Бебе на плажа !? (Целосна верзија)

Форум >> [Семеен живот] >> Излети и годишни одмори



Порака


Палешка РР -> Бебе на плажа !? (9.5.2010 10:04:14)

Доаѓа период на летни одмори. Дали вашето мало бебе би го носеле на плажа?
Еве неколку совети:

Пред да одите на летување добро проверете каква е плажата, дали има сенки, каков е песокот, дали има тушеви и слично. Наутро поминете околу два часа на плажа, но никако не подоцна од 10-11часот затоа што сонцето помеѓу 10 и 17 часот е најјако. Попладне, децата можат да си играат на плажа и нема да имаат изгореници, и со малку внимание убаво ќе поцрнат.

 Нежната детска кожа е многу осетлива на сонце

    Детската коже е осетлива на сончевите зраци како на оние топлинските така ина UVA и UVB спектарот од повеќе причини. Површинскиот слој е потенок колку што децата се помали и скоро и да не пружа никаква заштита. Површинскиот слој истотака се состои и од една врста на масна наслага како некоја врста на емулзија односно тенок заштитен филм и вода, и има огромно значење во заштитата. Кај малите деца таа заштита изостанува затоа што лојни жлезди сеуште не се во функција. И на крај, механизмите за создавање на меланин - пигменти која ја даваат бојата сеуште не се зрели. Меланоцитите, која го создаваат меланинот на детска возраст сеуште не се во состојба целосно да ја хранат кожата. Механизмите за терморегулација сеуште се млади и нивната функција е слаба се до шестиот месец. Доенчето не е во можност со потење да ја намали зголемената температура, така што тој период е осетлив на топлотен удар и висока надворешна температура.


Доенче и сончање


  Доенчето во првите месеци па се до шестиот месец не смее воопшто да се сонча, а престојот на плажа треба да се планира многу внимателно. Детето треба да се облече во памучна облека и да се држи во ладовина или под чадор за сонце, кој дава добра сенка. На главата секогаш треба да му ставите капа со штитник. Дури и кога сте сигурни дека детето е добро заштитено, не заборавајте дека ултравиолетовите зраци се одбиваат од водата и песокот. Тоа најдобро ќе го увидите кога бебето кое добро сте го чувале во сенка, добило боја. Децата до една година треба да се заштитат со креми за сончање со фактор 20-25 ако се со светол тен, а за деца со потемен тен доволен е фактор 10-15. Но, не треба да заборавите дека ниту една заштита не спречува воспаление и оштетување на кожата ако строго не се придржувате на правилата за постепено сончање - првиот ден 10-15мин, вториот ден 20мин., третиот половина час, потоа и до час кога кожата ќе стане најотпорна. Детскиот лосион за заштита од сонце Johnson KIDS, со заштитен фактор 35 дава доготрајна заштита која трае и 80мин, што е двојно повеќе од други креми. Оваа нова крема на Johnson е со убав овошен мирис.


 Креми и лосион за сончање

  Ако земеме дека детето првиот ден треба да биде на сонце 10тина мин. без заштитно средство на кожата, тогаш кремата со заштитен фактор 15 на пример би значела дека може да остане 15 пати подолго односно (15 х 10 = 150мин.). Меѓутоа, теоријата е едно, а реланоста друго - и со најдобрата заштита предолгото сончање е строго забрането! Треба да се знае дека по бањањето голем дел од заштитната крема се губи и потребно е повторно да се нанесе. По правило децата со светол тен и коса им треба поголем фактор на заштита. Престојот на сонце подолго од еден час ја оптеретува и кожата и организмот. 

 Фактори на заштита

  На повеќето козметички производи на реномирани фирми, не само на кремите за сончање, се потенцира заштитата од UVA и UVB зраците. Што значат тие ознаки? Сончевата светлина се состои од видлив спектар (од црвено до темновиолетова боја гледано кога прзмата ја прекршува светлината) и од невидлив спектар, од ултравиолетова до инфрацрвена боја, топлински и други зраци. UVB зраците се многу поинтензивни и подиректни од UVA зраците, и предизвикуваат црвенило и изгореници на кожата и стимулираат создавање на меланин. UVA зраците се многу поблаги, но и тие длабоко продираат па дури и 20% поминуваат низ облеката на бебето. Овие зраци на некој начин го довршуваат и зацврстуваат процесот на погментација на кожата. Токму на тие сознанија се произведуваат кремите за заштита од UVA и UVB зраци. На тој начин се постигнува најдобар резултат : спречување на изгореници, а постигнување на убав тен. Најновите производи имаат ознака и IR, што значи заштита и од инфрацрвени зраци. Овие креми се наменети за деца помали од две години, затоа што спречуваат прегрејување и сончаница што полесно се појавува кај деца помали од две години.

