RE: Анксиозност (Целосна верзија)

Форум >> [Семеен живот] >> Семејно здравје



Порака


Hopeful RR -> RE: Анксиозност (20.7.2015 19:54:27)

гина, како што гледам, анксиозноста е пропратен дел од промените во животот, посебно кога се толку големи како добивање бебе... Но, ќе се снајдеш, ич да не се секираш. Природно е тоа, инстинкт, ќе видиш.
И кај нас е исто - мм мораше од одма да поминува долги часови на работа, со патувања и преспивања надвор, и јас седев сама со бебињата. Уште е така, и немам гајле. Читав на нет дека подобро е да седиш сама со бебето во прво време за да си се запознаете и да направиш ти твој ред, отколку со некој друг. Мене уште на почетокот, при првата прилика кога мм требаше да отпатува, ми се понуди свекрва ми да преспие, ама без размислување одбив, не гледам потреба за такво нешто. Инаку, ич не се замарај за тоа 40 дена правило, слободно излези си, баш ти е гајле кој што ќе каже. Мора да излегуваш, сама или со бебето, инаку ќе се мрднеш, верувај ми.

Мене па ме заморува присуство на други луѓе сега околу нас четворица и тоа ми е причина за нова анксиозност, што да ви кажам. Дури ми пречи кога мајка ми и свекрва ми по цели денови седат тука, и не прават ништо реално - тешката работа е во хранењето, а тоа не може никој друг да го прави освен мене, и неспиењето, што произлегува оттука. Како интроверт, и подобро ми е без многу луѓе.




gina -> RE: Анксиозност (20.7.2015 20:52:26)

i jas nesakam mnogu da se tuka svekrvami i majkami svekravami ide samo go kape dodeka da zakrepna imam nesvestici hemoglobiot mi e mnogu padnat, majkami ce dojde ce posedi da ne vidi i si odi nemozat da mi go na cicat a za da izlezam nema na kogo da go ostavam svekrvami e zafatena a i bebusot ne se iznesuva do 40 dena i taka da ce se mrdnam




Hopeful RR -> RE: Анксиозност (20.7.2015 20:55:15)

Ама зошто да не излезете, побогу? Се изнесува бебе, како го донесе дома? Како го носиш на педијатар? Озбилно ти зборам, излезете, ова нас докторите во болница ни го советуваа. Ние ги изнесовме во парк на нивни 9 или 10 дена и ништо не им стана. Нека поседи мајка ти со бебето, ако не, ти прошетај.
А за бањањето, мислам дека и тоа треба ти да го правиш, тоа е твоја работа, твоја интима со син ти. Не ги давај овие убави моменти, бебето одма расте и ќе ти фалат. Јас не дадов ниеднаш некој друг да ми ги избања, кој сака нека се лути. И мајка ми, и свекрва ми, може да седат покрај мене да помогнат, демек заедно ги бањаме, ама без мене - не.




Melanija RR -> RE: Анксиозност (21.7.2015 0:36:23)


ИЗВОРНА ПОРАКА: LoveableMe RR

Мене стручна помош ми помогна еден период, но потоа сфаќаш дека не можеш да акаш по лекари цело време и дека мораш сама да се избориш со тоа, дишењето помага, а особено спортска активност или шетање во природа и гледање во зелена боја, зеленило...

Викаат дека исчезнува кога ќе се роди дете, или ќе се надмине причината, но јас мислам дека паничните стравови за едно или друго остануваат тука цел живот.....



Ова е се точно ,го знам о дблиска личност која одеше кај психолог. Тоа се некои стравови или трауми од живото, се се пренесува па при голема промена или настан аксиозноста се активира.Детето носи и други стравови/грижи. Работата е да се најде баланс да не се ,,излуди,, во ова секојдневие.

ginaзатвореноста во просторот ја зголемува аксиозноста.Кога ќе спие бебето викни некого д абиде покрај него ти излези,сврти некое кругче, седи на клупа покрај зеленило,во двор ако имаш и сл/




LoveableMe RR -> RE: Анксиозност (21.7.2015 10:36:27)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful RR

..............Него, Loveable Me, што е со хеликобактерот? Јас со години го имав, зарем има поврзаност?! Инаку, добро што спомна спортска активност - и тоа ми помогна во голем дел. Друго е кога ќе се изнавежбаш, кога ќе се напнеш физички, проработуваат некои механизми па навистина се чистат мислите, плус чувството дека сме направиле нешто за себе...


Кај нас многу не се испитуваат, но со хеликобактерот пропратно имаме и други специфични паразити и bugs и покрај решавање на хеликобактерот, тие сеуште се во организмот, прават беља анксиозност, замор и сл. знам во САД прават дополнителни испитувања за целосно решавање на проблемот.

