|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2 3 4   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Дефектолог
30.4.2010 21:57:56   
bucko 1
me interesira dali ima nekoj defektolozi ili logopedi kaj nas koj rabotat so deca koi imaat nekakva sostojba od autisticniot spektar i dali nekoj od niv ima nekoj kurs da receme od programite ABA,Floor time,PECKS itn. ?

< Поракaта ја уредил Mila na mama -- 30.4.2010 22:09:23 >
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Дефектолог
3.5.2010 22:36:01   
lidijas
Bucko 1, edna moja drugarka e defektolog i znam deka dva pati vo nedelata odi vo Montesori centar vo Kapistec, ako te
interesira da ja prasam za toj centar a ke prasam i za logoped.

(Одговор на членот bucko 1)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Дефектолог
4.5.2010 11:31:37   
bucko 1
lidijas slobodno prasaj ja ,a i dokolku ne znae za ovie programi ubavo e da imame defektolog na forumov koga ke ima vreme da odgovara na prasanja od roditelite.normalno ako ima vreme da izdvoi.jas nikako uste da najdam preveduvac,a i slabo imam pobarano sekoj den nesto ima da se pravi ama ke najdam nekoj.blagodaram odnapred za zalozbatauser posted image

(Одговор на членот lidijas)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Дефектолог
12.5.2010 12:35:24   
bucko 1
steta samo na televizija izgleda imame defektolozi koi baraat vrabotuvanje? user posted image  vaka vo javnost za pomos izgleda gi nema.zaklucok tesko na decata na koj treba da im pomognat.

(Одговор на членот bucko 1)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Дефектолог
12.5.2010 13:23:13   
zami
bucko 1, za programite za vezbanje imas poveke vo forumot za autisticni deca, na forumot ima eden logoped, ^sara^, ama ne e od skopje, vo skopje jas znam za barem eden logoped koj raboti privatno i ima svoe uciliste vo Vlae, ako toa ti pomaga kazi mi pa ke ti najdam telefon.

_____________________________

Allways look on the bright side of life!

(Одговор на членот bucko 1)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Дефектолог
12.5.2010 13:53:08   
bucko 1
zami jas postiram na temata deca so autizam i tamu seuste nema programi za rabotenje od strana na roditelite barem so nekoj od ovie pogore spomenati programi.ako mozes najdi broj od logopedot i prati mi go na pp da se cujam da vidam sto raboti.i veruvaj od fakulteto za defektologija moze 50 studenti izleguvaat sekoja godina ama ne mi e jasno kaj odat tie luge.blagodaram za zalozbata.

(Одговор на членот zami)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Дефектолог
14.5.2010 21:20:05   
bucko 1
eve za nasite strucnjaci malku edukacija ne znam dali nekoj vo ovaa nasa drzava moze da se osvesti se dodeka ne oset_i na svoja koza?

КЛИКНИ ОВДЕ


zami na brojot koj mi go dade celo vreme e nedostapen logopedot

< Поракaта ја уредил nadica -- 15.5.2010 16:21:55 >

(Одговор на членот bucko 1)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Дефектолог
23.6.2010 23:57:38   
bucko 1
life eve edno prasanje odma do tebe
koe e nedelnoto vreme koe treba da go ostvari edno predskoslko dete so autisticen spektar vo domenot na negovata edukacija ,potocno rabota so defektolog i logoped?

(Одговор на членот bucko 1)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Дефектолог
24.6.2010 19:07:19   
Life
Поздрав до сите и благодарам за топлото добредојде.
Благодарам за предлогот на буцко да ме барате на рубриката дефектолог, секако дека ќе бидам тука, но сепак ќе ја следам и  рубриката за аутизам како моја потесна специјалност и инклузијата како дел од мојот работен ангажман.
Значи прво пишувајте на дефектолог, но ќе се вклучувам и на останатите горенаведени.
Најпрво забележувам дека како родители сте многу информирани и следите се што се случува на полето на можност за решавање/олеснување на вашиот проблем, што е за поздравување. Знаете се што (не)се случува кај нас и во светот, пратите, клипови, новости, методи,....user posted image
Но, моја препорака е: Родители погледнете ги вашите деца, следете ги 1-2 часа и одлучете: Што јас сакам од моето дете? Кој е мојот план со него? До каде мислам дека може/треба да дојде?
Истото напишете го во 9 реченици.(Треба да го содржат периодот од сега па до максимумот на постигнување)