 Бањање

  Никогаш не ги присилувајте децата да бидат во море ако тоа тие не го сакаат. Доенчето не го бањајте во море, затоа што може да дојде до непознати иритации на кожата. Детето постаро од една година секогаш треба да има гакички, а ако го прекорачило времето за сончање облечете му и памучна маица. Не заборавајте дека водатата (ниту морска нито слатка) не штити од сонце, уште повеќе сончевите зраци се појачуваат.





Палешка РР -> RE: Бебе на плажа !? (9.5.2010 10:10:31)

Сончевата светлина содржи ултравиолетови зраци, кои можат да му нанесат краткотрајна или долготрајна штета на вашето бебе. Сонцето може да предизвикаат многу повеќе од неудобност и болка. Значителните изгореници во детството може да предизвикаат развивање на рак на кожата подоцна во животот. Бебешката кожа е многу нежна и треба да биде правилно заштитена од сонцето. Како и возрасните, така и бебињата со посветол тен треба повеќе да се заштитуваат, дури и во облачни денови. Можете да ја заштитите нежната кожа на вашето бебенце со помош на кремови со заштитен фактор или со покривање на кожата.

Кремови за заштита од сонце

Бебешката кожа треба да биде заштитена со крем со висок заштитен фактор. Секогаш употребувајте кремови за заштита од сонце, кои се специјално наменети за заштита на бебешка кожа. Ако употребувате кремови за возрасни, можете да предизвикате иритација на бебешката кожа. Користете кремови со висок заштитен фактор (SPF50), за да му осигурите на вашето бебе максимална заштита од ултравиолетовите зраци. Но, внимавајте. Кремот нема да стои цел ден на кожата на бебето. Дури и да стои кремот по кожата, не го оставајте бебето изложено да сонце кога е висока температурата.

Облека за заштита од сонце




Облеката е потребна за заштита на бебешката кожа од сонцето. Капата е можеби првото нешто што ви доаѓа на ум, кога станува збор за заштита од сонцето. И во право сте да мислите така. Капата ја заштитува нежната кожа на лицето на бебето и го заштитува главчето од силното сонце. Најдете капа која ќе му биде удобна на вашето бебе, за да не ја вади постојано. За да го заштитите телото на бебето, потребно е да му облечете маица. Маицата треба барем да биде со куси ракави, затоа што рамената се сончаат најбрзо кога се изложени на сонце.

Чадор за заштита од сонце




Најдобро е на плажа бебето да биде заштитено со чадорче. Користете и дополнителна заштита за бебето, кога го изложувате на сонце. Постојат мали чадорчиња кои се прицврстуваат на количката, за да биде заштитено вашето најмило додека сте на прошетка. Можете да го менувате аголот на чадорчето за да ја заштитите максимално кожата на бебето. На плажа пазете да не го изложувате бебето на сонце, особено од 10 до 5 часот. Користете ги сите можни начини за да ја заштитите неговата нежна кожа. Дури и да е облачно, вие погрижете се вашето бебе да биде заштитено од ултравиолетовите зраци, кои продираат и преку облаците.




Milicka -> RE: Бебе на плажа !? (23.5.2010 17:24:09)

ova ti bese stvarno super, mnogu potrebni informacii a dali se preporacuva mackanje na dete do 1 godina so sredstvo protiv komarci i koe?




Тања РР -> RE: Бебе на плажа !? (23.5.2010 18:23:11)

Миличка за козметика против комарци имаме дискутирано ТУКА.




*miki mami* -> RE: Бебе на плажа !? (8.7.2010 13:02:20)

мм сака да одиме на одмор,а посе изгледа и ке одиме и јас сакам не дека не...[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image] ама многу ми е страв со бебуш...[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/duda.gif[/image]планираме на средина на август да одиме до тогаш ке има 6 месеци.                                                                                      
ако има некој искуство со 6 месечно бебе на одмор нека пише...[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




baby mama -> RE: Бебе на плажа !? (13.7.2010 16:15:14)

Дај препорачајте некоја подобра заштитна крема за сонце, освен Бекутан. Со што сте ги мачкале Вие вашите дечиња кога сте биле на одмор? 




emma1 -> RE: Бебе на плажа !? (21.7.2010 13:04:04)

i nie ke odime na sredina na avgust a togas samo sto ke napravi 5 meseci. me faka strav mnogu ama ako ne se opustam od moite stravovi nema od doma da mrdnam :)). veke 2 pati skrsivme led vo Ohrdi ama sega planirame vo Grcija da odime, malku podolg pat od Ohrid se nadevam deka se ke pomine vo red. znam mnogu luge sto odele i so pomali bebinja no sepak za mnogu raboti se plasam uste sega me faka panika




Albi -> RE: Бебе на плажа !? (21.7.2010 18:55:28)

Paleska fala mnogu za temata i mnogute korisni podatoci nie misleme da odime ama mene me faka strav duri i septemvri da odime togas maliot ke ima 5 meseci a septemvri mesec pa se znae kako e dali nekoj ima iskustvo so 4 mesecno bebe na more ??




