RE: На одмор со бебе - што да се земе? (Целосна верзија)

Форум >> [Семеен живот] >> Излети и годишни одмори



Порака


Snowhite RR -> RE: На одмор со бебе - што да се земе? (11.6.2014 23:38:09)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Melanija RR

сируп за Т Далерон
Хансаплас
Газа стерилна и лепенка
Бетадин
Витамин Ц
Топломет
Капки за нос(синомарин)
Аспиратор за нос
Ацидиборици
Јекодерм
Крема од кантарион

Кажете ми линекс за бебе е поинаков,или?
За алергии што за до 1 година?Лоратадин сируп (ова од читање)
Хидрогенот во кој случај се става?

Што ми недостига за бебе до 1 година?[sm=smiley1.gif]
Што за убод од инсект?
Што е најдобро против комарција?За во струја и што за мачкање?


Линекс колку што знам е истиот и за бебе и за дете, би ти дополнила и електорлити или смекта, бебешка крема за сончање, капче, бела и памучна облека за бебе, за на сонце, за убод јас не сум носела ништо а за комарци до 1 година мислам дека само на Чико имаат, а над година Аутан, за во Дојран можеш газдите да ги прашаш дали имаат апаратче против комарци да ти позајмат и ти да си купуваш само патрони.
Јас би ти рекла и антибиотик да си земиш нерастворен или барем рецепта за секој случај
Друго не ми текнува




Felly RR -> RE: На одмор со бебе - што да се земе? (11.6.2014 23:40:20)

За алергија Лоратадинот мислам дека се дава после 2 години. ДО годинка Летизен/Цетиризин, мислам така дека беа, сепак во аптека консултирај се - ќе ти кажат и за дозирање според тежината и возраста.
За убоди од секакви инсекти може и синопен.




Melanija RR -> RE: На одмор со бебе - што да се земе? (11.6.2014 23:49:34)

Значи за алергија да прашам дали Лоратадин или Летизен
За убод -Синопен, Фенерган маст


Електролити за што се?
За антибиотик досега никакво искуство,а незнам колку тие нешта се наследни (не допроверено сум на Пеницилин) веројатно најдобро со педијатар да се консултирам




elenak -> RE: На одмор со бебе - што да се земе? (12.6.2014 0:09:46)

Меланија антибиотик јас стално носам нерастворен Алмацин, ама досега да не се подречеме ништо од тоа што носиме не ни притребало. Инаку штом сте во Македонија мислам немаш потреба да мкнеш толку работи, ваљда аптеки има во Дојран. Не дека во странство нема ама нели потешко се рабираме, различни имиња на лекови, па може да настане проблем.[sm=smiley1.gif]
За мачкање против комарци Чико Занза, 0+ е така да немаш гајле, а и јас сум многу задоволна, ефикасно е. Апаратче купете си за секој случај, Дојран знае да има многу комарци. За на сонце било каков фактор 50-ка, и 30-ка да купиш нема разлика (се е тоа исто само не мафтаат туку ајде [sm=smiley36.gif]) глејте што помалку директно на сонце да сте.
Колку за информација, комплет со пакет пелени сметката во аптека се движи околу 2000-2500 ден. да имаш во предвид.[sm=smiley36.gif]




Felly RR -> RE: На одмор со бебе - што да се земе? (12.6.2014 8:11:37)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Melanija RR

Значи за алергија да прашам дали Лоратадин или Летизен
За убод -Синопен, Фенерган маст


Електролити за што се?
За антибиотик досега никакво искуство,а незнам колку тие нешта се наследни (не допроверено сум на Пеницилин) веројатно најдобро со педијатар да се консултирам


Меланија, за алергија изгледа не се разбравме[sm=smiley36.gif] Лоратадин сирупот се дава после две годинннки, вие сте уште мали за него. Значи другите два што ги пишав.
Електролити се даваат за рехидратација на организмот ако се јави пролив или повраќање.
Со антибиотик ако немате искуство, тогаш и јас би ти рекла како Еленак, дека не мора да носите, сепак ако не дај Боже има нешто потреба, таму ќе се консултирате со лекар.




