соја млеко (Целосна верзија)

Форум >> [Бебе] >> Дохранување со густа храна



Порака


mami -> соја млеко (9.7.2009 14:01:15)

Од кога може да му се дава соја млеко? имал некој искуство со ова? дали може тоа да биде замена за обичното млеко?




bambi -> RE: соја млеко (9.7.2009 22:53:18)

i mene ova me interesira, gledam deka vo nan ima mleko od soja.




Еца -> RE: соја млеко (10.7.2009 7:32:20)

Соиното млеко технички не е млеко, туку напивка направена од соини зрна. . Бидејќи е сиромашна со маснотии и холестерол, сојата ги намалува опасните липиди во крвта. Покрај тоа што го штити срцето и го намалува ризикот од срцеви заболувања, соините протеини и изофлавони го намалуваат ризикот од рак на дојката и на простатата и го намалуваат лошиот ЛДЛ-холестерол. Редовното консумирање храна од соја помага да се намали и ризикот од остеопороза. Аминокиселините што ги среќаваме во соините протеини ги задоволуваат истите базични потреби на човековиот организам како и животинските протеини - но тие се без опасните заситени масти, холестерол и лактоза. Затоа, соиното млеко е погодна напивка за луѓето алергични на лактоза.  Една шолја млеко добиено на овој начин содржи 8-10 грама протеини, 4-5 грама јаглени хидрати, 4-5 грама масти. Дневната препорачана доза соини протеини е 25 грама, така што 2,5-3 шолји дневно од соиното млеко со оваа концентрација на протеини ќе бидат ваша ефикасна алатка во борбата да го зачувате срцето здраво.

Бидејќи Мартина беше алергична на млеко (лактоза) ние почнавме да го користиме од 8 месеци. Се уште го пие заедно со какао.Немавме никакви проблеми, иако бевме предупредени дека и тоа припаѓа во групата на алергени.




mami -> RE: соја млеко (10.7.2009 8:40:26)

Значи можам да му го давам место обичното? и кое? она што се прави од прав или она како тетрапак што е?




Еца -> RE: соја млеко (10.7.2009 9:36:40)

Јас би ти препорачала она во прав што е,без никакви додатоци, бидејќи има со арома на ванила, па со витамини, понатака можеш и такво некое да воведеш, но за почеток обично и ќе го правиш  поретко, на пример едно лажиче мало ќе раствориш во 200 мл топла вода.Секогаш ти е свежо направено, малку сум поскептична за тетрапакот(абе бог да чува сум[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image])[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




Еца -> RE: соја млеко (10.7.2009 9:38:04)

Е сега сакав уште нешто да нагласам, навистина доста читав за соиното млеко и она што ми остави впечаток е дека за мажите демек и не е добра варијанта, а за жените е навистина делотворно и здраво.Баш ќе прочепкам и ке пишам нешто повеќе околу ова.




mami -> RE: соја млеко (19.7.2009 22:17:44)

уф, го пробав пред некој ден она со вкус на ванила, во мало тетрапак пакување- некако како празно, ни вода, ни млеко..не ми се допадна баш




Еца -> RE: соја млеко (6.9.2009 23:48:29)

Изворна порака БИСЕР:

zdravo na site.nova clenka sum i ne se snaogam bas najdobro ama se nadevam ce me razberete (pomognete). imam dve cerki 7god so operirani krajnici na 5god.vtorata ima 2,5 god i za edna godina imase mozebi 15 pati gnojna angina.na imunologija ni velat see vo red so nea,na usno deka emala za vadenje krajnici i e slabokrvna malku.najnovo edna lekarka ni preporaca da isfrlime od ishrana se sto ima kravjo mleko(bidejci pie po 1.5 lit na den -preterano e znam) i da pie samo soino mleko. go pieme vece eden mesec so strav da ne gresam.po malku i davam jogurt i sirenje.vo nedoumica sum




Еца -> RE: соја млеко (7.9.2009 21:32:14)

Бисер дали успеа да ја пронајдеш темата?[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




mia -> RE: соја млеко (13.9.2009 17:24:51)

od kolku meseci moze da se dava mlekot od soja maliot moj mi se odbi na sest mes.iod togas nesaka nikakvo mleko samo sok  sega ima 7 mes.




biser -> RE: соја млеко (14.9.2009 0:16:36)

благодарам елена ја најдов темата и ме смирува тоа сто вашите деца го пијат соиното млеко од помала возраст и немаат проблем.мојата ќеркичка има 2,5 години и откако пие соино млеко (1 месец) почна да јаде нормално по три оброци, инаку си пиеше само млеко (1,5-2 лит.на ден) и се нервирав што не јаде ништо.сега преку ден не бара млеко ама ноќе си бара на секои 2 часа меменце ,никако да се одучиме.малку и мешам и оризово млеко со витамини ,да не и е многу соиното, а и го правам ретко 1 лажиче на 250 грама.единствено ме плаши да не и фали калциум за коските ама ова од виталија има божем и калциум.сега за сега добро е па ќе видиме.инаку  на форумов има толку многу теми и проблеми за читање што моиве ми изгледаат некако полесни. криво ми е што немам многу време за читање и пишување.поздрав  до сите




biser -> RE: соја млеко (14.9.2009 0:46:08)

сето ова сум го пробала со големата ќерка и пак на 5,5год ги вадевме тие крајници.велат и дека е наследно (јас сум била иста).благодарам уште еднаш ќе пробаме сигурно уште некој рецепт тоа ни преостанува.цвекло и варев ама не сака даго пие голема е неможам со сила да ја терам.




