iki82 -> RE: Corpus luteum циста во бременост (7.5.2010 13:56:02)
|
еј везилка супер што се врати, ни фалеше на сите на форумов. баш ми е мило што е се во ред сега и ти посакувам убава бременост до крајот. Мене сега ми даде да пијам Адамоска добрестон-10 дена и бромергон. И нешто осетив по неколку дена од кога почнав да ја пијам терапијава како ме боли десниот јајник , обично така ме боли кога имам овулација. И отидов да ме види и ми вика има циста цорпус лутеум 25 мм (наводно имало овулација претходно па се создала таа), иако јас искрено мислам дека беше фоликул, пошто ми даваше исти симптоми како пред овулација. Ми рече да продолжам со терапијата и да немам сексуални односи. И болката ми престана по неколку дена, најверојатно пукнало тоа што беше. да те прашам ти мислам имаш пиено добрестон за добивање, после колку време од кога ќе ги испиеш добиваш? Еве мене ми е 5 ден од кога ги завршив и уште немам абер. Почнав да се секирам[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image], а не сум бремена тоа е сигурно пошто не сум правела ништо. докторкава ми вика во рок од 7 дена треба да добиеш, а јас секогаш до сега од други хормони сум добивала на 4 или 5 ден.
|
|
|
|