Кондом (Целосна верзија)

Форум >> [Партнерство] >> Сексуалност



Порака


mami -> Кондом (10.7.2009 14:48:35)

КОРИСТЕЊЕ НА КОНДОМ  

Правилно користени, кондомите овозможуват заштита од ХИВ, други СПБ и бременост. Ако високо-квалитетен кондом се скине, тоа речиси секогаш се должи на неправилна употреба. Доколку се продолжи со коитусот и после ејакулацијата постои ризик од истекување на спермата. Кондомот исто така може да се слизне од пенисот. Постојат начини за избегнување на овие проблеми.   Што е важно при користење на кондомот?  
  • Мажите кои не знаат како се користи кондом, потребно е да купат едно пакетче, и следејки ги инструкциите во упатството да пробаат да ги употребат. Подобро е да се научи како да се употребува кондом во смирена состојба, отколку при сексуална возбуда или нервоза.
  • Внимавај со нокти или прстени да не го оштетиш кондомот кога ќе го вадиш од обвивката. Кога прстите се суви, кондомот се вади лесно. Ако прстите се лепливи, кинењето на обвивката е потешко. Никогаш немој да ја кинеш обвивката со заби (како што многумина прават). Подобро избриши ги рацете. Оштетениот кондом не овозможува соодветна заштита.
  • Провери на која страна се одмотува кондомот.
  • Држи го врвот на кондомот (кој понекогаш е со мало проширено врвче за да ја собере спермата) меѓу палецот и показалецот, за да го истиснеш поголемиот дел од воздухот од кондомот.
  • Стави го кондомот на врвот од пенисот и одмотувај го надолу до каде што е можно. Види колкав дел од пенисот е покриен со кондомот. Дали кондомот стигнува до коренот на пенисот или многу погоре?
  • Ако ги следиш горните инструкции, кондомот ќе ти пружи максимална заштита. За време на односот добро е да провериш со прстите дали кондомот е на место. Ова е особено важно ако кондомот не стигнува до коренот на пенисот, бидејќи во ваков случај многу поверојатно е тој да се одмота.
  • Кога користиш кондом при вагинален или анален однос, не треба да продолжуваш со коитусот после ејакулацијата, дури и ако се уште имаш ерекција и посебно ако кондомот не стигнува до коренот на пенисот. Постои ризик спермата да се истисне од кондомот и да влезе во твојата партнерка. Полесно е да се прекине односот ако твојата партнерка доживеала оргазам пред тебе. Пробај да го постигнеш ова. Ако не успееш, помогни и'' на партнерката да доживее оргазам на некој друг начин.
  • По ејакулацијата, извади го пенисот надвор пред да се спушти, во спротивно постои значителен ризик кондомот да се слизне внатре во вагината или во анусот. Кога го вадиш пенисот надвор, придржувај го кондомот со прстите.
  • Ако сакаш да бидеш посебно внимателен (што е посебно добро при анален однос поради поголемиот ризик од ХИВ инфекција), можеш да го извадиш пенисот надвор пред ејакулацијата и да го завршиш односот ејакулирајќи надвор.




mami -> RE: Кондом (10.7.2009 14:52:03)

кондомот е особено важен момент и единствен начин да се заштитите и од бременост и од болести во исто време...
Додека бев немажена не доаѓаше во предвид да имам односи без кондом, единствено со мм ми се случи неколку пати и после се убив од мислење дали сум или не сум бремена..Затоа дами мои користете кондом




Еца -> RE: кондом (10.7.2009 15:01:25)

[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]  Користете кондоми, имајте сигурен секс! Заштитете се и себе и своето потомство.Користете кондом и заштитете се од несакана бременост.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] 




mami -> RE: кондом (17.7.2009 12:01:02)

моментално имам некоја инфекција и додека сум на терапија имам препорака да користиме кондом, за да не си играме нати го дај ми го со вирусот[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]
Затоа мили, користете кондом, за ваше здравје




milijana -> RE: кондом (17.7.2009 15:45:47)

Fala mu na toj sto go izmislil.Ako gi prasate mazite oni nikogas ne bi ni stavile, a..sovesnata zena vikaat ,,Vo tasna sekogas imala barem eden kondom,, Se e stvar na vkusovi, no dokazano e deka so kondomot nie zenite sme najzastiteni.Nekoi zeni stavaat i dijafragma..no, edna moja komsika i pokraj toa ostana bremena..pa eve ja sega samo kondomi kupuva..oti mazot i nemal navika da kupuva pa se karale okolu zastitata. I devojkite (a, znaeme deka deka denes skoro sekoja ima odnos) mora da koristat kondom, barem da go tera partnerot da stava..zosto sepak so bakterii i virusi..nema igracka...a da ne spomnuvame ,,nesakana bremenost,,Definitivno sum za ,,kondomi,,Pozz




mis. -> RE: кондом (17.7.2009 17:53:57)