Maca25 -> RE: Бебе на плажа !? (21.7.2010 19:12:46)

ИЗВОРНА ПОРАКА: baby mama

Дај препорачајте некоја подобра заштитна крема за сонце, освен Бекутан. Со што сте ги мачкале Вие вашите дечиња кога сте биле на одмор? 


Солевал на Росал и на Гарниер се супер. ги имам пробано




jovanka -> RE: Бебе на плажа !? (21.7.2010 23:25:17)

ИЗВОРНА ПОРАКА: baby mama

Дај препорачајте некоја подобра заштитна крема за сонце, освен Бекутан. Со што сте ги мачкале Вие вашите дечиња кога сте биле на одмор? 

lani so Vishy 50 faktor so termalna voda,Bubshen isto faktor 50 no najvazno e da se namacka deteto polovina cas pred da se izlozi kozata na sonce za da moze samata koza  kremata ili mlekoto da ja apsorbira za da ima efekt a posle po saat dva na plaza samo da se premackaat osetlivite mesta ili posle samoto izleguvanje od voda.A katastrofalna greska se pravi nanesuvanje na zastiten krem ili mleko so samoto pristignuvanje na plaza.




kromitce -> RE: Бебе на плажа !? (22.7.2010 9:31:14)

 јас додуша не го носев моето дете ептен мало на плажа ама прв пат беше кога имаше 1 годинка. чадор обавезно, крема за сончање со 50 фактор и бела маичка и капа. првата вечер се шетавме низ градот тој си спие во количка а јас си викам вака било супер[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]. барем на раат со маж ми ке се прошетаме и така едно саат-два си се шетавме.
кога станав утредента од спиење малиот од глава-до пети изеден од комарци. па не само што беше изеден туку и потечен. среќа си носев sinopen па брзо му помина. ама на плажа сите прашуваа да не има сипаници. од тогаш до сега секоја година прво мислам на аутан за мачканје и raid за во струја.
па добро поминуваме
а на плажа сега веке е голем и немам многу обврски. инаку порано мачкање и такви ми ти работи нон стоп[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/ribica.gif[/image] 




Калина28 -> RE: Бебе на плажа !? (27.7.2010 9:30:57)

Андреј на месец и пол сакаме да го носиме малце надвор од Скопје, мислевме маврово педијатарот ни рече дека е превисоко и ни препорача Преспа...а можеби Дојран, какви се вашите искуства?




emma1 -> RE: Бебе на плажа !? (27.7.2010 10:01:21)

nie prvpat go odnesoovme vo Ohrid na nepolni 3 meseci i se bese ok, po pat vo glavno spiese. toj period vo skopje bese strasno zesko taka da i ohrid bese topol i dobro go podnese. stom vi rekol pedijatarot deka mu e rano za na planina pricekajte uste nekoj mesec




skvo -> RE: Бебе на плажа !? (27.7.2010 10:20:31)



Дај препорачајте некоја подобра заштитна крема за сонце, освен Бекутан. Со што сте ги мачкале Вие вашите дечиња кога сте биле на одмор? 


Ja sam do godine dana koristila Mustela kremu 50 faktor, a ove godine smo koristili Nivea 30.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




beki RR -> RE: Бебе на плажа !? (27.7.2010 12:08:15)

Ние за Ана користиме гарниер за деца.Супер е.Го препорачувам.




kutre -> RE: Бебе на плажа !? (27.7.2010 14:58:48)

Na 6 mesecna vozrast go odnesovme sinceto na skijanje vo Banko vo Bugarija. Pominavme super i bas si rekovme zosto letoto koga imase samo 2 meseci ne go odnesovme na more. Mojata cimerka od poragaj na 2 meseci ja odnesoa maleckata vo Grcija i pominaa odlicno. Pomalo bebce pomalku obvrski: nema gotvenje, nema kupuvanje kashicki...samo mlekce i ste zavrsile rabota. A ako razmisluvas da ne se razboli,da ne se sluci nesto neplanirano, togas nikogas nema da izlezes od doma.




Калина28 -> RE: Бебе на плажа !? (27.7.2010 20:25:28)

така е така е.. [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] умни прошетки и одмори на сите ни годат[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]... позздрав




Страница: [1]