Скријте го листот хартија, размислувајте на она што сте го напишале, ако има нешто за промена слободно променете и пак скријте го, ако има за промени, пак направете го тоа. И дури после 5 дена отворете го, конечно.Проверете го и ако и тогаш се согласувате. Искуцајте го со големи букви.....и тоа ќе биде вашата агенда, правец, насока, НО, најважно од се, и појдовна точка, бидејќи вашето дете, ве уверувам дека ќе постигне повеќе од тоа.

Потоа, истото направете го по области(што мислите дека вашето дете може/треба да постигне, максимално) во областа на:
-образованието,
-емоционалниот статус,
-социјализацијата,
-психомоториката,
-комуникацијата и говорот,
-самопослужувањето.

Тогаш, разберете: Вие конечно имате агенда, план, правец, стратегија за вашето дете.Тогаш можете гордо да му пријдете на секој стручњак кој сакате да работи со вашето дете.Тогаш знаете што правите. .....и уште ако имате покрај себе некој дефектолог со малку повеќе искуство со кој заедно би ја евалуирале вашата агенда- дали држи, и ако ја потврдите. ВИЕ СТЕ НА САМИОТ ПОЧЕТОК, НО НА ВИСТИНСКИОТ ПАТ!

Заборавете ги клиповите од интернет, сликите, рекла казала, „сите стручњаци“ кои држат семинари............................и.т.н.

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:Нели имате чувство, понекогаш дека , вака, вие сте во поголема конфузија, отколку вашите деца? Дека вие барате, барате, барате....но сето тоа на вашето дете не му треба, и дека за многу малку време губите многу енергија. Преку размената на материјалите нема да можете многу да си помогнете, оти, знаете....на светот не постојат 2 исти деца со аутизам. Затоа прво погледнете ги своите деца, направете ја агендата, а после ќе дојде време кога ќе се дружите и ќе се запознаете како родители меѓусебе.
Не велам дека не треба да сте на форумот, напротив, правете го за почеток горенаведеното, па потоа разменувајте за истото. А, потоа размерот на она што ќе го правите ќе го проширувате....постепено. Понатака ќе зборуваме за тоа.

МОЖЕБИ:сега ви е малку конфузно и чудно, но навистина сакам да ви помогнам, и да се соберете и соземете, бидејќи вашите деца чекаат на вас. За сите следни чекори и фази и потфази ви стојам на големо располагање.user posted image

(Одговор на членот bucko 1)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Дефектолог
24.6.2010 19:26:56   
Life
Здраво Bucko 1,

одговор на твоето прашање: Ако те разбрав добро, ме прашуваш, колку пати неделно треба детето со аутизам да посетува дефектолог и логопед, а воедно и колкав период?
- Јас ве прашувам сите: А, колку пати дневно/неделно ние треба да јадеме?

Родители, децата со аутизам се гладни! Гладни се за осознавање на се она што се случува околу нив. Следат се што се случува, но, неможат да ја разберат поентата, поврзаноста и причината, анализата и синтезата на податоците. Единствениот пат кон тоа им се добриот дефектолог и добриот логопед. Значи, ако нам, за да функционираме, ни е потребна конекција со опкружувањето нон-стоп, ним дефектолог и логопед им треба исто толку.


