Тања РР -> RE: Преведувач (11.5.2010 0:59:41)
|
Јас сакав целото да го преведам пред да го постирам. Еве еден мал дел. Децата со аутистични особини остануваат недијагностицирани ScienceDaily (April, 12, 2010) Постои значително зголемување на инциденцата на аутизам во последните 20 години. Додека луѓето сеуште имаат различни ставови околу тоа кои се причините (средина, вакцини, возраст на мајката, подобра дијагностика, поголема свесност и т.н.) сеуште има многу деца со аутистични особини кои никогаш не се дијагностицирани клинички. Поради тоа овие деца не ја добиваат помошта што им е потребна од едукативните и здравствените сервиси. Овие недијагностицирани деца беа вклучени во неодамнешни студии за проценка на бројот на деца кои имаат autism spectrum disorder (ASD што ги вклучува аутзмот и Аспергеровиот синдром). Овие студии процениле дека едно од сто деца има АЅD. Во студија објавена во неодамнешно издание на Journal of Child Psychology and Psychiatry стои дека голем број од недијагностицираните деца покажуваат аутстични симптоми како повторувачко однесување, слаба социјална интеракција и тешкотии во комуникацијата. Овие особини биле на ниво споредливо со особините што ги прикажуваат децата со веќе поставена дијагноза (сите деца биле на возраст меѓу 1 и 12 години) но овие деца не добивале посебна подршка во училиштата и здравствените центри. Главниот истражувач на студијата Ginny Russell заклучува: „Диагнозата на АSD е клучна за да дојде до интервенција од страна на школскиот систем и здравствените програми. Можеби овие ресурси би требало да бидат продолжени и достапни и за децата кои покажуваат аутистични симптоми но остануваат без дијагноза. Russell укажува и на тоа дека студијата исто така покажала полова склоност во дијагностицирање на децата со АСД- кај машките деца повообичаено се поставува дијагнозата отколку кај женските дури и кога покажуваат еднакви сериозни симптоми. Двојниот Пристап (Dual Approach) дава попрецизна слика на аутистичкиот мозок ScienceDaily (April, 22, 2010) Нова студија, прва од таков вид, комбинира две комплементарни аналитички техники, за да обезбеди подетална и попрецизна слика на неуроанатомијата на аутистичниот мозок. Студијата објавена во априлското издание на списанието Human Brain Mapping била спроведена од истражувачи од Неуролошкиот Институт и Болница во Монтреал – Тhe Neuro, McGill Универзитетот и Universite de Montreal. Откритијата обезбедија увид во аутизмот и можните маркери на болеста за употреба во раната терапија и терапевтските стратегии. Аутизмот е комплексно пореметување кое погодува 1 од 166 луѓе. Индивидуите со оваа болест покажуваат тешкотии во социјалната интеракција, комуникацијата и навики што се повторуваат а тоа може да доведе до изолација и емоционални проблеми. Тие може да имаат исто така и некоја пренагласена способност особено во аудиолошката или визуелната перцепција. Целта на Тhe Neuro истражувачкиот тим беше да ги откријат неуроанатомските разлики користејки двојно-аналитички пристап, комбинирајки анализа на кортикалната густина (CT) и voxel-базирана морфометрија (VBM) за прв пат заедно и на исти учесници. Тимот проучувал група на млади возрасни со аутизам со просечна интелегенција и слични јазични способности. „Откритијата се значајни од функционална перспектива бидејки се најдени анатомски промени во мозочните регии комуникација и повторувачко однесување.“- вели Д-р Krista Hyde главниот научник учесник во студијата. „Ова е прв чекор во изнаоѓање на маркери кои ќе ни помогнат да ги поврземе структурните промени на мозокот со функционалните и бихејвиоралните карактеристики.“ Предноста во анализирањто на мозочната анатомија користејки CT и VMB е комплементарната природа на овие два метода, кои во комбинација овозможуваат директно мерење на кортикалната сива маса (регион во мозокот кој се состои главно од тела на нервни клетки). Комбинираниот метод исто така овозможува мерење на субкортикалната сива маса како и на белата маса (региони од мозокот составени главно од нервни влакна со миелинска обвивка која претставува заштитна обвивка која ги изолира нервните влакна. Промени во сивата маса биле најдени во регионите од кората на мозокот одговорни за социјалните и комуникациските способности како и во регионите поврзани со навики кои се повторуваат и со емпатиските способности. Студијата исто така довела до сознание за зголемување на сивата маса во визуелниот и во примарниот аудиолошки кортекс кај луѓето со аутизам. „ Веруваме дека зголемената густина на визуелниот и аудиолошкиот кортекс е поврзана со пренагласената визуелна и слушна перцепција кај аутистите“.
|
|
|
|