Neurotoxin RR -> RE: Болести во бременоста (2.3.2015 3:15:32)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: Буце Здраво сегашни и идни мамички Едно прашање, ме интересира вашето искуство доколку некоја од вас го имала. Во 6-та недела од бременост имав контакт со дете кое наредниот ден се утврди дека имало варичела т.е. големи сипаници (се исфрла) Би напоменала дека ги имам прележано уште како дете. Му се јавив на на мат.гин. ми рече дека штом сум ги прележала нема проблем, го имам имунитетот. Се консултирав и со д-р од Гинекологија (клиника) истиот одговор ми беше даден и од таму. Меѓутоа кога отидов кај мат.гин. за да се видам со него ми рече дека ќе направивме испитување (Igg Igm) ми даде упат за Институт за јавно здравје. Таму наодот ми беше зголемени и Igg и Igm. Тогаш почнаа нервозите. Мати.гин. ми вели да прекинам со бременоста истото ми го рече и на клиника д-рот. се консултирав со резултатот и со д-р од Систина и д-р од Инфективна кои ми рекоа дека резултатот не може да е валиден во овој облик. Во меѓувреме направиви дополнителни испитувања и на Инфективна и во Адриалаб и таму излезе негативен за нова инфекција а позитивен за антитела (дека имам прележано). Од контактот со детето до денес има поминато 3,5 недели, немам никакви проблеми кои би биле симптоми на присуство на варичела (големи сипаници). Сега го чекам резултатото од Институт од јавно здравје каде решив да го повторам, требаше да биде готов до петок , но ми рекоа дека ќе треба да почекам затоа што немале реагенси. Слушам разни совети и гласини (демек стари им биле реагенсисте, не користеле прецизна метода и ред други работи) Ве молам за ваше искуство. Благодарам Збунета сум и успаничена :( Значи испитувањата за едните имуноглобулини се дали имаш стара инфекција односно траен имунитет, а другите имуноглобулини кажуваат дали имаш нова инфекција. Ако наодите се точни тогаш го имаш вирусот, но читајќи и од искуство до сега, многу мајки во твои ситуации си ги лечеле поголемките дечиња од сипаници, и нив доктори им кажувале се и сешто, па се наоѓал некој, поискусен лекар да им каже дека нивниот имунитет го штити бебебто. Секако постои ризик но сметам дека не доволен за да се прекине бременост. Консултирај се со малку повозрасни гинеколози, со поискусни, распрашај се кои се испитувања да ги правиш, а она со прекин на бременост заборави го сега за сега, зашто ќе си направиш компликации од стрес, а не од нешто што мислиш дека ќе наштети а во голем број случаеви не неаштетило
|
|
|
|