Да, вежбање спортска активност помага, но сепак проблемот е во главата и оттаму треба да се реши, поточно сами да решиме дека е доста и да продолжиме понатаму, но токму тој дел најтешко се средува..реков, можеби ќе се ублажи со раѓање на дете, но сепак панични стравови леле, дали добро сум со бебњето, дали добро го хранам, дали ова, дали она...остануваат цел живот...





blue_blue -> RE: Анксиозност (21.7.2015 11:12:45)

gina, Прво четитки за синот најголеми!!!! Ти си жена борец која храбро и без откажување го изоди патов до крај...верувај ако си имала сила, храброст и упорност да издржиш илјада лекарски прегледи, болнички ходници, секакви коси и чудни погледи и глупи коментари од луѓе секако си способна да ги задоволиш физиолошките потреби на бебето. Зарем има здраво на време родено бебе кое не напредувало? Треба малку време и малку пратење на сигналите на бебето и сама ќе знаеш кога му се јаде, колку му се јаде, дал е нацинано или не...Ќе почеш и да разликуваш за што кенка, кога плаче дал плаче од што е гладно или не....секоја здрава права мајка успеала да ги задоволи физиолошките потреби на бебето и секако тоа ќе ти успее и тебе...Не запаѓај во состојби на депшресија дека не знаеш како со бебето...знаеш ти најдобро! И твоето бебе ќе порасне затоа што е сакано и затоа што си ти грижлива мајка...Она што треба да се обидеш да направиш како што ти кажаа и погоре е да ги организираш работите како ти одговара и да си дозволиш на себе да почнеш да уживаш во мајчинството...Сите сме имале кризи и сме се прашувале дал сме добври мајки...Јас сеуште се прашувам и сеуште кога ќе повишам тон или за глупост ќе ги скарам се јадосувам и си викам дека сум најлоша мајка на свет. Да не звучам како баба, ама чувај си го мирот зошто со деца само позахтевни периоди доаѓаат. Првите години можеби се физички напорни, но потоа доаѓа период во кој постојано се вложуваш психички, да објаснуваш, да воспитуваш, да насочуваш...а за тоа требаат коњски нерви и многу здрава, позитивна енергија...Овој период на прилагодување ќе помине брзо, детето ќе фати некој ред, ти ќе му ги научиш навиките...И јас не би се замарала со тоа што мислат луѓето - ако ми се ислегува на кратко со бебето ќе излезам...ќе излезам и без него на 1 час ако се осеќам физички спремна и ич нема да мислам дека сум лоша мајка дека сум го оставила на друг да го причува зошто мојот мир секако му е потребен на моето дете...Чувај се и верувај се ќе биде сосем добро, можеш ти бе проблем да го минеш периодов




gina -> RE: Анксиозност (21.7.2015 14:00:21)

fala devojki na ubavite soveti i podrska mnogu mi znaci sto ste so mene [sm=smiley31.gif]




mommy_angels RR -> RE: Анксиозност (21.7.2015 17:21:03)


ИЗВОРНА ПОРАКА: gina

lele devojki kako jas da sum pisuvala jas godini se boram so toa i i odev na psihijatar ama kaj nes nema nekoj takov te pravat budala no koga bev vo skopje pred ivf na psiholog samo so eden razgovor mi dojde poinaku no sekokao ne e dovolno samo ednas od segokas sum se plasela da komuniciram so drugi lugje i na uciliste bev povlecena i da znaev nesto nikogas ne krevav raka da odgovaram no koga dojde borbata so sterilitet kako lavica se borev se javuvav, barav doktori, mislenja drugi, sekakvi ispituvanja iako bese mnogu tezok period od 7 god. imav sutuacii kade sto sakav da zavrsi mojot zivot itn. ne me smiruvaa ni diazepami ni nisto, tesko disenje , srce lupanje i se samo na loso mislam ako se trgne na pat da ne ni se slici nesto soobrakajki ili pak na moite blizni nemam da spijam dodeka ne se vratat
i eve denes koga stanav majka jas namesto da bidam najsrekna jas pak imam paniki nespijam duri i koga bebceto spie srceto mi lupa denes si placev za nisto si vikam sto ce pravam mm koga ce pocne na rabota,denes bese izlezen a jas se skapav od placenje kako ce se snajdam sama pa koga ce odi na teren edna nedela samo tamu mi e pametot sto ce pravam togas pak kaj nas ne se izleguva od doma 40 dena kako vo zatvor se custvuvam nemozam da izdrzam mi ide da izbegam a toj mi dava podrska deka ova go posakuvavme ce pomine ova ce se navikneme a jas kako skrenata nekoja sum pa ponekogas sum pozitivna i togas imam energja ama poveceto sum depresivna sto mnogu mi e krivo sto e taka[sm=smiley19.gif]