А да ве прашам кај вас кој купува кондоми вие или сопругот?




mami -> RE: кондом (17.7.2009 18:08:10)

кој стигне[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]некогаш јас некогаш тој..мислам додека бевме дечко и девојка само еднаш имам купено јас, тој како прав џентелмен секогаш имаше..заедно купувавме кога бевме на одмор во англија и не гледаа смешно во продавница бидејќи земавме 4-5 паковања [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]а сега откако сме во брак кој стигне тој купува




mami -> RE: кондом (30.9.2009 13:23:21)

зошто е важна употребата на кондом-

-Кога спиеме со некој , не спиеме само со него, туку и со сите луѓе со кои што спиел нашиот партнер претходно. Важно е луѓето да сфатат колкав е ризикот и на што се се изложени, односно да не заборават да користат кондоми, како и да отидат на лекарски преглед од време на време.  (цитат од еден текст)




mother 29 -> RE: кондом (30.9.2009 13:31:16)

МАШКИ КОНДОМИ

Ова се средства најчесто направени од латекс гума и служат да го спречат и да го задржат продирањето на семената течност во вагината.
Кондомите претежно се направени од релативно цврст зид (0.0065-0.085 mm), како би се спречило нивното пукање.
Јапонските кондоми се тенки и до 0,02 мм кои се достапни сега низ целиот свет.
Изборот на кондомот е личен во зависност од желбата на поединецот.
Кондомот се користи како „навлака„ која се става преку пенисот кој е во ерекција, пред започнување со полов однос и се користи во текот и до крајот на сексуалниот чин.
Кондомите претежно се намачкани со spermicidom nonoxynol-9, поефикасни се од оние кои се без спермицидом.
Ризикот на пукање на кондомот изнесува околу 3% и се верува дека причината е поврзана со триењето.
Латекс кондомите, како и другите методи на контацепција смалуваат ризик на сексуално преносливи болести: гонореа, уреоплазма и болести кај воспалување на карлицата.
Истотака да се напомене дека и тие болести се намалени со честата употреба на кондомите. Ин витро тестирани Chlamidya trachomatis, херпес од типот 2, HIV и хепатитис B не продираат низ латекс кондомот.
[image]http://www.inter.co.yu/magazin/slike/planiranje-porodice/kondom.jpg[/image]

Додатна заштита обезбедува и spermicidom nonoxynol-9.
Кондомите играат и многу голема улога при заштита на партнерот од HIV заразените личности.
Постојаната употреба на кондомите дава поголема заштита одколку нередовната употреба.
Вагиналниот спермицид треба да се користи како додаток на кондомите, кога заштитата од инфекции е основна грижа ( и не мора во зависност од партнерот )
Кондомите донекаде и даваат заштита од цервикална неоплазија.





nelka -> RE: кондом (3.10.2009 18:51:18)

i nie dodeka da ostanam bremena ne koristevme nisto,no otkako se porodiv pocnavme po mesec i pol da imame odnosi,prvite nekolku pati bez kondom ama sekoj den mislev koga ke mi dojde.kupiv i test za bremenost slucajno da ne sum ostanala bremena...i sto jas ke se tresam i pretresuvam seka sekoj odnos ni e so kondom.najsigurno.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




mami -> RE: кондом (6.10.2009 13:41:10)

9 добри причини за користење кондом:

1. Тие се најдобар метод за контрола на раѓањето

2. Кондомите немаат ниту едно од несаканите дејства кои ги имаат другите контрацептивни средства

3. Ги употребуваме само тогаш кога ни се потребни

4. Не предизвикуваат биолошки промени во организмот на жената

5. Можат да се купат секаде и не ви треба рецепта за нив

6. Помагаат во спречувањето на ширењето на сексуално преносливите болести вклучувајќи ја и Сидата

7. Помагаат во спроведувањето на заштитата од појава на рак на матката

8. Го прават сексот почист

9. Може да го проверите после сексуалниот однос со што со
сигурност ке знаете дали сте го употребиле правилно




big_mama817 -> RE: кондом (6.10.2009 13:44:39)

[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




vezilka RR -> RE: кондом (6.10.2009 13:52:06)

[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]
можеби треба да се делат флаери со оваа содржина па ќе им стане појасно на луѓево..[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




mami -> RE: кондом (7.10.2009 10:34:20)

Што треба да се запомни за кондомите

- научи како да го ставаш и вадиш кондомот пред да го употребиш за прв пат
- разговарај за кондомите со својот партнер пред да имате секс
- секогаш имај пакетче кондоми при рака- биди подготвен
- провери го датумот- употребливо до..
- пробај различни типови кондоми и најди го оној кој најмногу ви одговара и на двајцата
- секогаш употребувај нов кондом
- внимавај- со ноктите и прстените може да се оштети кондомот
- немој да ја прекинуваш сексуалната игра за да го ставиш кондомот- направи тоа да биде дел од  сексот




mami -> RE: кондом (8.1.2010 9:50:39)

Кога ке дојде вистинскиот момент, како ке ја започнете темата за користење на кондом?
Пробајте со некоја од овие сугестии:

- Зошто да не употребиме кондом?