Во услови на инклузија на дете со аутизам во редовно образование, дефектолог и логопед се препорачува, секој ден пред или после „редовната настава“, а за другите категории на деца со П.П.формата е поразлична во зависност од категоријата и степенот.
За дете на предучилишна возраст се препорачува исто толку, но сега со зголемено времетраење на третман (до 2 часа, движејќи се од адаптација до максимумот на третманот).
Дефектологот и логопедот, мора да го запознаат детето, и обратно. Да создадат меѓусебен флуид и доверба. Тие да ја знаат вашата агенда, да ја поддржат и да работат на неа.

Трипати неделно посета на дефектолог и логопед е премалку, (во рамките на можностите)но ако е редовно е добро.
„Мобилен дефектолог“?!user posted image простете, но за мене е просто неприфатливо (глупост).user posted image


< Поракaта ја уредил Life -- 24.6.2010 19:33:59 >

(Одговор на членот Life)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Дефектолог
25.6.2010 18:02:14   
beki RR
Лифе многу ти благодарам за прекрасните одговори.
Потполно се сложувам со тебе за идејата мобилен дефектолог, мене искрено никако не ми влегуваше во глава како го замислуваат тоа чудо и како ќе го реализираат.Гледам дека сум била во право.
На рр имаш големо добредојде на сите теми на кои сакаш да дискутираш и одговараш.Нам ни треба помош од сите страни, бидејќи за жал по институции ретко ја наоѓаме па вака се снаоѓаме,читаме по групи искуства на родители кој што превзема и од што видел арно.Вистина е дека нема две исти деца, но сепак има методи кои гарантираат подобрување.

Мојата ќерка има ЦП.Одевме неколку емсеци во одделот за ментално здравје во Охрид.Таму со неа работеа логопед и дефектолог,но некако имав чувство дека Ана сеуште не е спремна за соработка.
Можеш ли да ни кажеш кога е идеално време да се вклучи дефектолог и логопед  во терапијата ?


(Одговор на членот Life)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Дефектолог
25.6.2010 19:50:59   
Life
Здраво Беки,

се радувам што се сложуваме, се надевам дека и за поголемиот дел од оваа тематика, како со тебе така и со останатите родители.

Велите, со институциите тешко ви оди. Но, по правило и пракса, таму би требало да биде центарот на целото збиднување, т.е.целата рехабилитација, третман, обука, тренинг....за вашите деца. Е,....сега што во државава СЕ е наопачки, тоа е друга приказна, за жал. Гледам и слушам дека се случуваат апсурди, преседани и срамота кога деца со П.П.се одбиваат, одбираат и исфрлаат од институциите, како во здравство, образование и во установите од социјална заштита(градинки). Затоа јас и тимот околу мене се бориме да ги најавиме правилните поставености на работите, за да не слушнат оние кои им е тоа работа, и да го спроведат, а не само да се декларираат како хуманисти.

За Ана. Велиш дека имаш чувство дека несака да соработува.
Беки оваа појава е неуспех за дефектологот и логопедот. Во сршта на овие 2 професии приодот и пристапот е фундамент на реализацијата на оваа дејност. Таман работа ако сите деса со П.П.ни се лесно пристапливи и сами од себе мора да имаат соработливост, тогаш би се викале наставници, а не special educators-дефектолози. Дефектологот мора да знае да пријде, да ја заинтересира, мотивира...Доколку таа, има проблем со фиксацијата на запазувањето, концентрацијата, вниманието, тој мора да вежба -спонтано на овие области, се додека не се добие добро ниво, за работа и мотивација.
Логопедот исто со правилен пристап и метод ќе издејствува 2-3 гласа од неа, кои ќе ги модифицира и вежба со поттик и уште поголема мотивација.

