mami -> RE: Џепарлак за дете (21.1.2010 14:10:39)
|
Парите се нешто што го земаме здраво за готово, заборавајќи дека додека бевме мали воопшто не не интересираа тие размени на хартии и парички. Потрошувачкото друштво и самата околина им поставуваат како се поважна задача на родителите да ги научат своите деца како да управуваат со нив. Децата се помалку гледаат како се бројат пари и монети бидејќи сметките ги плаќаме преку интернет банкарство, парите доаѓаат од банкомат кога ке ни требаат, а во продавница плаќаме со картички. Сето тоа го зголемува нивото на детското неразбирање на поврзаноста на заработка и потрошувачка. Како што се смееме на славната изрека- Ако немаат леб, нека јадат колачи, така скоро и да нема родител кој не доживеал детето да му каже- Ако немаш пари, плати со картичка. И ние возрасните понекогаш така размислуваме па како не би и децата?! Разговарајте со детето за неговите потреби Баш заради тоа што децата веќе не гледаат дека за чоколадо треба да се избројат далеку помалку пари отколку за зимски капут, уште поважно е да се поттикне финансиската свест и одговорност кај нив. Нашите деца многу повеќе од нас ке работат со виртуелни пари, но и понатаму ке имаат само онолку колку што ке заработат, наследат, заштедат. Од 4 години детето може да ги разликува кованиците, па добра идеа е да го однесете во пекара или на пазар- малкуте места каде сеуште се користат парите. Детето ке биде гордо ако добие прилика заедно со вас да погледне во паричникот и да извади ситни пари за пециво или банани, па ке сфати и дека сите работи не чинат исто. Прашувајте го детето дали да купите банани или мандарини, за да сфати дека покрај броење, при плаќањето се донесуваат и одлуки што да се купи. Ако детето веќе го совладало броењето на пари, со тргнувањето на училиште можете да му воведете џепарлак и со тоа дел од одговорноста да префрлите на него. Висината на џепарлакот зависи од вашиот начин на живот, детската возраст , вашите можности. Главно е детето да сфати дека на почетокот на неделата добива одредена сума на пари со која треба да покрие некои свои потреби. Разговарајте со детето за неговите потреби- иако вие многу добро ги знаете, разговорот е потребен за да детето се оосвести дека воопшто има финансиски потреби. Детето ќе научи две важни лекции: парите од една страна служат за задоволување на секојдневните помали потреби па треба да се распореди внимателно, а од друга страна постојат и поголеми потреби, како и мали награди и се она што не ни е потребно но сепак од време на време си го дозволуваме: за тие потреби штедиме. Џепарлакот треба да се зголемува како расте детето Неделниот џепарлак е најдобар, бидејќи грижата за финансиите за цел месец е сепак претешка задача за дете. Не бидете престроги- на скоро секое дете ке му се случи првиот ден да го потроши целиот џепарлак, па останатиот дел од неделата ќе биде без пари. Како расте детето така се зголемуваат и потребите, но и способноста да се управува со парите, па зголемувајте го џепарлакот: дури и ужинката на училиште нека си ја плаќа од свои пари- ќе научи дека секој ден треба да тргна на страна пари за на крајот од месецот да плати за неа. Децата од мали имаат мобилни кои ако не служат за безвезни разговори и пораки се многу корисни. Ако купува кредит барем еднаш ке се залета и ке остане без импулси. Секако дека ке му позајмите за да може да си стави кредит и да ви се јави ако има потреба, но и тоа ке му го одбиете од следниот џепарлак. Како се осамостојува детето, се повеќе ќе биде одвоено од вас и со самото тоа ќе се наоѓа во ситуации да располага со пари. Вклучете го во плаќањето сметки, или за секој изнајмен фил од видеотека нека даде свој придонес. Нека учествува разговорите за тоа што ке се готви оваа недела и колку тоа ќе чини, кога ке купувате автомобил, кога за нешто ке се земе кредит, кога ке се купува на рати. Нека сфати дека штедењето е одлично, но и дека некогаш неможеме да за се да заштедиме па се зема кредит. Во одговорно разбирање на финансиите спаѓаат и одлуките за што ке се штеди а за што ке се крене кредит. Кредитите и кредитните картички не се најголемото зло на светот, но и не се вреќа без дно- се се тоа пари кои ќе мораме да го заработиме. Наградете го детето со пари или долго посакуван предмет кога ке постигне нешто многу важно. Додека не се осамостои, секогаш зборуваме за парите кои сте ги заработиле вие, но многу ке помогне ако дел од тоа му давате на вашето дете за да располага со него како со свое. Да се потсетиме дека малку постарите деца можат да заработат преку оние повремени работи како и ако дома завршат некоја работа за која обично плаќате некој друг да ја направи. текстот е малку долг, извинете, ама немаше како и што да се скрати[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]
|
|
|
|