Bitolcanka -> RE: Каде за 1мај? (1.5.2010 19:37:43)
|
Со дечкото, друштво - 2 парови и нивните дечиња бевме Братиндол - на ливада, но можам слободно да кажам, во никој случај не може да се спореди со нашиот Пелистер. Ја нема таа природа, трева, убавина, ладовина, чист планиски воздух ... Се испековме ко гуштери сите во лицата, а згора на се 1 другар на дечкото (подари дејството на алкохолот) без прекин, како навиен [sm=jezicek.gif] повторуваше дека денес со другар му - дечко ми, ќе дојделе кај мене да ме побараат од моите [sm=jezicek.gif] и ако мојот се решел ќе му поклонел 500 евра. На почеток не можев да го слушам, како мелница беше, или, подобро кажано како да имаше голтнато лента [sm=jezicek.gif] но потоа почнав да се смеам, премногу смешно изгледаше, дури и очајно. Како велат - И будалиот бега од пијаниот. Со пијан човек не се фаќа работа [sm=jezicek.gif] [sm=jezicek.gif] [sm=jezicek.gif] Се' на се' беше убаво, летни температури, луѓе, околу нас сите средношколци (ние им бевме најстари [sm=jezicek.gif] ), пееја на инстурмент што е како инка (не знам тошно како се вика, како за разгласување), имаше тапани, музика, ора ... [sm=smiley1.gif] Другар му на дечкото толку многу беше занесен и влезен во филм дека денес ќе го жени другар му што му рече на дечкото што пееше да ја запее " Черешна се од корен корнеше". Јас слушав и не знаев дали да [sm=smiley19.gif] или да се [sm=jezicek.gif]
|
|
|
|