RE: Мебел за дома (Целосна верзија)

Форум >> [Семеен живот] >> Наше секојдневие >> Дом



Порака


rina13 -> RE: Мебел за дома (14.6.2011 13:55:44)

kujnata e prekrasna obozavam crveno




Martins mom -> RE: Мебел за дома (14.6.2011 14:11:05)

Пепелашка, чиста 5-ка !! Со здравје да си ги користите и  ајде побрзо вселување во новата дома[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




penelopa -> RE: Мебел за дома (14.6.2011 14:53:44)

Се што е ново е убаво [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] со здравје да си користите Пепелашка.




bebe82 -> RE: Мебел за дома (14.6.2011 18:29:15)

pepelaska preubavo!!!!
so zdravje, ljubov i harmonija da si ziveete vo novoto i ubavo domce [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




mama26 -> RE: Мебел за дома (14.6.2011 18:32:08)

OOOOOOOOOO pepelaska jas ova sega gledam ajde cestito se sto ti e novo,super ti e uste posuper sto si e samo tvoe..uzivaj srcka[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




Snowhite RR -> RE: Мебел за дома (14.6.2011 18:56:02)

Пепелашка супер, посебно кујната ептен ми се бендиса, има многу елементи се да ти собери во неа, со здравје да си користите

За Форма нова(форма идеале), за гарнитурите не знам, кога купувавме ги гледав, беа многу ефтини, ама баш заради тоа ми беа сомнителни и не купивме од таму, а од таму си купивме трпезариска маса со столици и клуб маса и тоа ептен ефтино. И да ви кажам право јас воопшто не се замарам со тоа дали по извесно време ќе се расклати или не, за тие пари што ја зедов ако треба по 7-8 години ново ќе си купам, па нема цел живот исти работи да гледам.




mila mama -> RE: Мебел за дома (14.6.2011 19:15:31)

Pepelaska I kujnata I kupatiloto se mnogu ubavi! So zdravje da si se sluzite![sm=bravo.gif]




Pepelaska * -> RE: Мебел за дома (14.6.2011 23:12:44)

фала ви женски јас цел живот сакав црвена кујна ама на многумина не им се свиѓаше бојава, сепак си останав на моето и сега ми е убава,

Сноувајт може ли да ми кажеш цена на клуб масите како се движат таму знам дека има форма нова во Прилеп па да дојдиме барем да знам од прилика, а инаку имам познаници имаат витрини за дневна оттаму и задоволни се, сепак се е како ќе се погоди а и јас мсилам дека за парите вреди и да се смени после што дека ќе дадам еден тон пари па за 20 години ќе ми досади и сигурно ќе му помине модата[sm=smiley1.gif]




Maca25 -> RE: Мебел за дома (14.6.2011 23:20:06)

Пепелашка закон ви се и купатилото и кујната!!!!
Јас баш гледав во форма нова интересни комоди и тоа по смешна некоја цена. Може да отидеме викендов да видиме што има, па ќе се почастиме нешто од прва моја плата [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




Natuska85 -> RE: Мебел за дома (14.6.2011 23:22:24)

пепелашка форма нова имаат веб страна на нет, со цени мислам пиши на гугл со мак букви ке ти излезе,да не ја постирам тука,ќе се рачуна како реклама[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




Maca25 -> RE: Мебел за дома (14.6.2011 23:27:10)

Цени нема, ама има дел од производите на сајтот. Има интересни ствари. Сега баш мм се запна за една тв комода да сме ја купеле...ама уште утре [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




Тања РР -> RE: Мебел за дома (14.6.2011 23:39:15)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Felly

Со здравје да си ги користите.

Ние сакаме да го реновираме купатилото, и баш во истите бои, затоа ќе те прашував Пепелашка - На темните плочи не се познаваат капи од пареа?



Фели јас имам црни плочки во кујна, не се ништо поразлични од оние со друга боја во однос на чистењето и познавањето.




Pepelaska * -> RE: Мебел за дома (15.6.2011 9:06:07)

Има цени на каталогот[sm=smiley1.gif] и баш се евтини




Nadezna -> RE: Мебел за дома (15.6.2011 20:03:38)

Со здравје да се користи!!!!
Кујната е прва лига


ИЗВОРНА ПОРАКА: Pepelaska###

ај и јас да ви се пофалам со купатилото и кујната, кујната ни ја правеше мајстор а за купатилото си купивме од продавница ствари , нема ни марка ни ништо па ќе видиме како
[image]http://a3.sphotos.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-snc6/260587_10150327820337306_809382305_9792876_7177224_n.jpg[/image]
[image]http://a5.sphotos.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-snc6/260587_10150327820342306_809382305_9792877_863561_n.jpg[/image]
[image]http://a6.sphotos.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-snc6/260587_10150327820347306_809382305_9792878_4247592_n.jpg[/image]

[image]http://a4.sphotos.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-snc6/260587_10150327820352306_809382305_9792879_7439482_n.jpg[/image]


[image]http://a1.sphotos.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-snc6/260587_10150327820357306_809382305_9792880_474850_n.jpg[/image]

кујнава не е досредена уште треба да се става[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]







Snowhite RR -> RE: Мебел за дома (16.6.2011 15:48:42)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Pepelaska###

