Палешка РР -> Базална телесна температура (4.4.2009 20:12:17)
|
Како да го пратите природниот циклус на жената и да го ги одредите плодните денови со помош на мерење на телесната (базалната) температура? Заедно со промените во количината и структурата на цервикалниот секрет и мерење на телесна (базална) температура е еден од сигурните показатели на овулација. Како и кај другите методи, доколку за време на неколку циклуси, редовно и внимателно ја пратите базалната температура, ќе ви биде познат денот на зголемена температура, а со тоа и времето на овулација кое настанува 2-3 дена пред тоа. За време на овулација, базалната температура се зголемува за 0,3 до 1°C. Ова зголемување настанува, поради тоа што вашето тело по одвојување на јајните ќелии започнува да се подготвува за зачнување и произведува прогестерон, поради што доаѓа до зголемување на базалната температура. Секое зголемување на базалната температура, не значи дека дошло до овулација, затоа е важно секој ден внимателно да се следат промените. Доколку температурата одеднаш се зголеми и продолжува да се зголемува 2 дена потоа, тој период претставува овулација. Плодни денови настапуваат 2-3 дена пред зголемување на температурата и можеби, уште на денот на зголемената температура. По овулација температурата останува зголемена за 0,2°C, се до следниот менструален циклус, кога се враќа на нормално ниво. Доколку во тек на овулација дојде до зачнување, телесната температура останува зголемена. (Преземено од рингераја) Јас мерам базална температура и ја запишувам во графикон на http://www.fertilityfriend.com/ Регистрирајте се, можеби тоа ќе ни помогне.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]
|
|
|
|