Сонување во текот на бременоста (Целосна верзија)

Форум >> [Бременост] >> Бременост и породување



Порака


cevlice -> Сонување во текот на бременоста (11.7.2009 11:53:38)

Dali na nekoj mu se slucuva da sonuva poveke vo bremenosta odkolku prethodno.
imam procitano pred nekoj den deka mozno e pojavuvane na cudni sonista
jas licno poveke sonuvam i imam primeteno najveke koga spiam na grb.
pa bas me interesira dali nekoj od vas ima slicno iskustvo[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image]
pisete ve cekam




lidijas -> Сонување во текот на бременоста (11.7.2009 12:44:34)

da tocno e i jas mnogu sonuvam skoro sekoja vecer no toa e normalno




alex_mo -> RE: Sonuvanje vo tekot na bremenosta (11.7.2009 12:57:47)

          Isto i jas,Sekoj den nov son i cesto baram po sonovnicite......ama vrska nema. Sonuvanjeto e pocesto vo bremenosta zatoa sto  cesto se razbuduvame ,pa  pak zaspivame.Taka barem jas mislam.Ne sonuvam do 5.00h,a potoa sekoj cas u wc i razni sonovi..




cevlice -> RE: Sonuvanje vo tekot na bremenosta (11.7.2009 13:10:02)

sigurno e normalno i
ne treba mnogu da se opteretuvame




mami -> RE: Sonuvanje vo tekot na bremenosta (11.7.2009 14:46:19)

ова е нешто што најдов за соновите во бременоста-
Соништата за бебето што може да ги доживее трудницата во последнито триместар може да ја наведат да размислува дека го губи размерот- всушност тие соништа се нормални и здрави и помагат трудницата на здрав начин да се растовари од грижите и стравувањата. Еве неколку толкувања
Сон дека е неподготвена, го загубила бебето во продавница, го заборавила, прпуштила преглед- може само да го изрази стравувањето на трудницата дека не е способна да одговори на барањата на мајчинството
Сонува дека ја напаѓаат, ја повредуваат- ја одразува нејзината ранливост
Сон дека е затворена и неможе да избега, се дави во базен, заклучена во кола- страв дека бебето ке ја врзе и ке и ја намали слободата
Сон дека ја губи привлечноста и нејзиниот сопруг заминува кај друга жена- го одразува стравот на речиси секоја жена дека бременоста засекогаш ке го уништи нејзиниот изглед и сопругот ке замине
Соништа за сексуални искуства, + или - кои донесуваат задоволство или вина- ги одразуваат збунетоста и спротивните чувства кон сексот што се чести во бременоста
Сон за смрт, воскреснување, се појавуваат мртвите родители или роднини- може да значи поврзување на новите со старите генерации

Се надевам дека малку ви помогнав а ако не пишете го вашиот сон во нашиот соновник па некој ке го протолкува  http://www.ringeraja.mk/forum/sonovnik/m_5060/mpage_1/tm.htm#9282




mis. -> RE: Sonuvanje vo tekot na bremenosta (11.7.2009 14:48:24)

Јас сум слушнала дека соновите на трудниците никогаш не се остваруваат иако додека не биле бремени сонот секогаш им покажувало нешто.




Палешка РР -> Сонување во текот на бременоста (11.7.2009 21:10:39)

Да, навистина во последно време сонувам неповрзани работи.
Синоќа сонував како од јаболкница берам портокали, па денес мм се уби да пронајде, а никој ништо не му рече [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]




Еца -> RE: Сонување во текот на бременоста (11.7.2009 22:19:03)

Леле и јас многу сонувам, но не мислам на соновите, не сакам ниту да размислувам што и како значат, зошто многу пати сум се нашла во ситуација да ми се поклопат во скоро време со реалноста, па ми создаваат некое безвезно чувство.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




Палешка РР -> RE: Сонување во текот на бременоста (19.9.2009 22:18:03)

Си сонувам јас така, секоја вечер. И убаво ми е во светот на соништата, не ми се случило одамна да сонувам нешто страшно или лошо. И обично сонот ми го прекинува грчот во ногата, па станувам, се масирам, се шетам низ станот како кривкуц едно саат време и потоа не можам да заспијам до сабајле.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zaspan.gif[/image]




Палешка РР -> RE: Сонување во текот на бременоста (9.10.2009 9:23:10)

Синоќа сонував дека умрела свекрва ми [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]
Се разбудив со плачење [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image], ух.





Sanja -> RE: Сонување во текот на бременоста (9.10.2009 9:54:56)

Јас во последно време сонувам многу чудни соништа, но мислам тоа е нормално во бременоста, под влијание на некои хормони мислам .....