- Ќе ми го ставиш ова? ЈАс ќе ти покажам како...

- Не пијам пилули, може ли да употребиме кондом?

- Твои или мои кондоми?

- Знам дека не пиеш пилули, ајде да употребиме кондом

- Среќа што купив кондоми

- и за двајцата е безбедно ако користиме кондом

- Ако ти не се грижиш дали ке употребиш кондом со мене, тогаш ти не си правата личност со која јас сакам да водам љубов





mica -> RE: кондом (14.1.2010 1:48:01)

jas iskreno dosega ne sum imala seks so kondom:)i ne znam kakvo e cuvstvoto bidejki samo so mm imav prv seks i den denes sme zaedno:) no nemame navika da koristime kondomi , nekoi velat deka na mazite ne im bilo ubavo seks so kondom ne bilo to to:) ne znam kolku e tocno:) za dokolku se raboti za nekojsi virus togas bi bilo korisno da se koristi , dosega ne sme imale takov problem.




bazebaze9 -> RE: кондом (27.1.2010 17:29:22)

користете кондом најсигурно и без главоболки.. [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




Тивко -> RE: кондом (6.2.2010 18:06:44)

Без два кондома не излевај од дома !!!![image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/kuza.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zajcek.gif[/image]




simona_popovska -> RE: кондом (23.2.2010 19:37:32)

jas koristam




Тивко -> RE: кондом (23.2.2010 21:18:45)

Simona koj pol si!? Lol zenski kondomi li!?




Bibi_S -> RE: кондом (23.2.2010 22:51:26)

Првпат употребивме кондом за време на бременоста т.е сега и тоа само неколку пати. И двајцата ги мразиме ама кога мора мора. Сега си викам сум имала среќа со мм што не сме имале никакви инфекции или вируси за да си пренесеме. Инаку со овој памет сега, никогаш не би си дозволила секс без кондом. Сум имала среќа, а и тој.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




mami -> RE: кондом (5.3.2010 8:54:01)

Кондоми за деца

Во Швајцарија почна продажба на екстра мали кондоми наменети за момчиња од 12 до 14-годишна возраст.

Кондомот, наречен Hotshot, е произведен откако владино истражување покажало дека денес многу повеќе деца од таа возраст имаат сексуални односи отколку пред десет-дваесет години. - Не шокираше сознанието дека млади момчиња се впуштаат во секс без заштита и оти во голем дел од случаите се лошо информирани за сексот. [image]http://vesti.mt.net.mk/images/hotshot_condoms1.jpg[/image]Не ги сфаќаат последиците од она што го прават и ги оставаат девојчињата тие сами да ги решаваат, истакна Ненси Бодмер, која го спроведе истражувањето.

Противниците на кондомите, меѓутоа, тврдат дека младите луѓе кои уште сега рано се соочуваат со сексуалноста и порнографијата, ќе бидат под уште поголем притисок да се впуштаат порано во сексуални односи.

Кондомот за млади, што го произведува компанијата „Lamprecht AG“ е потесен од конвенционалните и чини 7,60 швајацрски франци (околу пет евра) за пакување од шест парчиња.




mami -> RE: кондом (8.3.2010 12:57:39)

Кондомите премногу мали?!

Голем број од мажите кои користат кондоми се жалат дека истите се премногу тесни и се кинат за време на сексуален однос, покажува едно истражување.

Американските истражувачи ги анализирале прашалниците потполнети од 436 мажи на возраст помеѓу 18 и 67 години, кои биле избрани преку огласи во весниците и блог поставен на компанија за кондоми.

Волонтерите користеле кондоми во текот на претходните три месеци, а потоа одговарале на поставените прашања.

Дури 44.7 отсто од испитаниците изјавиле дека почувствувале чувство на преголема затегнатост при користењето на кондомите.

Кондомите кои не одговараат на големината на пенисот го зголемиле ризикот од кинење и слекување, а освен тоа предизвикале тешкотија при достигнување на оргазам. Исто така кондомите пет пати повеќе може да предизвикаат иритација на пенисот.

Поради тоа многу корисници го отстранувале кондомот пред да заврши сексуалниот однос, што е мошне загрижувачки бидејќи таквото однесување може да предизвика несакана бременост или пак пренесување на некоја сексуална болест.

Истражувањето може да се најде во онлајн журналот Sexually Transmitted Infections, а исто е публикувано од страна на British Medical Association.




mother 29 -> RE: кондом (7.4.2010 12:21:16)

КЛИКНИ[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




profesorica -> RE: кондом (7.4.2010 12:22:56)

аууу [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]го имам гледано ова- смешки живи е[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




Страница: [1] 2 3   Следна страница >   >>