Е, затоа често велам кога ме прашуваат колку чини работата на дефектологот и логопедот, велам, дека колку тие би требало да изработат за да успеат, и тоа што ќе го успеат, родителите навистина „неможат“ да го платат, дури и најбогатите. Но, хуманоста е ретка но света работа.
Со третман МОРА, да се почне истиот момент кога ќе се детектира, отстапувањето, во било која сфера.
Правило: Колку порано, толку поуспешно.user posted image





ИЗВОРНА ПОРАКА: beki

Лифе многу ти благодарам за прекрасните одговори.
Потполно се сложувам со тебе за идејата мобилен дефектолог, мене искрено никако не ми влегуваше во глава како го замислуваат тоа чудо и како ќе го реализираат.Гледам дека сум била во право.
На рр имаш големо добредојде на сите теми на кои сакаш да дискутираш и одговараш.Нам ни треба помош од сите страни, бидејќи за жал по институции ретко ја наоѓаме па вака се снаоѓаме,читаме по групи искуства на родители кој што превзема и од што видел арно.Вистина е дека нема две исти деца, но сепак има методи кои гарантираат подобрување.

Мојата ќерка има ЦП.Одевме неколку емсеци во одделот за ментално здравје во Охрид.Таму со неа работеа логопед и дефектолог,но некако имав чувство дека Ана сеуште не е спремна за соработка.
Можеш ли да ни кажеш кога е идеално време да се вклучи дефектолог и логопед  во терапијата ?





(Одговор на членот beki RR)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Дефектолог
25.6.2010 22:40:01   
beki RR
Лифе ти благодарам за одговорот.
Морам да ги споменам условите за работа во одделот за ментално здравје.Девојките кои работаат таму се волонтери и многу се трудат и си ја сакаат работата.Но за жал  многу се сиромашни со материјали за работа.Ана има проблем со внимаието, нормално не задоволува за возраста, но постепено тоа се зголемува и таа се поспремна за соработак.Во одделот одевме 2 пати неделно, всушност глвана цел ми беше јас да научам што да работам дома со неа. Ми дадоа стимулативни игри за на компјутер и стигнавме до степен Ана да им се радува и да се смее, на почеток како да не ги приметуваше но сега вниманието и е подобрено во огромна мера.Девојките кои работаат таму ги почитувам многу но толку е одделот сиромашен со материјали што дури и самите не знаат со што да работаат.Некогаш сами цртаа цртежи , што да ти кажам , не знам дали зборот тажно е доволно голем да опише се.
Ние родителите сме во голема збрка , се сами треба д аправиме и да наоѓаме начини како да им помогнеме на нашите деца, немаме ни време за да се избориме за нешто повеќе.Јас размислував дали ќе можи некако да се организираме преку рингераја, барем малку од малку медиумски да притиснеме.Навистина не знам како да се избориме за подобар живот на нашите деца.



(Одговор на членот bucko 1)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Дефектолог
26.6.2010 15:00:19   
Life
Беки,

не е само во заводот, туку во сите установи кои се бават со проблематиката на овие ранливи групи. Ете колку нашата влада е хумана и колку води сметка. Само декларативно се претставува дека ЌЕ ги промени овие состојби, но останува само на ЌЕ.
По правило дефектолозите и установите постојат за вие родителите да не се оптоварувате со дополнителна работа со вашите деца, да не губите голем дел од вашето драгоцено време, кое треба да го трошите за да заработувате и да добиете сатисфакција дека и вие како родител допринесувате за семејството или времето да го користите и за другите ваши деца. Мора во секоја установа да најдат термини за секое дете онолку колку е потребно...а во погорните објави зборував за тоа. Ако нема доволно дефектолози, нека вработат. Нам и вам не ни требат споменици на плоштад, туку повеќе дефектолози и логопеди, психомоторни реедукатори....
Инаку не се секирајте, некогаш/често, сопствените дидактички средства, материјали, инструменти, прибор и.т.н., кои дефектологот сам ги изработува, можат да бидат пополезни отколку оние, кои се купени, затоа што ако претпоставиме дека дефектологот е добар и искусен, и ако добро го запознал вашето дете, ќе изготви/конструира и употреби средства, материјали и инструменти, кои би го опфаќал секој сегмент и слабост кај вашето дете.
Инаку во моментов најдобро успеваат оние кои можат да си дозволат приватен дефектолог и логопед, и кои плаќаат онолку колку што би требало да работи со него, дури и секој ден, но што е со останатите родители, кој треба за нив да обезбеди?????????????????
Се знае кој ! Да не трупаат партиски вработувања во влада, парламент, МВР, судство ......туку онаму каде треба и колку треба.
Затоа широкоградо ја прифаќам твојата понуда за здружување и соработка. Се надевам дека и останатите родители се за.
Член сум во националното координативно тело за лица со посебни потреби кои има за цел да сугерира на владата што и како треба да работи, по овие прашања. Но, ништо не стигнува до неа. Досега секоја сугестија успешно партиски се задушува.