Melanija RR -> RE: На одмор со бебе - што да се земе? (13.6.2014 18:50:50)

Felly RR не сум разбрала [sm=smiley1.gif] се ова ќе си запишам ,а за антибиотик во право сте во Дојран ако треба ќе купам а се надевам нема да треба [sm=smiley1.gif]
Што би јас без вас [sm=smiley1.gif]




Lacrymosa -> RE: На одмор со бебе - што да се земе? (26.6.2014 14:31:44)

работи, ваљда аптеки има во Дојран. Не дека во странство нема ама нели потешко се рабираме, различни имиња на лекови, па може

Дојран има аптека.. Барем лани имаше..
Ние годинава прв пат со бебуш на одмор. Планираме Дојран пош некако ми е страв надвор да се влечкам... Ќе имаме 9 месеци ама сме малку повеќе хиперактивни и размазени па искрено страв ме фаќа како ќе се издржи... Ако успееме барем 5 дена мислам дека ќе биде ко да сме освоиле премија




Felly RR -> RE: На одмор со бебе - што да се земе? (26.6.2014 22:53:00)

Баш сега се сетив, пред некој ден кога купувавме од аптека имаше флаерчиња што да се понесе со бебе на одмор. Па еве ќе напишам се што имаше на списокот, како препорака, нели, а некои работи од списокот сметам дека не се толку неопходни.
- препарати за заштита од сонце.
- средства за ублажување на изгореници од сонце и иритации на кожата (камагел 2+, јаогел 1+)
- при убоди од инсекти (спреј против комари, течна пудра)
- стерилни гази, завои, фастери
- средства за дезинфекција на кожа и рани (Octeniseptспреј, хидроген 3% спреј)
- пробиотици - при дијареа (линекс прашок 0+, Prolife раствор/капсули 0+, пастили 4+)
- при дијареа и труење со храна (смекта)
- против опстипација (Сируп од смокви и сливи 2+)
- средства за намалување на покачена телесна температура и болки (Блокмакс, Даалерон...)
- за рехидратација во случај на дијареа и повраќање (хумана електролити)
- антибиотик и антихистаминик




Lacrymosa -> RE: На одмор со бебе - што да се земе? (8.7.2014 13:24:43)

е го исчитав списокот и ме фати паника па си реков да си изнајмам една подвижна аптека и пред некој ден бевме на педијатар и го прашав што да понесам со себе за не дај боже. му кажав каде и кога планирам да одам и ми рече само линекс, ефералган и јекодерм... јас му се напнав ама докторе што ако нешто и се случи од вода сонце итн.. Докторов фино си ми објасни дека и таму има доктори и таму има аптеки, а во секое време може да се јавам кај него така да нема потреба да се носи цела аптека освен ако не одам во џунгла или евентуално пустина... доволно биле само работи кои секако ги имаш дома ( ефаралган, линекс и сл)




Neurotoxin RR -> RE: На одмор со бебе - што да се земе? (24.7.2014 11:45:35)

Здраво
Јас сум ново зачленета на форумов, ама не сум нова во следење на темиве
Јас сум фармацевт и таму кај што работам за наша среќа има многу малечки и трудници, па од таа причина кај нас има список кој јас го приготвив за младите родители, што се им е потребно ако одат на одмор со нивните малечки, би сакала и тука да го споделам со вас