фала ви женски јас цел живот сакав црвена кујна ама на многумина не им се свиѓаше бојава, сепак си останав на моето и сега ми е убава,

Сноувајт може ли да ми кажеш цена на клуб масите како се движат таму знам дека има форма нова во Прилеп па да дојдиме барем да знам од прилика, а инаку имам познаници имаат витрини за дневна оттаму и задоволни се, сепак се е како ќе се погоди а и јас мсилам дека за парите вреди и да се смени после што дека ќе дадам еден тон пари па за 20 години ќе ми досади и сигурно ќе му помине модата[sm=smiley1.gif]


Епа ние масата трпезариската маса ја купивме 5 700 ден, а сега мислам дека истата е поефтина, а клуб масата 2 500, двете се ист модел да ни одговараат. Јас кога ја видов масата ептен ми се бендиса и мислев дека сега кога ќе прашам за цена ќе ми кажат некоја огромна и кога слушнав, не ми се веруваше и веднаш си порачавме. И плус многу добро се искантирани и до сега еве година и пол ја користиме и воопшто не е оштетена




Snowhite RR -> RE: Мебел за дома (16.6.2011 16:11:07)

еве овде можеш да видиш од прилика како изгледа клуб масата и трпезариската е во тој стил венге со една бела линија
П.С. Ако доаѓаш во Прилеп да кажиш да организираме средба




Tanjat7880 -> RE: Мебел за дома (25.6.2011 16:47:02)

Devojki,ke se podnovuvam so nov lezaj vo spalnata,od ona shto vidov najmnogu mi odgovara SIMPO i po cena i po kvalitet...ima nekoj iskustvo so novite kolekcii za ovoj proizvoditel?!




Slagjana -> RE: Мебел за дома (30.6.2011 15:18:45)

Tanjat, со лежај од Симпо немам искуство. Гарнитурата за седење од пред 6 години е супер. Уште е како нова. Ние планираме да купуваме тросед на спуштање од Форма Нова од пресован сунгер. Има ли некој искуство со нив?




Felly RR -> RE: Мебел за дома (1.7.2011 8:52:38)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite

Епа ние масата трпезариската маса ја купивме 5 700 ден, а сега мислам дека истата е поефтина, а клуб масата 2 500, двете се ист модел да ни одговараат. Јас кога ја видов масата ептен ми се бендиса и мислев дека сега кога ќе прашам за цена ќе ми кажат некоја огромна и кога слушнав, не ми се веруваше и веднаш си порачавме. И плус многу добро се искантирани и до сега еве година и пол ја користиме и воопшто не е оштетена



Snowhite, и јас ја бендисав истата маса, ама мм не можеш за ништо да го убедиш. Па дома сме имале маса од полно дрво, оваа била од некоја иверица, па неквалитетна, па не знам што. А ново си е ново, нели. Оваа што ја имаме е од пред 20 и кусур години, ама оди убеди го за нешто [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/hudicek1.gif[/image] Еве и за купатилото да го реновираме се договараме веќе 2 години[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image] Се надевам веќе конечно и тоа ќе се случи ова лето




zapce -> RE: Мебел за дома (19.7.2011 12:23:53)

Ке може ли некој да сподели свое искуство. Сакаме да купиме петтосед (аголан гарнитура) и се двоумиме гледавме една од пресуван сунгер и една со јога душек , па кажите ми ваше искуство, какви се вашите, кои се поквалитетни.
Однапред ви благодарам




dostickage -> RE: Мебел за дома (19.7.2011 12:26:49)

nie imame od simpo so jogi dusek i sme prezadovolni.
edinstveno sto ne sme zadovolni e od uslugata vo simpo sto mesto po 15 ni dostavija po 45 dena.navodno po greska mnoooogu neprofesionalni.
no so ogled na kvalitetot koj go dobivme i pokraj se pak ke kupuvam od tamu toa sto mi fali.




zapce -> RE: Мебел за дома (19.7.2011 12:43:41)

Ти благодарам Dostickage, на сопругот братучетка работи во Симпо и за совет ни вели дека јога душекот бил добар но да не се спие на неа, ние и немаме намера да спиеме на неа, бар сега за сега, а за зимото не знам, обицно со Матеј спијам во дневна.




Maca25 -> RE: Мебел за дома (10.8.2011 15:32:47)

еве некоја фотка од убави спални соби. сите се различен стил, но преубави се


п.с. нема слики, не се лепат [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




Felly RR -> RE: Мебел за дома (10.8.2011 16:57:03)

Дали некој има искуство со Feder Bаu душеци? Прилично се ефтини, а продавачката многу ги испофали: македонски производ, а биле за швајцарски пазар(мислам тоа нормално дека ќе ги фали[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] затоа јас си прашувам овде) . Јас немав слушнато до сега, ако некој има користено вакви душеци нека пише искуство.




mila mama -> RE: Мебел за дома (15.10.2011 16:09:24)

Не знам дали имаме посебна тема, но ајде РР-ки ве молам, помагајте, каде да најдам убава постелнина за дома-чаршави, навлаки за перници и ќебиња? Убави, квалитетни - “пери, спростри“ [sm=smiley36.gif]




Страница: <<   < Претходна страница  1 2 [3] 4 5   Следна страница >   >>