Felly RR -> RE: Ни се скрши топломер и живата истече (30.11.2011 9:10:14)
|
Еве еден водич од 11 чекори за чистење на истурена жива. ГО најдов на токсик.мк ☞1. Евакуирање на областа Отстранете ги сите од областа која е контаминирана и затворете ја вратата. Исклучете го внатрешниот вентилаципнен систем за да се избегне распрпстранување на живина пареа низ објектот. ☞2. Ставање маска за лице Со цел да се спречи дишењето на живина пареа, носете заштитна маска за лице. ☞3. Облекување стари алишта Преоблечете се во стари алишта и чевли, кпо ќе можат да бидат фрлени ако тие се загадат. ☞4. Отстранување на накитот Отстранете гп целиот накит од прстите и рацете, за да спречите живата да се комбинира со скапоцените метални предмети. ☞5. Носење ракавици Ставете гумени ракавици или латекс ракавици. Ако има било какви искршени парчиња од стакло или остри предмети, соберете ги внимателно. Ставете ги сите скршени предмети на хартијата. Свиткајте ја и ставете ја во кеса која може убаво да се затвори (пластична кеса со врвка). Врзете ја кесата и обележете ја дека содржи предмети загадени со жива. ☞6. Идентификување на површината Дрво, линолеум, плочки и други површини, можат лесно да се исчистат. Килим, завеси, тапацир или други слични површини не можат. Овие елементи треба да се фрлат во согласност со методот истакнат подплу. (За теписи,само загадениот дел треба да се исече и отстрани) ☞7. Наоѓање на зрнцата жива Лоцирајте ги сите метални зрнца, потоа внимателно употребете картон за да ги соберете. Користете бавни и сигурни движења за да се спречи случајно ширење на живата. Малите и тешко видливи зрнца може да се најдат со ламба: држете ја ниско вп близина на подот во затемнета соба и барајте дополнителни блескави зрнца на жива кои може да се залепени на површината или да се собрани во малите пукнатини на површината. Живата може да се движи низ изненадувачки долги патеки на тврди и рамни површини: не заборавајте внимателно да ја испитате целата соба. ☞8. Користете капалка за очи и леплива лента Користете капалка или шприц (без игла) за да ги соберете зрнцата од жива. Полека и внимателно пренесете ја живата во еден некршлив пластичен сад со херметички капак. Ставете го садот во кеса. Обележете ја кесата дека содржи елементи контаминирани со жива. Откакп ќе се птстранат погплемите зрна, користете леплива лента за да ги соберете тешко видливите зрнца. Сулфур во прав или цинк ја обпјува живата потемна при што и помалите зрнца можат да се видат. Бидете внимателни да не го вдишете правот, бидејќи може да биде слабо птрпвен. ☞9. Непрппустлива вреќа Ставете ги сите материјали кои се користат во текот на расчистувањето, вклучувајќи ги и ракавиците, во непрппустливи пластична кеса или сад. Залепете ја и означете ја. ☞10. Депонирање Контактирајте го Управителот на најблиската болница за безбедно одложување на отпадот загаден со жива. ☞11. Надвпрешна вентилација Чувајте ја загадената област вентилирана од надвпр (со отворени прозорци) најмалку 24 часа по своето успешно расчистување. Ако се јави некоја реакција, консултирајте се веднаш со медицинскп лице. Никогаш не користете правосмукалка за чистење жива: таа ќе испари од правосмукалката и со тоа драстично ќе се зголеми изложувањето на жива во областа.
|
|
|
|