mila28 -> RE: Исхрана на децата во лето (22.6.2013 13:38:27)
|
Исто и кај моето(18 м) нема некоја драстична промена во однос на јадењето, апетитот е тој. Шопска обожава [sm=smiley1.gif] му сецкам краставичка, домат без лушпа, пиперка и моцарела на парчиња со малку маслиново и ужива да ги боцка со виљувче , најверојатно дека не гледа нас, ние горе доле секој ден јадеме шопска или рендан морков со цвекло. Исто овошни салати сака, што и да е само да го оставиш сам да јаде ќе јаде, ако пробам јас да му дадам нема шанси. Сега ни се фаворит цреши и праски [sm=smiley1.gif] Е да и сладолед одвреме навреме давам обичен млечен сладолед на стапче. Сокови природно цедени редовно пие и зимно и летно време нема некоја промена. Вода исто ни е незаменлива(му стиснувам по неколку капки лимон или портокал) Од секогаш пиел многу вода, а сега со горештиниве уште повеќе. Избегавам да му давам пржена и зачинета храна, гледам јогурт секој ден да пие(млеко не пие) месо 2-3 пати неделно-телешко и риба лосос исто 1-2 пати недлно обавезно, Супи варам 2-3 пати неделно или со мешан зеленчук или пак со кнедли со гриз и јајца, бидејќи е 300 на саат и огладнува на секој 1:30-2 саати па постојано мора да имам нешто брзо а здраво.
|
|
|
|