shell -> RE: Што и подаривте на саканата по породувањето? (29.7.2012 14:53:15)
|
Еј, немав намера да го „убијам“ форумов [sm=zmeden2.gif] Само некои претходни постови кои ги прочитав ме натераа да го споделам моето, се надевам за никого неповторливо, искуство. Можеби за некого ќе биде поука, за некого смешно, за некого .... едноставно, како и јас претходно и сега, секој ќе го доживее или разбере во согласност со сопствените ставови и искуства. Јас бев и сеуште сум (иако мене ми се случува) неподготвена за ова што го опишав. Едноставно, не го помислував сето тоа како можна варијанта за животот на ова прекрасно детенце. Ама, ете се случува и јас врвам низ него како низ кошмар, но врвам некако, се трудам да ги најдам причините, да ги согледам и предвидам последиците иако знам дека тоа не е паметно да се прави....искуството ми покажа. Сепак, продолжете да пишувате на темава, бидејќи е убаво да се прочитаат пријатни работи и убави изненадувања. Некои од нив ќе ми натераат солзи на очи затоа што некому сепак нешто убаво му се случило, затоа што сепак некаде постои убавина на светов..., некои ќе ме растажат, затоа што сум пропуштила многу прилики,.... но сепак е убаво. Stela, благодарам за поддршката. Голем проблем е тоа што мојата животна радост треба да ја делам со некој друг на начин кој никогаш не сум го помислувала, но што е тука е и кошмарот продолжува. Имам навистина прекрасно детенце од наскоро 2 години и се трудам да не почувствува многу трауми поради ова, но тоа е толку чувствително што често се изненадувам од неговите реакции и прашања. Веројатно само ќе најде начин да се избори, но јас не сум била никогаш способна да бидам само набљудувач. Само се трудам да не направам поголема штета од она што е веќе направено. Колку ќе бидам од помош - не знам [sm=smiley13.gif] Понекогаш поставува прашања и заклучоци кои би се очекувале за двојно поголема возраст од неговата, а јас се чудам како да одговорам и прифатам некој коментар, ама... Сепак, ова можеби не припаѓа во овој наслов на форумов, ама тука го оставам како реплика и стимулација да не згасне темава. Ако мислите дека е потребно, ископирајте го и поставете го и на друго место....таму каде што би било корисно за другите, но мислам дека не е штета и овде да остане. Поздрав
|
|
|
|