Saturn -> Серии (не шпански или турски) (14.5.2010 16:50:06)
|
На времето кога живеевме со мм сами имавме доста време за гледање серии. Благодарение на интернетот симнавме цели сезони и си ги изгледавме. Некои од нив и по 2-3 пати (барем јас). Моите омилени се Пријатели (Friends), Д-р Хаус (House MD), Ѕвездени патеки, нова генерација (Star trek next generation), 24 (24 so Jack Bauer). Ги имаме изгледано и Војаџер, дел од Californication, Изгубени (Lost), Сексот и градот. На ТВ ако налетам ги гледам и Scrubs, Вовед во анатомија и Private practice. Сега за сега Д-р Хаус ми е омилен. Гледате ли вие серии? Имате ли омилени? Кога бев првиот пат бремена ги гледав Пријатели по 3 пат и точно кога Рејчел почна да се пораѓа, мене ме фатија контракции [sm=smiley36.gif] лажни беа ама за 2 дена се породив, до толку сум се соживеала изгледа хи,хи,хи (уствари и терминот ми дојде)
|
|
|
|