bojanas -> RE: соја млеко (5.10.2009 13:03:23)

Бидејќи Лука беше алергичен на млеко 2 години бевме на млеко од соја на Виталиа и го обожаваше. Кога направивме нови тестови на имунологија и не покажуваше никаква алергија на млеко пробавме со обично. Најнапред не го сакаше а потоа немавме проблем. И сега кога ќе направи опструкција му давам млеко од соја. Ви препорачувам да не им додавате какао или несквик зошто тоа ги заситува и нема да сака да јаде




mother 29 -> RE: соја млеко (5.10.2009 14:41:22)

кога бев последен пат во виталиа, му купив соја млеко,тетрапак.ај си викам да пробам ..кога го тресна шишето и ми вели ...мамо дај меко[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] 
ама па и јас кога го пробав,има што да се проба.......алал да им е на оние што го пијат.... блак[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




mis. -> RE: соја млеко (21.12.2009 11:34:24)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Боцко

Соино млеко?
Па зарем не се препорачува дури по третата година возраст заради алергеност? Имено, ЖМ е хипотироидна а сојата го потенцира тој момент. Зарем кај вас немаше реакции? Од кога прв пат почнавте со соино млеко? И јас многу би сакал на Стефан да му даваме зашто ниту јас ниту жм не пиеме кравјо. Стефан пие само ноќе и тоа 1 Нестле јуниор 1. Другото е јогурт, кисело млеко и сирење. Дали би било ОК да пробам? Какво да му дадам, на Виталија?

ИЗВОРНА ПОРАКА: Еца

Па внимателно треба и со соиното,може да покаже алергија,а може и не,како и со се останато,не се препорачува оризовото млеко пред три години,а за соино можеш да пробаш,но внимателно,ништо друго ново не му давајте тој ден,доколку приметите некоја промена кај Стефан да знаете дека е од соиното млеко[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]





Anushka -> RE: соја млеко (21.12.2009 11:39:56)

соја НИКАКО!




mis. -> RE: соја млеко (21.12.2009 11:47:22)

Анушка зошто соја никако?[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]Јас и немам дадено дека пијат кравјо млеко но ме интересира зошто не се дава соја на малите деца?




Anushka -> RE: соја млеко (21.12.2009 11:51:02)

Светското здр. напедијатри го има прогласено соиното млеко штетно а децата во развој - прави алергии и се сомневаат дека предизвикува стерилитет кај машките деца. Така мене ми имаат кажано мис, а незнам колку е и ова точно




mis. -> RE: соја млеко (21.12.2009 11:53:06)

Имам 2 машки деца убаво е да се знае.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




mis. -> RE: соја млеко (23.3.2010 16:01:18)

ИЗВОРНА ПОРАКА: 21mimi

ве молам одговорете ми дали некој има искуство со соино млеко?




Sara -> RE: соја млеко (14.10.2010 11:20:24)

Ние сме алергични на млеко, ме теши тоа што гледам дека не сме единствени, бидејќи сеуште го дојам малиов (сега има 13 месеци) и јас избегнувам млечни производи (како и јајце и кикирики - и на нив е алергичен), кафето го пијам со соја млеко со вкус на ванила.
Како да имам прочитано на опаковката на соиното млеко дека не е за деца под 2-3 годишна возраст????
Инаку не му давам друго млеко освен Алфаре - на Нестле, а сега сменивме на Аллернова на Новалак и двете специјални адаптирани за деца алергични на кравјо млеко, но се многу скапи (алфаре е 1300 ден, а Новалак 880 ден) и му ги давам со житарки или чоколино - еднаш дневно, и ми трае околу 2 недели.
Се размислував да почнеме со соино млеко, но ме плаши моментот да не е алергичен и на тоа, и дали може да се дава на 1 годишно дете?




Octavia -> RE: соја млеко (14.10.2010 11:41:58)

Мислам дека имам прочитано дека млекото од соја не е за деца под 3 години (?). Инаку, и моето синче беше алергично на млеко, дури и од адаптирано му се исфрлуваше лиценцето каде ќе му капнеше, повраќаше, добиваше црвенило по вратчето (пред да се откажам од пробување кое млеко му одговара) и втората година почна да му се губи алергијата, баш како што ни кажа лекарката. Ни рече и дека децата со светол тен и светла косичка биле поподложни на алергиски реакции првата година. Кај нас, за среќа, алергијата помина сама од себе и сега нормално си пие јогурт, ама млеко не поднесува и ден денес.




Underbelly -> RE: соја млеко (5.4.2013 13:27:32)

Zdravo na site. Nova sum na forumov I ja vidov temata pa sakav da prasam od kade go kupuvate soja mlekoto vo tetrapak? Dali go ima vo pogolemite marketi ili samo vo Vitalia? Isto taka sakav da prasam dali ima I jogurt od soja. vi blagodaram




Bububebe -> RE: соја млеко (5.4.2013 14:10:20)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Underbelly

Zdravo na site. Nova sum na forumov I ja vidov temata pa sakav da prasam od kade go kupuvate soja mlekoto vo tetrapak? Dali go ima vo pogolemite marketi ili samo vo Vitalia? Isto taka sakav da prasam dali ima I jogurt od soja. vi blagodaram


Соино млеко во тетрапак има во тинекс,а исто има и во прав.
А за јогурт,немам видено




Underbelly -> RE: соја млеко (6.4.2013 12:33:23)

Ti blagodaram Bububebe za odgovorot :)))




Страница: [1] 2   Следна страница >   >>