Летен одмор со деца, што треба да има вашата аптека?
Со почетокот на летните месеци, започнуваат и планирањата за летниот одмор. Секој родител стравува за здравјето и безбедноста на своето дете, па затоа, изготвивме список кој вклучува се што треба да понесете со вас доколку сте решиле одморот да го поминете заедно со вашите малечки.
Почнуваме со патувањето
Доколку знаете дека вие или вашите малечки имате т.н. болест на движење, тогаш прво на кое мора да помислите се лековите кои се земаат пред да патувате. Овој вид на лек може да се дава на деца поголеми од две години, само доколку посоти индикација за тоа, исклучиво со консултација со вашиот лекар или фармацевт.
Сонце, вода, плажа...
Пристигнувањето на одреденото место за летување, значи радост и игра, а тоа значи часови поминати на сонце. Во денови кога UV индексот е на високо ниво, се препорачува да не се изложуваме на сончевите зраци кога тие се најблиску до земјата, од 10 часот наутро па се до 17 часот попладне, меѓутоа, кога и да излегувате на сонце, заштитете ја кожата на вашето малечко, како и вашата кожа, со тоа што ќе ја намачкате со средства со заштитен фактор половина час пред изложување. Нанесувајте ја кремата секогаш кога сметате дека е измиена од вашето тело (преку вода или потење). Откако ќе заврши денот поминат на плажа, секогаш користете средтство наменето за по сончае, така ќе се регенерираат оштетените клетки од сонцето и дополнително ќе ја зацврстите текстурата на вашата кожа а со тоа ќе ја зголемите заштитата.
И покрај тоа што можеби редовно ќе го користие средството за заштита од сонце, изгореници сепак може да настанат. Понесете со себе и средство наменето за изгореници од сонце, она кое побрзо и безболно ќе ги регенерира изгорените делови од сонцето.
Не го заборавајте и средството за заштита од убоди од инсекти, малечките се најпривлени особени на комарците, но сепак ќе треба да понесети и средство кое намалува иритација од убод од инсект.
Повреди
Дете е синоним на игра, енергија, постојано движење, а тоа на отворен простор често знае да доенсе и повреда, затоа не заборавајте ги средствата за дезинфекција, завоите, газите, водоотпорните фластери, антибиотски прашак или спреј, крем за регенерација на заздравена рана и слични производи.
Лекови
Многу често при промена на одредена локација се јавуваат т.н. патувачки дијареи, поради различниот микробиолошки состав на водата за пиење и различната исхрана, тогаш се менува микрофлората во цреавата, па затоа неопходно е да понесете пробиотик за вас и за вашите малечки. Од групата на лекови неопходно ќе биде да понесете и антибиотик, медицински јаглен, антихистаминик (средство против алергија), антипиретик (средтсво против покачена температура), аналгетик (против болка), електролити.
Доколку вашето дете или вие примате некаква терапија секако не ја заборавајте да ја понесете и таа со вас.

НАПОМЕНА: Сите овие лекови земете ги исклучиво во аптека и барајте да ви објаснат исцрпно кој лек во која пригода би го употребиле, како би го употребувале и како да го чувате, особено оние лекови наменети за вашите малечки.




Neurotoxin RR -> RE: На одмор со бебе - што да се земе? (24.7.2014 11:58:40)

Неможев да пишам во една порака, беше предолга, овој список го изготвив јас, јас сум фармацевт и таму каде што работам благословени сме со мали дечиња, ги има повеќе и им направив список на родителите за помош околу летниот одмор, лично јас планирам да земам она што ми треба, затоа што незнам колку брзо би можела да реагирам и да одам да барам аптеки и доктори на место кое не ми е познато, ипак идеме првпат тројцата на одмор, подобро се да ми биде при рака. Доколку има истомисленици овој список многу ќе ви помогне. Ако има ненкакви прашања слободно пишете




Felly RR -> RE: На одмор со бебе - што да се земе? (24.7.2014 13:58:55)

Неуротоксин, добредојде на Рингераја!!! СИгурна сум дека твоите совети ќе ни бидат од голема помош. Мило ми е што реши да ни се придружиш во разговорите. [sm=smiley31.gif][sm=smiley27.gif]




