mother 29 -> RE: Флуонатрил (7.10.2009 15:08:49)
|
СОСТАВ ФЛУОНАТРИЛ 0,25 mg таблети Една таблета содржи 0,25 mg флуор во форма на натриум-флуорид. Помошни супстанции: лактоза, сахароза. ФЛУОНАТРИЛ 1 mg таблети Една таблета содржи 1 mg флуор во форма на натриум-флуорид. Помошни супстанции: лактоза, сахароза, боја E 150. ФАРМАКОТЕРАПЕВТСКА ГРУПА Натриум-флуорид e стоматолошки препарат за профилакса на кариес. ТЕРАПЕВТСКИ ИНДИКАЦИИ ФЛУОНАТРИЛ таблети се применуваaт во превенција на забниот кариес. КОНТРАИНДИКАЦИИ ФЛУОНАТРИЛ таблетите не смеат да се применуваат во случај на преосетливост кон натриум-флуорид или кон некои од помошните состојки на лекот. Примената на ФЛУОНАТРИЛ таблетите е контраиндицирана ако содржината на флуорот во водата за пиење е поголема од 0,7 mg/l (види Дозирање). МЕРКИ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ Се препорачува преглед на забите еднаш или двапати годишно, а кај лицата склони кон кариес и почесто! ФЛУОНАТРИЛ таблетите се применуваат со претпазливост во подрачја каде зачестеноста на флуороза на забите кај децата е зголемена. Особена претпазливост и процена на ризикот во однос на можната корист се потребни при болки во зглобовите, улцерација во дигестивниот систем и големо намалување на функцијата на бубрезите. Посебни предупредувања Бременост и доење Натриум-флуоридот ја поминува плацентата, а во траги се излачува и во мајчиното млеко. Нема податоци за штетните последици по здравјето на бремената жена или плодот/доенчето. Patient Information Leaflet PLfD000266/1 ИНТЕРАКЦИИ Пред примената на ФЛУОНАТРИЛ таблетите известете го лекарот за сите лекови што ги користите! Алуминиум-хидроксидот при истовремена примена може да влијае врз судбината на натриум-флуоридот во организмот, а се зема па треба д2 часа пред или 2 часа по земањето на ФЛУОНАТРИЛ таблетите, а надоместоците на калциум, од иста причина, во интервал од 1-2 часа од земањето на ФЛУОНАТРИЛ таблетите. За време на земање на натриум-флуорид може да дојде до зголемување на вредностите на алкалната фосфатаза и на аспартат аминотрансферазата во серумот. НЕСАКАНИ ДЕЈСТВА Несаканите дејства се ретки и благи, а вклучуваат кожни промени во вид на атопичен дерматит, егзема и уртикарија како реакција на преосетливост. При терапевтски дози, ретко се појавува улцерација на усните или желудочната слузокожа, или белузлави дамки на забите. Во случај на несакани дејства, потребно е да му се обратите на лекарот или фармацевтот! ДОЗИРАЊЕ И НАЧИН НА УПОТРЕБА Дозирањето на ФЛУОНАТРИЛ зависи од содржината на флуорот во водата за пиење*: Содржина на флуорид Возраст Број на таблети во водата за пиење на ден ----------------------------------------------------------------------------------------------------------------- < 0,3 mg/l до 6 месеци 0 > 6 месеци дo 3 години 1 Флуонатрил 0,25 mg таблета > 3 години дo 6 години 2 Флуонатрил 0,25 mg таблети > 6 години дo 16 години 1 Флуонатрил 1 mg таблета --------------------------------------------------------------------------------------------------------- 0,3 - 0,7 mg/l дo 3 години 0 > 3 години до 6 години 1 Флуонатрил 0,25 mg таблета > 6 години до 16 години 2 Флуонатрил 0,25 mg таблети --------------------------------------------------------------------------------------------------------- > 0,7 mg/l до 16 години 0 * = според добиените податоци содржината на флуорот во водата за пиење во РХ е < 0,3 mg/l. ФЛУОНАТРИЛ таблетите се препорачува да се земаат навечер. Треба пополека да се растопат во устата (најдобро е да се стават под јазик) или пред земање да се растворат во малку вода. Patient Information Leaflet PLfD000266/1 ПРЕДОЗИРАЊЕ Долготрајното прекумерно земање на натриум-флуорид во текот на периодот на развој на забите кај децата, предизвикува флуороза и остеосклероза чии знаци се белузлави, кафеави или црни дамки на забите, односно вкочанетост со болки на коските. Симптоми на акутно предозирање се столица црна како катран, повраќање, пролив, сонливост, исцрпеност, зголемена саливација, мачнина, плитко дишење, грчеви и болки во стомакот, тремор, невообичаена возбуденост и влажност на очите. Некои од горе наведените симптоми на предозирање можат да ce јават кај деца веќе после голтање 10 до 20 mg на натриум-флуорид, додека 500 mg може да предизвика фатални последици (летална доза е 70 до 140 mg/kg). Кај возрасни леталната доза е 5 - 10 g на натриум-флуорид. Во случај на предозирање треба да се прекине со употребата на ФЛУОНАТРИЛ таблетите и итно да се побара совет од лекар! Постапка при акутно предозирање При акутно предозирање со натриум-флуорид се применува декстроза интравенозно и се промива желудникот со раствор на калциум-хлорид или хидроксид поради преципитирања на флуоридот. Се поттикнува засилено мокрење и се прати дишењето, крвниот притисок и ЕКГ. Ако се јави хипокалцемија, интравенозно се дава калциум-глуконат. НАЧИН НА ЧУВАЊЕ Лекот треба да се чува на температура до 25 0С. Лекот треба да се чува на места недостапни за деца! РОК НА ТРАЕЊЕ Назначен е на пакувањето. Лекот не смее да се употребува по истекот на рокот на употреба! НАЧИН НА ИЗДАВАЊЕ Лекот може да cе издава само co лекарски рецепт, во аптека (Р). ПАКУВАЊЕ ФЛУОНАТРИЛ 0,25 mg таблети 400 таблети во кутија ФЛУОНАТРИЛ 1 mg таблети 250 таблети во кутија
|
|
|
|