме ваделе од двете страни на белите дробови - и лево и десно", рече Соколова. Туѓите тела од белите дробови се вадат со бронхоскопија, а најчести пациенти се децата до три години. Доколку навреме не се интервенира, последиците можат да бидат опасни, некогаш и фатални. Колку внимавате на играчките кои ги има вашето дете, и дали од нив може да падне некое ситно делче кое може да направи големи проблеми?
|
|
|
|