Туѓи мислења (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Разговори за се и сешто



Порака


Viktori -> Туѓи мислења (6.5.2010 15:14:38)

Не знам дали има ваква тема, па ме интересира:

Дали почитувате туѓи мислења?
Дали ги почитувате мислењата на членовите на форумов, безразлика дали ги познавате или не?

Да одговорам прва,
Да ги почитувам туѓите мислења, иако не се согласувам секогаш, ама нема никого да удрам со стап по глава ако не се согласува со мене [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]
Инаку секогаш сум спремна на долги, па ако треба и бескрајни дебати, ако сум убедена дека сум во право [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




ikipp -> RE: Туѓи мислења (6.5.2010 15:16:53)

da,pocituvam i toa mnogu




profesorica -> RE: Туѓи мислења (6.5.2010 15:27:09)

почитувам но не секогаш прифаќам.може откако ќше се подзамислам или нешто ќе ми каже дека требало вака или онака.

инаку виктори, и јас порано така бев спремна на дебата доколку мислам дека сум во право, но во последно време искрено не се замарам со тоа да докажувам на некој нешто.виртуелно е многу тешко да се разбереш со некого и факт е дека има многу различни луќе со различни ставови, размислувања и интереси.




Bitolcanka -> RE: Туѓи мислења (6.5.2010 15:31:42)


ИЗВОРНА ПОРАКА: виктори

Да ги почитувам туѓите мислења, иако не се согласувам секогаш, ама нема никого да удрам со стап по глава ако не се согласува со мене [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]
Инаку секогаш сум спремна на долги, па ако треба и бескрајни дебати, ако сум убедена дека сум во право [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]



Потпис !




melody -> RE: Туѓи мислења (6.5.2010 15:37:42)

Pocituvam,no ne dokazuvam ako nekoj ne e vo pravo ,a jas sum.Mozebi so lugeto koi mi se pobliski da i ke vlezam ako treba i vo bezkrajni debati ,no tuka na rr voopsto ne se zamaram da promenam necie mislenje.




Leonida -> RE: Туѓи мислења (6.5.2010 15:48:09)

ИЗВОРНА ПОРАКА: melody

Pocituvam,no ne dokazuvam ako nekoj ne e vo pravo ,a jas sum.Mozebi so lugeto koi mi se pobliski da i ke vlezam ako treba i vo bezkrajni debati ,no tuka na rr voopsto ne se zamaram da promenam necie mislenje.


Исто[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




Viktori -> RE: Туѓи мислења (6.5.2010 20:01:44)

ИЗВОРНА ПОРАКА: profesorica

инаку виктори, и јас порано така бев спремна на дебата доколку мислам дека сум во право, но во последно време искрено не се замарам со тоа да докажувам на некој нешто.виртуелно е многу тешко да се разбереш со некого и факт е дека има многу различни луќе со различни ставови, размислувања и интереси.



одговорот ми испадна така, затоа што прашањето се однесуваше на почитување мислења на членови на РР, а јас во одговорот си свртев и за во живо [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]
А во право си дека многу е тешко да се искажеш, не си  сигурен како те сфаќа членот, кога не му ја гледаш реакцијата на лицето, или не му го слушаш гласот.
А и добро е што има различни ставови и размислувања. Инаку луѓето би биле многу досадни, ако сме сите исти [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




nadica -> RE: Туѓи мислења (6.5.2010 20:35:18)

да почитувам но не прифаќам често бидејќи сум тврдоглава по природа
и до крај им докажувам дека сум во право само на најблиските а другите што одат со глава во ѕид ги оставам малку да се удрат па потоа им докажувам




matushka -> RE: Туѓи мислења (7.5.2010 11:05:46)

Pocituvam, i ne vlagam vo diskusija ako ne se soglasuvam. Samo vikam ok i teram po moe[sm=smiley1.gif]




vezilka RR -> RE: Туѓи мислења (7.5.2010 14:54:30)

Не само што почитувам, туку и им се восхитувм на туѓите мислења оти мислам сека во последно време луѓето се поретко имаат свое мислење..некако полесно им е да се стопат со масата. Не секогаш прифаќам сугетии ама ако доаѓаат од блиски луѓе и се добро аргументирани знам да ги прифатам. 




Bogdancanka -> RE: Туѓи мислења (7.5.2010 23:10:18)

ИЗВОРНА ПОРАКА: nadica

да почитувам но не прифаќам често бидејќи сум тврдоглава по природа
и до крај им докажувам дека сум во право само на најблиските а другите што одат со глава во ѕид ги оставам малку да се удрат па потоа им докажувам


потипис!




amelbebe -> RE: Туѓи мислења (17.10.2010 1:14:07)

ic ne mi e gajle za tugite mislenja,koj kako ke rece ili napise ke si ostane samo na svoeto,a jas po moeto mislenje




Octavia -> RE: Туѓи мислења (17.10.2010 10:00:52)

 Го почитувам туѓото мислење и туѓото право на грешка [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]. Се убедувам само со луѓе кои ми се важни, одамна престанав да им ги објаснувам на некои случајни минувачи во мојот живот моите ставови. Оние што ме познаваат, знаат дека не трескам на памет глупости колку да се најдам во муабет и ретко треба да им дообјаснувам нешто. Ех, кога ќе ми текне, на младост колку енергија имав за дебатирање [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image].




Bethany -> RE: Туѓи мислења (17.10.2010 14:20:31)

Ги почитувам туѓите мислења и не сметам дека ако е нечије различно од моето е погрешно.
Напротив, сметам дека е мудро да ги сослушаш мислења на другите и совети (од мудри луѓе во случај ако треба да донесеш некоја важна одлука), али наравно на крајот, јас да ја донесам мојата конечна.
Тука на форумот ги почитувам туѓите мислења, иако не секогаш се сложувам со нив.




Страница: [1]