Life -> RE: Дефектолог (19.7.2010 15:03:55)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: antonija draga Life, prekrasno e sto te imame ovde so nas.... uste povekje sto stigas da im odgovoris na site.... jas sum majka na 13mesecna kjerkicka so daunov sindrom, i uste tvoeto prvo pismo do nas na forumot mi go izmesti tloto pod nozete.... i jas kako bucko 1 ne znaev da gi definiram prioritetite... i eve vekje 10tina minuti stojam na taa ,,mrtva tocka,, ja slusam antonija kako vika od drugata soba, i se prasuvam sto posakuvam od nea i za nea.... navistina mislam deka toa e najteskiot odgovor... kje go prosiram moeto mislenje osobeno okolu nasata dijagnoza: prvite informacii za DS se mentalna zaostanatost, zakoseni oci, mal vrat, pivsko stomace...podocna kje proodi (ama kje proodi), podocna kje prozbori (ama kje prozbori), mozebi kje nauci da cita i pisuva ama treba mnogu trud...kje go pratime razvojot, ako zaostanuva kje davame terapija... i nistio konkretno. ne znaes so sto treba da se boris. .. i kako roditel prvo sto ti teknuva si vikas: more kavo e takvo e fizicki deteto, poarno umstveno da e dobro. a posle si vikas, zosto pa i fizicki da zaostanuva. pa si vikas devojce e, treba da nosli gjerdani na vratot, i da bide strojna kako ela, a ne so burence na stomakot.... i vekje gi gubis prioritetite.... zatoa prezentacijata na ABR metodot mi bese kako samar po lice: na prasalnikot sto ocekuvate od vaset_o dete, napisav samo ,, mentalen progres,,... no koga pocna prezentacijata i objasnuvanjata deka kje se namali stomaceto, kje se podigne vratot, kje se ispravat gradite i ramenata, e bogami mozev set_o toa da go dodadam na spisokot... i ubavo velis, istiot treba da se dopolnuva i menuva, no sepak JAS USTE NI GI ZNAM MOITE OCEKUVANJA I PRIORITETI... mozebi antonija e uste mala i prilicno dobro napreduva- stabilno stoi, fakja so dve prstinja, sama jade smoki, nas ne raspoznava po doma, me povikuva mene, soprugot, dedo i, razlicno reagira so emociite kon bratcinjata, se luti, raduva, tazna e, dobro gi definira i mozeme da gi prepoznaeme i predvidime emociite. pokazuva bravo i da pukne, pravi ta-na-na i balonot se naduva... ,,leta,, so dubak, so malo potpiranje stoi sama po 20-30 min, bez drzenje 2-3sec, drzi po 2 predmeta vo race, ufrla kocki vo sortirac... so lutenje se dvizi po krevetot da dojde do oddalecena igracka... od skoro pocna da se interesira za pesni (porano samo reklamite ja privlekuvaa), a vekje nekolku dena i go pustam crtaniot ,, nodi,, i so zadovolstvo go gleda i toa podolgo vreme.. sega ni preporacaa dvodimenzionalno prepoznavanje (po sliki) i vodenje za race za da odi.... imas li ti nekoja druga vezba sto bi ni ja preporacala?... i uste nesto, nemam pojma od koga se preporacuva poset_a kaj strucnite lica (se razbira ne mislam na doktorite tuku na defektolozi, logopedi....), dali da cekam doktor da mi preporaca ili kako i dosega sama da go istrcam mojot maraton? ti si napisala deka rabotis so vozrast od 3-20 god, dali e toa slucajno ili sepak antonija e mala (ima samo 1 godina)... ti blagodaram na vremeto i sovetite, so tri deca ne stigam da sum cesto na forumite, ama sekako stigam da proveram sto ste pisuvale site).... pozz Здраво, Антонија. Извини за задоцнувањево на одговорот но, не бев во можност. Антонија, верувај дека секој родител кој дознава и добива дете со посебни потреби, се наоѓа во иста ситуација како што си ти сега. На крстопатот, наречен живот, со прашања: што ќе биде, ќе биде ли, до каде ќе се оди, што ќе се успее, како во однос на другите деца, во однос на другите семејства, пријатели, роднини.......па после : кој е крив, јас или мажот ми, каде погрешивме, што да правиме....................................................................и.т.н. НО! Бракот мора да ви биде бр.1.за да бидете посилни здружени за да успеете!Нема потреба да обвинувате никој, бидејќи, никој не е крив. А крив за што? Затоа што девојчето е поразлично од другите? А, зарем ние сите не сме различни еден од друг? Јас и вие, вие и сопругот, вие и соседите...........Антонија? Денеска, ако успеете да ми објасните што е „нормално“ а што „ненормално“, јас ви честитам. Вашата ќерка е иста како и сите ние. Секако дека се наоѓате на крстопат и думање дека некои работи нема да ги успее во животот, или послабо ќе ги разбира.....Но, јас ви велам дека во животот нема да успеам да бидам адвокат. Вие нема да успеете да бидете лекар....ит.н., бидејќи за тоа не сме предодредени. Замислете!Брачните парови кои неможат да имаат деца воопшто, многу посакуваат тие да бидат сега на ваше место, да го планираат животот на своја, ќерка. За нив вашата ќерка ќе биде најумна, најспособна.......Радувајте и се! Инаку, од позиција на Даунов Синдром, т.е.умерена ментална попреченост(најчесто), со IQ до 55, таа во многу малку нешта ќе се разликува од останатите деца(интелектуално). Разликите ќе почнат да се јавуваат после 6-7 годишна возраст, или при влез во училиште, кога јавно ќе се бара адаптација и манипулација со логичко размислување, а не на ниво на конкретно.За тој период треба да почнете да се подготвувате уште од сега. Морате да имате сила, да ја обучувате уште од сега со поголеми чекори, како би се движела тука некаде во континуитет на својата генерација. Даунов Синдром има голем капацитет, кој треба да се канализира и искористи. Најдете добар дефектолог, кој ќе ве прати(советува,обучува) секогаш во вашата родителска обука за вашата ќерка. Дводимензионални слики или не, се што бара обуката за она што треба да го дознае таа за старосната возраст во која се наоѓа, вие ќе и го предадете и во совет со дегектологот ќе го успеете. Едноставно, вие како родител, обучувајте го вашето дете, како што би го обучувале и воспитувале и другите ваши деца или како секое друго дете. Вие сте веке искусен родител.Таму каде што ќе имате отпор, или неможност, или нема да успеете, ќе успее дефектологот. 1 годинка, е добро време за почеток. На добар пат сте. Многу успех и среќа! [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley33.gif[/image]
|
|
|
|