Hopeful RR -> RE: На одмор со бебе - што да се земе? (9.7.2015 16:19:28)

Гледам некако пасивна темава, па да размрдам [sm=smiley36.gif] Се мислам дали има поента летово да одиме на одмор, некако со две бебиња ептен ми се гледа голем проект. Крај на август би имале полни три месеци, септември веќе и четири, и не знам дали се премали за патување во Грција, на пример, или да размислуваме локално - Охрид? Што мислите вие, дали се премали? Некако ме фаќа паника на самата помисла, посебно дека се две, но читајќи ги претходните постови, стварно држи вода она дека следното лето здравје, би било далеку понапорно, па може ова ќе биде мирен одмор... На доење и АД се, бар тоа е едноставно...




blue_blue -> RE: На одмор со бебе - што да се земе? (10.7.2015 10:40:01)

Hopeful, мој најдобронамерен совет е со децата да не одите никаде на одмор додека не наполнат 3 години. Многу ќе сакав мене некој да ми го кажеше ова и да не фрлев едно чудо пари на „одморот“ во Турција....Две деца се на кои до таа возраст секоја промена од нивната рутина им е проблем....нова средина, нов кревет, изместено време на спиење, спремање на АД или каши додека се помали, а на 1,5 или 2 години мислам дека е најложа возраст за одмор зошто ни ти ни маж ти нема ни О да видите од одмор. Го имате целиот останат живот после 3 години за заеднички одмори во кои сте ќе уживате. На одмор се оди да се одмориш од секојдневни обврски а со две деца под 3 години не само што нема да се одмориш него ќе биде константна борба и напор....мој совет ти е да си одите со маж ти на кратки викенди сами кога децата нема веќе да ги доиш и така до 3 години....се друго, од мое искуство и искуство на сите околу мене со близнаци е мачење....




lukajana RR -> RE: На одмор со бебе - што да се земе? (10.7.2015 17:46:26)

Се согласувам со blue blue со деца до три години одморот е замор.Ние лани отидовме на викенд со бебе од три месеци и беше ужас ,си отишол за на плажа а бебе сака да спие да цица па се мкнеш наваму натаму ,лошо во секој случај.
И оваа година се мислиме за некој краток одмор или барем еден два викенда ама мислам дека бетер од лани ке биде па незнам дали да се изложувам на непотребни нервози или да си седам мирна дома[sm=smiley36.gif]




mommy_angels RR -> RE: На одмор со бебе - што да се земе? (10.7.2015 18:42:27)

И јас се согласувам дека близначињата се многу мали за одмор и тоа ќе ти биде умор [sm=smiley36.gif].Од другото лето можеби попаметно ќе биде да си планираш,а летово баш како што вика Блу некако најди начин тука да се релаксираш.
Инако јас лани,кога дете ми беше 2 год.супер си поминав.Се надевам така и годинава ќе биде.Е сега преееемногу алишта м'кнев,така да годинава малце по рационално ќе пакувам [sm=smiley36.gif].Мене must have на одмор со дете ми е сируп за Т,Јекодерм(за секој случај),млеко со соодветен фактор,Линекс и аутан.Се друго ми е џабе влечкање.Сепак во урбана средина одиме на одмор,не во џунгла.




Andriance -> RE: На одмор со бебе - што да се земе? (12.7.2015 22:58:41)

Lelele lugje, abe kako taka sovetuvayte da ne se ide na odmor so deca do tri godini??? zasto pobogu?? pa dali ima nesto poubavo za niv od more ili planina...moze samo da im bide ubavo a vie sekako kje se pomacite malku..baska sto deca na vozrast od tri meseci samo cicaat i spijat ( ili AD) sto znaci imate vo sekoe vreme hrana koja e sterilna..pa cel svet bre ide na odmor so deca so dve pa i so tri..a vie sovet sedi doma???
Iskreno, togas i neprajte deca ako smetate deka vi se tovar da gi odnesete na odmor..pa i da treba da se zeme krevetce ( ili vo hotel sekako kje vi dadat) i se ona sto od osnovni rekviziti mu e neophodno...
e sega i ja ne bi Turcija, zaradi mnogu razlicna klima i dalecina, ama ohrid ili grcija..milina bre...nosi deca na odmor majka i uzivajte site kako cel normalen svet!