Затоа со повеќе дефектолози имаме наша агенда за тоа:
-вработување дефектолог(зи) во секое училиште, градинка и зголемување на бројот на дефектолози таму каде има потреба. и тоа не по еден дефектолог туку според, потребите т.е. бројот на деца по категории. пр. за аутизам 1 дефектолог на 1 дете, за деца со ЛМР 1 дефектолог на 8 деца.....и.т.н.
- отварање институции за деца со посебни потреби, или паралелки.....таму каде има потреба
-обука на наставниците за работа со деца со посебни потреби во инклузија, за оние деца кои можат да се инклузираат, а не сите.
-посебен сектор во Министерството за образование и во труд и социјала, кој ќе се занимава со лицата со посебни потреби
..............од каде пари???

Нека најдат! Ќе не биде и без Гоце на коњ. user posted image

< Поракaта ја уредил Life -- 26.6.2010 15:02:17 >

(Одговор на членот beki RR)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Дефектолог
26.6.2010 15:33:03   
nadica
ситуацијата е тешка па дури и за вработените не се зане дали ќе опстанат
правила има мн кои не се почитуваат
пр. во секое училиште треба да има вработено мин по 1 психолог, дефектолог, и соц. работник
кај нас и тие кои се вработени ги бркаме
но да не бегам од темава се надевам дека некој ќе го чуе нашиот глас дека ни треба помош

_____________________________

Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа...
Биди Среќен!...
Нека умрат од глад!!!

(Одговор на членот Life)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Дефектолог
27.6.2010 13:20:34   
bucko 1
life posto spomnavte deka imate iskustvo so decinja koi se vo spektarot moze li da mi kazete dali vie ili nekoj vas kolega ima iskustvo so primena na PECKS programata vo delot na verbalna komunikacija.

(Одговор на членот nadica)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Дефектолог
29.6.2010 2:07:00   
Life
Да Буцко,
секако дека имам искуство со PECS и секојдневно ја користам, но не секогаш и не кај секое дете.
Не се работи само за вербалната комуникација, туку и за целокупниот фунционален статус. Се користи онолку колку што треба, а се разбира останатото е за другите методи и програмски системи.
За да биде од корист, мора детето да се познава добро, да се знае што се сака да се постигне и да се користи во оптималната застапеност.
Но,секако, како и секој метод и програма и PECS има свои недостатоци. Го ограничува детето функционално да се движи само во нејзините рамки, често делува демотивирачки и кон другите методи, кои исто се неопходни за подигање на функционалното ниво на детето. За да се стигне до употреба на PECS, детето мора да помине низа подготовки на емоционално-псохо-социјална подготовка каде се запознава приближно со основните принципи на функционирање на  PECS и на основните предмети, појави и употреба на истите.
PECS е корисен систем, но недоволен ако се ограничите само на него. За негово спроведување и обука, мора дефектологот да биде искусен и со инстинкт за рамките во кои ќе го ограничува детето, времето на проширување на масата податоци и инстинкт за да осети кога да прекине за да не излезе процесот вонконтрола т.е.„автоматско поистоветување“....кога детето веќе неможе да направи диференцијална визуализација.

Ете..се надевам дека малку разјаснив, ако беше во тој контекст прашањето, ако не прецизирајте , ќе се обидеме пак.