Adrijana -> RE: Сонување во текот на бременоста (9.10.2009 10:04:51)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Палешка

Си сонувам јас така, секоја вечер. И убаво ми е во светот на соништата, не ми се случило одамна да сонувам нешто страшно или лошо. И обично сонот ми го прекинува грчот во ногата, па станувам, се масирам, се шетам низ станот како кривкуц едно саат време и потоа не можам да заспијам до сабајле.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zaspan.gif[/image]


Ej Paleska kako mene da si me opisala isto se i so grcot vo nogata i se mi isto i na mene[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]
Znam deka sonuvam sekogas koga ke legnam, ama nesto vo posledno vreme ne gi pametam sonistata, osven vcerasniot. Sonuvav deka umrel tatko mi, i se razbudiv celata vo solzi, edvaj se smiriv, lipav uste 15 minuti sigurno[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




Палешка РР -> RE: Сонување во текот на бременоста (15.10.2009 9:29:04)

Синоќа имав срамни соништа  [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zardeva.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zardeva.gif[/image] 

[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]




Весна -> RE: Сонување во текот на бременоста (15.10.2009 10:38:34)

[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] што убаво за тебе Палешка [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]
Јас претходно, а еве и сега сонувам премногу симболични соништа, ретко ги кажувам за да не ги испалшам блиските, посебно не на мајка ми која веднаш ќе си ги протолкува по свое, па ќе фати да ме замара да идам те на гробишта, те во црква свеќа да сум палела [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley11.gif[/image] ауууух.
Единствено сега ми се зачестени, и тоа ихааа зачестени, оние како што Палешка ги вика „срамни соништа  [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zardeva.gif[/image]  [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zardeva.gif[/image]  “ [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]

Туку, Палешка, која нога ти е проблематична, левата или десната? И јас сум си со иста мака, па ај да видиме дали и во истата нога ќе сме шантрави [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]  Мене левата ми кочи [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




mis. -> RE: Сонување во текот на бременоста (15.10.2009 10:39:05)

Палешка ти се нормални во бременоста и јас често ги имав и бев[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zardeva.gif[/image]но отпосле разбрав дека се нормални.




biljana16 -> RE: Сонување во текот на бременоста (15.10.2009 11:40:11)

Jas sonuvav premnogu nepovrzani raboti. No sega vo posledno vreme po celo vreme sonuvam deka predvremeno ke se porodam i deka nesto ne e vo red so bebeto. Iako site ispituvanja se vo red sepak mnogu me faka panika. Dali vi se slucilo istoto i vas?
Pozdrav




mother 29 -> RE: Сонување во текот на бременоста (15.10.2009 11:44:58)

немој да се секираш...јас какви чударии сонував додека бев бремена ,умот да ти се земе......еве го Марко во сабота 2 год ке прави,здрав ,весел,...пу-пу
сонови се само тоа.....уживај.отиди запали свека за здравје,јас така правам кога лошо сонувам,и веднаш некако ми е полесно на душата
ПОЗЗЗ




Весна -> RE: Сонување во текот на бременоста (15.10.2009 11:48:27)

Па да, нешто слично ми се има случено баш пред некоја вечер. Сонот само што го засонував, но од преголема паника веднаш се разбудив. Сонував дека ми го нема мешето та не стигнав ни да помислам дали е малото добро, веднаш ококорив очите и рацете ги ставив на стомакот, кој си беше на место, гоооолем и малото си мрткаше, лисица мала мамина [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




Палешка РР -> RE: Сонување во текот на бременоста (15.10.2009 12:10:28)

Ахххх, тоа што не се прави во живо - се сонува. [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley27.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zardeva.gif[/image]
Така и јас...а мм којзнае што сонува, иииииии....

Весна, јас одвалам [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] на десната...може да се придржуваме [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] 

[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]




Палешка РР -> RE: Сонување во текот на бременоста (18.12.2009 9:49:12)

Синоќа на сон бев во Турција, сама. Откако стигнавме во Истамбул се загубив од групата, не можев да го најдам хотелот, ја загубив ташната комплет со сите лични документи и пасошот и во сон плачев, плачев, плачев.

Се надевам нешто ќе се израдувам? [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




ananikol -> RE: Сонување во текот на бременоста (18.12.2009 9:52:31)

Paleska,odi na trazim.com imas sonovnik [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley20.gif[/image]




bibi -> RE: Сонување во текот на бременоста (18.12.2009 9:54:19)

а, Палешка, веќе немаш што да правиш, па се оптеретуваш со глупости? Ај, не се секирај, ќе биде се во ред[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image]




arh_diz -> RE: Сонување во текот на бременоста (28.12.2009 15:02:47)

Jas isto mnogu sonuvam i se nekoi gluposti nepovrzani raboti katastrofa




Snow Queen -> RE: Сонување во текот на бременоста (11.7.2013 11:02:25)

Еххх какви се глупости не сонувам, ама едноставно успеав едно големо IGNOR да ставам, и не се замарам ниту со еден сон откако останав бремена.




@bebe -> RE: Сонување во текот на бременоста (12.7.2013 12:40:57)

mamicki, znaci toa e normalno sega koga ve procitav i jas sonuvam sekakvi gluposti da ne kazam na najlosoto sto moze da se sluci, znaci i jas ne sum poarna poarna, bas i majka mi sabajle mi rece deka toa bilo bas normalno, mora da priznaeme deka nesto slicno mislime peku den ne onaka konkretno kako vo sonot ne daj boze pa potoa se odrazuvaat mislite vo sonot, nisto posebno, takvi slicni sonovi neli sme sonuvale i koga ne se bile bremeni, sega e normalno hormonite se iskreno posilni od nasite custva, samo opusteno i bas sakav da prasam zasto poveke sonuvame poveke neubavi sonovi otolku ubavi, mozebi e podobro taka, ajde so lesno neka ni e, zatoa vo tekot na denot poveke smeenje[sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]




Страница: [1]