Snowhite RR -> RE: Игри за деца (11.5.2010 14:48:19)
|
Еве уште: Бројалки Сложениот облик на говорот го пронаоѓаме во бројалките. Достапни се за децата затоа што се паметат лесно, имаат ритам и се мелодични. Прифатливи се за децата од предшколска возраст затоа што искажуваат елеметарност, едноставност и се кратки. Бројалката одредува кој ќе мижи, кој ќе брка, кој ќе биде во игра. Најпрво се застанува во круг: со кажување на бројалката раката служи за пребројување, каде што со последниот изговор на бројалката, играта започнува. Никој не се спортиставува затоа што нема можност за лажење и одредување на неблагодарни улоги. Златната доба на бројалките се смета дека е меѓу 4-5 години, затоа што воспитувачите сметаат дека децата не ги интересира ништо толку многу колку бројалките и поради тоа нивните цртежи се составени од содржианта на бројалките, со сето тоа децата го развиваат памтењето и го ослободуваат говорот. При учење на нови бројалки воспитувачот е тој кој што треба да го одржува карактерот на играта. Тоа значи дека не треба да биде диктатор и да им кажува што да прават и како да седат, туку само да им ја објасни играта и таа да си добие добар тек. Тоа подразбира да децата се наместат во круг и да почнат со кажување на бројалката која сами ќе ја одредат. Секој оној кој што ќе испадни во текот на кажувањето на истата добива улога да го одржува тактот (на удиралка, раце, нозе) и се така додека не остане последниот. Потоа тој избира песна која ќе ја кажуваат за него со добро подготвена ритмичност на истата. Групата деца што ќе ја кажува бројалката не треба да биде голема затоа што повторувањето на истата бројалка ќе им стане досадно на децата. Кога децата ќе ја научат бројалката проследена со низа занимливости треба да ги научиме и да го одржуваат и ритамот на истата. Тоа можеме да го направиме со воспоставуање на игри. Методиска постапка: нека се натпреваруваат нивните раце и нозе. Додека ја изговараат бројалката, истовремено да чукаат со нозете и плескаат со рацете. Тоа дете кое нема да погреши е победник. Или малку посложена игра. Децата се делат на три групи. Додека ја кажуваат бројалката првата група да се врти во круг еден по еден, во правец на стрелките на часовникот. Втората група да се врти во обратен правец веднаш до нив, а третата група да врти околу првите две. Оно кој што ќе се турка или пак погреши губи. За учење на ритмиката на бројалките се користат разни игри. Методиска постапка: играта „Што е тоа?“ Се изведува на тој начин што воспитувачот претходно припрема некои слики, предмети и слично кои децата ги познаваат. На ритмичкото прашање „Што е тоа? Децата со ритмика го кажуваат одговорот. Најпрво воспитувачот користи еднсотавни зборви со долготраенакцент: зајак, волк, мрава, лист; потоа зборови со краткотраен акцент: брат, крт, лав. После тоа преминува на двосложни зборови: ружа, врата, грозје, па и на тросложни: лизгалки, ѕвончина итн. Слична игра на ова е „Како се викаш?“ на ист начин се дава одговорот, т.е. децата со кажување на своето име го даваат одговорот. Воспитувачот ги прашува децата: „Како се викаш?“, притоа прашањето го изговараат ритмички. Детето исто така ритмички одговара: „Јас се викам Душица’ или „Јас се викам Мартин“ итн. Наместо децата да велат „Јас се викам...“ можат да го кажат своето име и презиме.
|
|
|
|