Поздравuser posted image

(Одговор на членот bucko 1)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Дефектолог
29.6.2010 8:48:23   
beki RR
Лифе многу ти благодарам за одговорите.Благодарам што се вклучи, од голема помош си.
Еве јас пак да прашам нешто.user posted image

Преку интерент разбрав за доман методот.Го применуваат во делот за моторичка рехабилитација, но тоа што ме воодушевува е интелектуалниот дел.Се работи со флеш карти на кои се напишани зборови и така децата се учат да читаат.Се користат и слики и резулатите се неверојатни.Децата навистина учат да читаат , така учат и математика , а добиваат и енциклопедиско знаење.Ја применував некое време со Ана , а сега чекам да ми стигни книгата за да знам штио и како понатаму.Тоа што го добив од Ана е зголемување на нејзиното внимание .Интересот за букви се голем.Таа гледа телевија кога има букви на екранот.Не верувам дека зане да чита, затоа што работевме само 2 месеци но во секој случај многу се радува на флеш картичките и на презентациите кои и ги покажувам.
Дали имате искуство со оваа програма и ако да, дали може некој совет околу нејзината примена.
Инаку една мајка данска има искуство од типот верувале или не.Нејзината ќерка сеуште не зборува , но со оваа програма, научи да чита и на тој начин комуницираат.Тоа што е за верувале или не , е дека ова девојче знае еден куп јазици, дури повеќе и од мајката и чита толку брзо што мајкта ми рече дека  не можела толку брзо да ги врти страните.Плус математиката одлично и оди и сето тоа од Доман програмата.

(Одговор на членот Life)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Дефектолог
30.6.2010 1:22:49   
Life
Почитувана Беки,

Domain методот е сличен пристап како кај PECS, само што тука повеќе се третира физичката и моторна експлификација, преку стекнување искуство и задоволство од моторна размена со средината. Го користиме како парцијализиран дел од глобалниот третман на детето. Никогаш не бива до крај искористен и употребен, бидејќи во текот на напредувањето, детето обавезно покажува блок, т.е.повеќе неможе да го користи бидејќи Domain нема направено класификација и систематизација за употреба по возрасни и функционални нивоа, туку има старт и цел, па кој до каде стигне.
Инаку многу позитивно е тоа што Ана реагира на овој вид вежби и што велите дека има напредок.Ако картичките се црно-бели или со бои кои не кореспондираат со оние од реалната боја на она што го опишуваат, а таа сепак знае што значат, тогаш можеме да зборуваме за вистински напредок и придвижување на когнитивната функционалност.
Инаку употребата на секој метод или вежба може да биде од корист а не штетен.
Верувам дека детето што го спомнуваш комуницира преку картичките, бидејќи децата со аутизам функционираат знаковно-симболички т.е една слика, збор или реченица опишуваат цела сторија или низа моментални потреби.
И јас имам случај на дете кое за само 6 месеца ги научи сите букви, научи да чита зборчиња, научи да ги поврзува и идентификува со слика и предмет, но сепак за сето тоа е свесен, на пр.за „шише“само кога шишето го гледа во група на повеќе шишиња, бидејќи му е учено и тренирано во тој контекст, така да знае се за тоа на пр.во продавница на рафт, но за шише на маса/трпезарија не. .....е тука Domain и PECS се ограничувачки методи, па сега треба да се учи и во овој и оној контекст и.т.н. Затоа пак тука е беспрекорен SMM метод (системски мулти модален метод), кој предвидува обика за конкретниот предмет, термин или појава, во сите контексти, системски, што е многу важно за искуството на детето.
Ова се спроведува само со секојдневно, континуирано третирање на детето од страна на дефектологот.

Ете...ако успеав да дојдам до она што требаше да ти го кажам, ако не конкретизирај, ке објаснам пак.user posted image



< Поракaта ја уредил Life -- 30.6.2010 1:23:15 >

(Одговор на членот beki RR)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Дефектолог
30.6.2010 1:26:05   
Life
Ајде сега јас да ве прашам Вас!!!!!!!!!!!!!

