vezilka RR -> RE: Во потрага по Везилка (1.5.2010 23:56:27)
|
Ох, души мои мили, и не знаете колку ми недостигате..Се надевам сите ве наоѓам во добро расположение и здравје. Јас денес прв пат искачам у цивилизација..ако може така да се каже за едни гости до кај сестра ми на 10 мин. од кај мене. А јас не знам дали сум добра. Така од време на време си крварам по малку и си паничам. И бидејќи сум затвотена дома во 4 ѕида, без нет и плус со свекрва ми по цел ден, знам да западнам во тешка депресија.Иначе со бебето е се во ред, тоа сега за сега нормално си се развива и си расте. Имам уште 2 недели до крај на 12 недела и според докторот, после ќе биде по релаксирано. Наводно после ќе се намали или скроз ќе исчезне цистата од која се појавува крварењето. Се надевам дека стварно ќе биде така оти едвај издржувам. Само таа мисла дека бебето е во ред ме теши и ми дава сила. Многу ве гушкам сите и многу ми недостигате. Не знам кога ќе можам пак да ви пишам, се надевам за едно две-три недели :)
|
|
|
|