родено бебе- хермафродит (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Разговори за се и сешто



Порака


mami -> родено бебе- хермафродит (7.7.2009 9:51:11)

Лекарите во Москва се наоѓаат пред огромна дилема- да го направат момче или девојче? Родителите на необичното бебе не планираат да се мешаат во одлуката на лекарите. Младиот пар само го моли Бога да биде донесена правилната одлука и да се спаси животот на нивното чедо.
Бебето Во семејството на Сергеј и Оља Д. малечкото било долго посакувано и чекано. Идниот татко блескал од радост кога дознал дека неговата сопруга е конечно бремена. Бременоста на 20годишната Оља била мирна и здрава. Младата жена до последниот ден одела на работа. За идните родители полот на бебето не бил важен. Оља специјално ги молела докторите да не и кажуваат што е. Сакале да биде изненадување. Малото се родило на време. Оља се расплакала кога го слушнала неговиот прв плач. Но не можела да сфати зошто не и го даваат да го види. После неколку часа кај неа дошла докторка која и објаснила дека Оља родила хермафродит. Бебето има и машки и женски полов орган. Лекарите велат дека бебето е половина машко, а половина женско- раскажува Сергеј- Тој може да се развие како во девојче така и во момче. Шансите се 50-50.

Експертиза Неколку дена по породувањето Оља е отпуштена од болница, а малечкото е преместено во Тушинската болница на одделението на патологија. Докторите чекаат на резултатите од генетската експертиза, а родителите се молат тие да ја направат вистинската одлука. Во овој случај само генетичарите можат да кажат кон што е посклон организмот-за женско или машко- се обидува да објасни младиот татко- ние ке го сакаме исто без разлика на полот. Според специјалистите во дадениот случај од особена важност е да не се згреши со генетската предиспозиција на организмот. Операцијата за оформувањето на полот е веќе само дело на техника. Не се ретки случаевите кога детето хермафродит се воспитува како момче а како тинејџер да почне да се чувствува како девојче- вели едене од докторите задолжени за случајот- За жал во медицината при изборот на полот најголема улога игра не тоа што е најдобро за бебето, туку како да се направи попроста операција.




mami -> RE: родено бебе- хермафродит (12.1.2010 12:24:31)

Се почесто во светот се појавуваат тенисери и атлетичари за кои се тврди дека се родени како хермафродити. Како вие би изреагирале ако вашето бебе е хермафродит?




arh_diz -> RE: родено бебе- хермафродит (12.1.2010 12:30:32)

Navistina strasno . No mislam deka najvazno e da e zivo i zdravo ponataka da nema nikakvi posledici po zdravjeto. Ima luge koi namerno go menuvaat svojot pol. A ova e bozja volja protiv nego nisto ne mozeme . Samo da se molime kakov i da ima pol bebeto da e super so nego




Rossana -> RE: родено бебе- хермафродит (12.4.2010 19:06:19)

Ah dusicka... Nemozam ni da zamislam kako im e na roditlite... kutrite tie...

Mami imas li uste podatoci za slucajov, gledam od Juli e otvorena temava? Sto se slucilo ponatamu? Operirano li e bebeto? [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image]




Mihaela 2010 -> RE: родено бебе- хермафродит (30.11.2013 10:47:57)


На Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје во текот на изминатата година се родиле 4 бебиња без јасни полово дефинирани гениталии.

На оваа скопска клиника велат дека податоците покажуваат дека и во претходните години се родиле во просек по две до три деца со недоволно јасни полови карактеристики, но дека има и такви бебиња што ги имаат и двата пола (хермафродити).

Бебињата со вакви малформации, како што ни објаснија на Клиниката за гинекологија, во регистарот се заведуваат како новороденчиња. На ова најчесто стасувале реакции од МВР - зошто на новороденото бебе не му е заведен полот?

„Сега веќе немаме такви проблеми. И во МВР знаат дека бебињата со недоволно јасни полови карактеристики ги заведуваме како новороденчиња“, велат на Клиниката за гинекологија.

извор: мкд.мк




Страница: [1]