Дали некој од вас родителите присутни на рингераја, се обидоа да го направат она за што им зборев во мојата 2-3 објава, т.е.со создавање сопствена агенда или план за своето дете??????

Ако има некој нека објави.
Ако сака дискреција, слободно на приватна порака или меил.
user posted image

(Одговор на членот Life)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Дефектолог
30.6.2010 10:11:27   
beki RR
Ти благодар лифе, за одговорот.
Што се однесува до девојката за која пишував, тие комуницираат со пишување.Мајката ми показа едан табела со букви и така , таа пишува што сака да ја праша и ќерката исто преку табелата одговара.Инаку кога мајката ми кажуваше , мене ми с еплачеше.Ми рече дека се милела како и е на нејзината ќерка кога ги гледа другите деца како трчаат, дали е тажна и ја прашала.Девојката одговорила, никогаш не сум пробала, па не ми е тешко кога ги гледам.
Комуницијата им е добра, детео оди во редовна настава и сакажелба и е да стане хемичар.Мајакат се надева дека еден ден ќе добијат говор па таа желба ќе може да стане реалност.

Инаку за агендата за која прашуваше имам јас да кажам доста.
За жал нашите доктори не сакаат многу да зборуваат.Додека не се сретнав со АБр јас всушност не знаев што да  очекувам од Ана.
Верувај доктор физијатар ме уверуваше дека Ана ќе проодела на 5 години.Па сега доктор е, знае цел живот работи со вакви деца, ми кажа ако ја вежам така ќе биде.И јас вежбав, колку што можев и не можев.Ама ние сме биле многу далеку од одењето.
Мене главна цел ми е да добијам од Ана комуникација(се надевам говор). да може да да ги користи рацете и да добиеме самостојност во исхраната,самостојно седење.Да спречам да и се уништи телото , затоа што и тоа се случува кај децата со ЦП, добиваат сколиози, карлицата им се стеснува, колковите им излегуваат од карлица.Живеат со пневмонии, тешко дишат,лошо голтаат,постојанос е по болници...и веќе не знам што друго да спомнам.

Од кога почнав со АБР мене ми се разјаснија многу работи.Ако пред тоа најважно од се ми беше Ана да прооди, сега сето тоа се промени.Не дека јас не сакам Ана да прооди, но тоа е последниот скапоцен камен во круната на целата работа.

Најважно од се ми е Ана да се ослободи од оклопот во кој е заробена и да биде вистински среќна.

(Одговор на членот Life)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Дефектолог
30.6.2010 15:36:47   
bucko 1
life eve jas ke kazam deka ne znam kako da sostavam takva tablica za sto bi sakal da postignam so moeto dete ,potocno na snimanjata sto gi napravivme eeg i kompjuterska tomografija nasite eminentni doktori kazaa deka negoviot mozok e kristalen i deka nema nikakvi vidlivi ostetuvanja,znaci se raboti za dete koe ima zdrav mozok i sega kako jas da procenam sto bi sakal da postignam so nego.ni ostanuva da napravime uste nekoi snimanja kako magnet i spect scan a dotogas moze samo da rabotime so nego i da se nadevame deka se ke bide vo red.pred nekoj den od nas neuropsihijatar dobivme dijagnoza atipicen autizam.i sega koj da kaze voopsto na sto da se nadevame i koja da bide nasata cel za napredokot na deteto i kaj da gi postavime granicite koga vikame deka se raboti za zdrav mozok.

Најважно од се ми е Ана да се ослободи од оклопот во кој е заробена и да биде вистински среќна.