Hopeful RR -> RE: На одмор со бебе - што да се земе? (12.7.2015 23:52:04)

Ме замисливте, да ви кажам искрено... не дека не сакам, сакам и тоа ептен, само не можам да замислам на што ќе личи еден обичен ден. Тие цицаат на секои два часа, плус се со АД. Како ќе ја носам дохраната - да правам секое сабајле по сто шишенца и да седат во фрижидерче, или да мучкам на плажа? Можеби ќе почнеме со викенд во Охрид, чисто за проба, па ако е ок, доаѓа предвид и Грција. Секако е добро за нив морски воздух, тоа неспорно. А може па до тогаш ќе пркнат уште малце па нема да ми изгледа одморот толку голем предизвик [sm=smiley36.gif]




vezilka RR -> RE: На одмор со бебе - што да се земе? (13.7.2015 15:14:31)

Hopeful, жива вистина е дека одморот со мали деца не е воопшто сличен на одморот од пред тоа, во смисла на книга и пивце и цел ден на лежалка, на пример. И различните совети доаѓаат од различните искуства, нели сепак сите деца се различни, некои се позахтевни, некои се помирни. На пример, додека јас трчав по цела плажа ко луда по Никола, дури на моменти мислев дека и до другиот град ќе стигнеме така бркајќи се, соседите до нас си лежеа на лежалкине баш со книга у раце, а малото си седеше до нив и си копкаше во песокот. И нормално, ја ќе ти кажам напорно е, а таа, соседката од лани, ќе ти каже не бе, супер е. Исто и за менување на рутината и средината, ние па со тоа немавме проблем, а внука ми на пример се и се изремети и десет дена на првиот одмор се корнеше од плачење. Некои работи не можеш да ги предвидиш однапред и затоа треба да бидеш спремна на се [sm=smiley36.gif]. тоа е муабетот.
А ако решиш да одиш ќе си набавиш реквизити кои ќе ти ги олеснат работите, как мна пример многу шишенца, термосчиња, од оние термосите во два дела каде во едниот стои прашокот (млекото) а во другиот водата, па со одвртување се помешуваат(хихи не знам како се вика, па вака описно) и слични тракатанци.




Hopeful RR -> RE: На одмор со бебе - што да се земе? (13.7.2015 15:27:16)

vezilka RR, е ова е совет и мислење на место, се е до индивидуалното искуство, во право си. Може па и јас премногу паничам, а може па и сум наивна па немам поима што ќе ме стрефи [sm=smiley36.gif] Такви термоси не сум знаела дека постојат, ама баш супер што ми ги спомна, тоа е магичното решение, ми се чини. Ако знаеш да ми кажеш и кај ги има, па да видам како функционираат на пократки дистанци - во парк [sm=smiley36.gif]





vezilka RR -> RE: На одмор со бебе - што да се земе? (13.7.2015 15:54:08)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful RR

vezilka RR, е ова е совет и мислење на место, се е до индивидуалното искуство, во право си. Може па и јас премногу паничам, а може па и сум наивна па немам поима што ќе ме стрефи [sm=smiley36.gif] Такви термоси не сум знаела дека постојат, ама баш супер што ми ги спомна, тоа е магичното решение, ми се чини. Ако знаеш да ми кажеш и кај ги има, па да видам како функционираат на пократки дистанци - во парк [sm=smiley36.gif]



Мислам дека ги гледав на сајтот на Бебесупермаркет.




Страница: <<   < Претходна страница  1 2 3 4 [5]