niki -> RE: Деца оставени сами на себе? (14.5.2010 11:08:04)
|
За жал има и такви ситуации, кога мајката пред децата се става себе и својата среќа.... Многу тешка ситуација и навистина незнам како би можела да помогнам во таква...... во некои нормални држави би можело да се пријави во социјална служба, но дали е тоа подобро решение.... децата се големи и напуштени од двата родители и за тоа свесни и повредени, што не верувам дека било што може тоа да го поправи. Од бабата неможеш ни нешто многу да очекуваш, во нејзино време така се гледале деца како што таа ги гледа, но времињата се сменети и затоа тоа што го прави е недоволно... Некој некако треба да допре до свеста на родителите, но од друга страна да ја имале не би ни дошле дотука... Можеби како пријател да се поставиш кон децата, да им покажеш дека можеш да им се најдеш, дека сакаш да им помогнеш, но тоа е преголема одговорност, дали ќе сакаат да ја прифатат, на тие години тие никого не слушаат, па најмалку би слушале некој загрижен комшија....... Незнам, се изнапишував, ништо паметно не кажав....[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image]
|
|
|
|