profesorica -> RE: Оргазам- секогаш или? (12.11.2009 13:59:21)
|
Оргазам можеме да доживееме и во некои потполно неочекувани ситуации. Проверете кои. Оргазмот обично е врвот во сексуалниот однос или мастурбацијата. И мажите и жените го сакаат над се, затоа што значи најголемо задоволство. Но, постојат случаи кога оргазмот поради оваа или онаа причина доаѓа неочекувано, и тоа со тотална отсутност на било каква сексуална стимулација, или откако сексуалната стимулација завршила. Оргазмите од овој вид можат да претставуваат приличен стрес, затоа што доаѓаат од чиста мира, и кај мажите доста често вклучуваат и ејакулација. А сите претставници на машкиот пол сигурно можат да потврдат дека ејакулацијата може да биде навистина непријатна работа, ако на пример се случи таму кај сто најмалку ја очекуваме, и ако не сме спремни за неа. Под кои околности и зашто може да се случат различни неочекувани сексуални оргазми? Оргазам за време на доење Во една студија од 2000 година, дури 40% од жените кажале дека за време на доењето во некои моменти доживуваат сексуална возбуда. А меѓу нив имало 16% кои прилично често имаат такво искуство за време на доењето. Разбирливо е дека мајките кои дојат при тоа чувствуваат одредена доза на срам и непријатност, но чувствата од овој тип за време на доењета не се поврзани со непримерните чувства кон доенчето. Причината се крие во хормонот окситоцин. Хормонот окситоцин имено влијае на тоа да за време на стимулацијата на брадавиците за време на доењето се излачува млеко, а истовремено е поврзан и со грчењето на матката, како за времето на пораѓањето, така и за време на оргазмот, а се отпушта после доживеаниот оргазам. Спонтан оргазам Терминот на спонтан оргазам опишува редок попратен ефект што го имаат некои лекови, пред се оние кои се препишуваат за лечење на депресија. Оргазмот од овој вид доаѓа изненадно, без претходни сексуални стимулации, или некое време откако стимулацијата ќе заврши. Се разбира дека ваквите оргазми кои се случуваат во јавност се прилично непријатни, па дури и се познати случаи кога луѓе престанале да идат на работа поради тоа што на пример доживеале оргазам на службен состанок.
|
|
|
|