POTPIS

(Одговор на членот beki RR)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Дефектолог
1.7.2010 1:20:40   
Life



Zdravo Beki,

kaj gorenavedeniott slucaj zboruvame za dete koga intelektualniot kapacitet i kognicijata se ocuvani i razvieni, pa togas e mnogu polesno, t.e.patot na impulsite aferentno-eferentno (vlez-izlez) ke se sproveduvaat nepreceno, a i deteto moze da razbere sto i zosto se pravi, pa togas ima i podobra sorabotka i motivacija.
Kaj Ana veruvam deka si na dobar pat, bidejki kaj CP najbitno e da se znae pravecot na pocetok, t.e.dali se pocnuva od ocuvan intelektualen kapacitet kon razvoj na psiho/motorika ili obratno, preku razvoj na osnovnite motorni shemi da stekne pretstava i upotrebnost na iskustven plan, a za toa ABR e odlicna baza. E sega Ana najdobro ja znaes ti.

Znaci 3 oblasti na deluvanje:

-komunikacija (govor)
-samoposluzuvanje (ishrana, higiena, postapki pri upotreba na toalet)
-stabilen i cvrst motoren tonus i funkcionalna odrzlivost vo kontekst na preventiva od deformiteti i drugi fizicki narusuvanja.

Odlicnouser posted image
Ova e dobar pocetok, ako e navistina sublimat od celokupnata analiza na Ana.

Sega najdi defektolog, i toj ke mora da znae da najde nacin da pocne da raboti na ova, a spored toa ke vkluci i drugi strucnjaci (fizioterapevt, logoped)
Vasata i negova motivacija, a ponataka i na Ana ke bide uspehot cekor po cekor i zadovolstvoto od naucenite novi iskustveni shemi.user posted image

(Одговор на членот beki RR)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Дефектолог
1.7.2010 1:39:00   
Life

Bucko,

premnogu se opteretuvate so doktorite, neurolozite, neuropsihijatrite........so celosen respekt kon neminovnosta na nivnite profesii i udel. No, rezutatite od ispituvanjata od nivnite oblasti bi vi sluzele edinstveno za imanje jasna slika so kakov materijal se raboti, t.e.dali mozokot nema ili ima anomalii, t.e.koi delovi od razvojot poradi eventualna lezija ili ostetuvanje nema da gi dostigne i za kontroliranje na taa sostojba i vo idnina. Super e stom mozoceto na vaset_o dete e cisto.

E sega imajki go v predvid toa vie ke znaete deka vasto dete ima preduslovi da postigne se-koga velime deka se raboti za zdrav mozok.
No istotaka vie kako roditel ja znaete najtocnata funkcionalna kondicija na vaset_o dete , pa ottuka ke ja naset_ite dinamikata na ponatamosniot razvoj i rezultati pri tretman.
Ke se konsultirate i so defektolog koj ima poznavanja i iskustvo so autizam pa da vi utvrdi koe nivo na autizam e (lesen,umeren,dlabok,so multihendikep...) za toa koi se ramkite na eventualniot uspeh.
Koga ova ke go povrzete so vasite realni zelbi i ocekuvanja-spored gorenavedenoto, i vie ke mozete da napravite plan, zad koj ke stoi dobar defektolog.

Siguren sum deka i vie go mozete toa, kako i sekoj roditel, za bilosto i da se raboti.

Kako defektolog koj uspesno sproveduva vakvi agendi na mnogu roditeli, tvrdam deka vo kreacijata na vasata agenda , dokkolku e neophodno moze da vi pomogne i iskusen defektolog.user posted image


(Одговор на членот bucko 1)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Дефектолог
1.7.2010 14:33:59   
bucko 1
e sega edno sustinsko prasanje kako se naoga dobar defektolog ,logoped itn.nie rabotime so defektolog ama seto toa e nekako kratko vreme mislam nekoj 2 meseci i mal fond na casovi.maliot sorabotuva so nego gore dolu zavisi koga kako i toa go prepisuvame ponekogas na raspolozenieto.i sega kako da prepoznaeme deka nekoj e dobar ili ne ,zatoa sto nesto po internet najdov deka ne e samo strucnoto lice da bide preporacano deka e uspesno tuku i deteto da go prifati potocno da ima sorabotka.

(Одговор на членот Life)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2 3 4   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2 3 4   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?