Ајде сега вака,Гина душо,прво милион гушки и бакнежи за бебушот.А друго што многу ме налути е твојот муабет "кај нас не се излегува до 40 дена".Жено,мајко,каде е тоа кај нас??? Земи дете и приквечер изнеси го надвор.Верувај ова и тебе многу ќе те смири и расположи.Твоето затварање дома и зуење во уши од домашните што и како му фали на бебето,те доведува до лудило.Облечи дете лесно,среди се малце и излези на прошетка со маж ти.Макар и пола саат.Ова ќе направи да се смириш многу и да се почувствуваш убаво ти,па со тоа и ќе имаш повеќе нерви за обврските со бебето.Сето ова што ти го поминуваш,сме го поминале сите ние.Разликата е само во тоа што некои од нас решиле да го прават тоа што мислат дека е добро за себе и бебе,а другите се држат до апсурдите на традицијата.Со време се ќе си дојде на свое место,а ти треба да си задржиш здрав разум.Јас вака би си рекла-"Се борев лавовски за тебе,сега заслужувам да уживам во секој миг",а солењето памет по дома фино лепо исклучи го-Кучињата си лаат,караванот си врви [sm=smiley36.gif]




gina -> RE: Анксиозност (22.7.2015 20:08:38)

fala vi devojki ete denes malku izlego do prodavnica mm go cuvase bebeto jas napazariv zedov vozduh i ubavo mi dojde[sm=smiley31.gif]




lukajana RR -> RE: Анксиозност (21.1.2016 18:41:51)

Денес на Рингераја е објавена многу убава Статија на тема Анксиозност прочитајте ја многу е мотивирачка.
Може и да ја продискутираме малку




jana mk -> RE: Анксиозност (8.2.2016 1:00:14)

Eve me i mene posle bas dolgo vreme ,uste sum pod terapija i nema sansi da ja ostavam bez nea nemam zivot ama napraviv krupen cekor se preseliv lani na 2300 km od mk so moeto semejstvo jas maz mi i deteto i tuka sum na terapija ne ja ostavam zivotot mi se promeni za 360 veslam nekako i se boram ko lav daleku sum od dobra ama mora da se borime ...ve pozdravuvam site imam i svoja grupa na faceebokk se vika anksioznost 24 casa pomos ako sakate da se druzime pocesto povelete i tamu grupata e zatvorena i funkcionirame kako semejstvo kako ste vie pisete koga imate vreme pozzz




AnnaMolly RR -> RE: Анксиозност (8.2.2016 9:36:10)

jana mk мило ми е што се справуваш, и јас секојдневно се борам и се справувам со анксиозноста. Има одлични денови, има никакви денови...
Како што рече ти, мора да се бориме како лавови, односно лавици во нашиов случај :)




LoveableMe RR -> RE: Анксиозност (8.2.2016 9:47:59)

Јана мк, те поздравувам и навистина ти посакувам побрзо да се справиш со анксиозноста и да продолжиш со нормален живот. Си размислувала ли да се обратиш кај нутрициониост? Некогаш со соодветен баланс во исхраната може да се подобри ситуацијата, не чини ништо да се проба, не викам дека 100% ќе помогне, но сигурно ќе придонесе за ублажување на состојбата.

Нутриционистите знаат што му треба да организмот во таква состојба и даваат соодветна доза на исхрана и витамини за подобрување на состојбата. Не е лесно, но знај не си сама, има многу луѓе на овој свет што се борат со анксиозност, а со овој динамичен живот, се повеќе и повеќе луѓе ќе се борат со овој проблем. Среќно, пишувај ни!




yana147 -> RE: Анксиозност (23.6.2017 10:32:32)

zdravo devojki jas sum preplasena povremeno imam bolki vo zeludnikot i povemeno diarea bolkata e vo gorniot del od stomakot pod gradniot kos doktorive vikaat na psihicka baza bilo aj jas nemozam da im dokazam deka stvarno imam bolki dodeka ne se napijam apce ne pominuvaat [sm=smiley19.gif]Veke dosadna sum i na lekrite imal li nekoj vakva maka mnogu mi strav da ne e nesto strasno imam kerkicka od 3 godini sakam da ja gledam kako raste [sm=smiley19.gif]




Палешка РР -> RE: Анксиозност (25.6.2017 8:24:45)

yana147, дали си била на ехо преглед на стомак? Ако не, побарај си упат за преглед. Како што раскажуваш тоа ми личи на болки во желудникот. Не е ништо страшно само треба многу да внимаваш на исхраната, да не јадеш тестенини и топол леб, грав, зелка и многу масно месо. Биди извесно време на диета додека појдеш на преглед. Ќе се смири и не е ништо страшно, не се плаши. Ти посакувам побрзо оздравување.




Страница: <<   < Претходна страница  1 2 3 [4]