Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
Знаеме дека казните за сообраќајни прекршоци се многу големи во споредба со просечна македонска плата... но да се информираме тука кој за што бил казнет/казнета и која е сумата за тоа - колку казнени поени се добиваат и колку се плаќа....
На пример при прекршок од брзо возење или поминување на црвено... погрешно паркирање и слично
RE: Сообраќајни прекршоци и казни 28.6.2010 22:06:35
vezilka RR
хи,хи..нас не казнија прошлата недела дека подзастанавме на автгобуска станица. Казна 200 евра, ако платиме во рок од 8 дена пола цена. Ама само што подзастанавме, малер.. Нема везе, иначе денес бевме да прашаме како иде тоа со казнени поени, и ни кажаа тоа важи само за казни до 45 евра. За поголеми, нема поени само си плаќаш. Уф, што ми е криво..баш си ги планирав тие пари.
RE: Сообраќајни прекршоци и казни 29.6.2010 11:10:21
nadica
страшно е тоа што ни се случува да го кажам нашето искуство прво си купивме кола од англија со десен волан и отпосле дознавме дека само во мк и срб не е дозволено да се вози па ја продадовме и купивме друга за која плативме и царина и регистрација и 300 други глупости и ни рекоа дека треба да ја проверат во интерпол дали е ок и дека процедурата трае максимум 15 дена па извадивме и пробни табли за да може да ја возиме кои важат само 7 дена и нема можност за да се извадат повторно и еве и по 5 недели документите сеуште не се стигнати а ние немаме право да ја возиме сопствената кола за која е платено СЕ бидејќи се мн ажурни во нашето мвр и кога итно моравме да отидеме до соседниот град ни пишаа 500 евра казна
_____________________________
Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа... Биди Среќен!... Нека умрат од глад!!!
RE: Сообраќајни прекршоци и казни 16.5.2012 14:43:11
Luci
Во саботата се враќам од работа и јас као совесен возач со секогаш ставен појас и уклучени светла гледам џандар ми дига СТОП ПОЛИЦИЈА и се чудам и му правам онака со прст као мене ме стопираш? И тој да да и ми покажува со прст кај да застанам! И ајде си искачам јас онака зачудена што ме стопира сега овој, му давам возачка и сообраќајна и ми вика Г-ѓа светлото не ти работи, кое светло му викам јас, вика па предното! Гледам јас едното стварно не свети ама поима немав и му кажувам дека не сум знаела(у себе зачудена што му е па на него гајле дали работи или не )Вика треба казна да пишам 120 евра. Мене шлог мавање . Епа како викам 120 евра, нели е 35 евра ако немаш светла упалено? И луѓееееееееееееееееее кога ми рече ааа не, тоа е 35 евра ако не ти се упалени двете а за едно се плаќа 120 евра Финишот е дека пројдов без казна пошто девер ми работи таму па по презимето свршив работа без да вртам телефони А инаку имам платено една казна до сега за зборење на мобилен и дај Боже да е последната казна за пунење на буџетот од мене
RE: Сообраќајни прекршоци и казни 16.5.2012 14:53:25
Џесика
Во случајов те казнил за расипан фар, колку што разбрав... не за неупалено светло али цениве им се крш бе... а имаш и тарифа, во кеш одма ако платиш само 50% мислам се плаќаше од сумата...
_____________________________
Жената по природа е АНГЕЛ, но ако и ги скршат крилата таа лесно ќе научи да лета на метла!!!
RE: Сообраќајни прекршоци и казни 16.5.2012 15:04:41
Luci
ИЗВОРНА ПОРАКА: Џесика РР
Во случајов те казнил за расипан фар, колку што разбрав... не за неупалено светло али цениве им се крш бе... а имаш и тарифа, во кеш одма ако платиш само 50% мислам се плаќаше од сумата...
Да да фар беше стручниот збор, тапа сум за кола А имаш опција и 10% од сумата у џеб кај џандарот и никому ништо