Snowhite RR -> RE: Да гласаме!!! (3.5.2010 11:33:36)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: виктори ИЗВОРНА ПОРАКА: Bitolcanka Па, според мене (од досега забележаното) теми кои доведуваат до конфликт, лутење и сл. се темите од типот: Со кој од РР се дружиш / контактираш и приватно? Родендените како што се виде предизвикуваат реакции, можеби темата: Каде се? Не можам да се сетам во моментов на други. Вие што мислите? Ајде да внесеме малку повеќе ведрина и оптимизам во РР, помалку тага и расправии... Битолчанке, мислам дека не е до темите туку е до нас [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] Мене ме нема во ниеден список, нит децата мои, нит па слики сум ставила(освен тие од бебе саем, кои не ги поставив јас), а и рака на срце не сум ни коментирала на теми од тој тип. Сите деца се убави, и на сите да им се среќни родендените, и сите мајки се убави. Тема како тема, сакаш коментираш, сакаш ја прескокнуваш. Точно е ова, меѓутоа очигледно сите не размислуваат така. Не можеме да бидеме семејство се додека има вакви замерки и се разбира се додека ги забораваме честитките, треба да биде исто за сите, во спротивно како ќе бидеме семејство, ако на еден му честитаме, другиот го прескокнуваме. Затоа дадов предлог или да се исклучат такви теми кои се причина за вакви препукувања или тогаш да водиме сметка во иднина да не забораваме нечиј роденден или годишница. Јас сум за првото. Мислам дека треба да остане само списокот на трудници и да честитаме само за ново бебе, затоа што и тоа е целта и идејата на форумот и порталот
|
|
|
|