mami2 -> RE: Козметика против комарци? (2.6.2011 23:36:32)
|
Користам Занза но, откога е родено големово, ефикасен препарат е. За него од лани купив Аутан јуниор, се е во ред, нема алергии, осипи и сл., плус во спална има и апаратче на ултразвук. Мене ми прашање дали има некој кој купува препарати на Chicco Zanza no, ама во странство. Кај нас нешто ми е сомнително, на ниеден од препаратите нема датум на производство, отпечатен на амбалажата, термо печат, како ли се вика, а е италијански производ?? Има само на декларацијата на македонски јазик ама неа ја лепи увозникот и дистрибутерот, па може да пишува што му одговара. А во муабет во аптека ми рекоа дека ги повлекле сега цела линија, ама ќе донесат веднаш. Се прашував да не прелепуваат нови декларации само со нови рокови на употреба. Ако има некој купено од странство, нека провери. Ми доаѓа и во некоја инспекција или телевизија [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image] да се јавам, зашто сепак тоа е нешто за бебиња.
|
|
|
|