Фамилијарно стебло (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Разговори за се и сешто



Порака


jovanka -> Фамилијарно стебло (15.5.2010 21:57:07)

Дали си го познавате поширокото семејство поточно дали имате информации за прабаба,прапра дедо,чукундедо...обично во радосниците е даден цртеж каде треба да се стават имињата на предците и нивното потекло?Интересно е кога во разговор со постарите членови од семејството се разговара за семејната лоза.
Лично јас сакам да разговарам на таа тема и да истражувам освен за потеклото и за нивниот живот,професија и сл.Мислам дека е интересно и возбудливо и усте ако се сочувани некои стари фотографии или предмети кои се давале од поколение на поколение.




vezilka RR -> RE: Фамилијарно стебло (15.5.2010 22:06:31)

Уф да, мене многу ме интересира да слушам за моите предци. Во моментов кај мене од страна на татко ми најстар е чичко ми и него го прашуваме за тоа. Пред некое време братучедот направи електронско фамилијарно стебло, сите роваревме по дома и баравме стари слики, сето тоа се скенираше, на нет најде некој темплејт за стебла и многу убаво излезе. Стварно ќе остане и за понатамошните генерации..Треба некој да се заангажира па да напраиме такво стебло и од страната на мајка ми..




Bogdancanka -> RE: Фамилијарно стебло (15.5.2010 23:59:41)

искрено мене многу ме итересира за моите предци и стално некој од постарите испрашувам,колку браќа биле,колку сестри која каде живеал кој како починал,колку деца имаат.........и ред други работи поврзена сум со моите први братучеди многу а мајками се 6 живи деца едниот вујко за жал не го запознав на мајка ми мајка се 13 деца........така да тешко е за сите да знам мајка ми или тетка ми ми раскажуваат за нивните баби и дедовци......




Rossana -> RE: Фамилијарно стебло (16.5.2010 1:09:59)

Da... Jas pred 4-5 godini istrazuvav za mojata prababa(na dedo majka mu) i imav cela statija napisano za nea, no CD to vo koe bese snimen siot materijal, po mjja greska veke go nemam... Imav cvrsta pricina da istrazuvam, a i uste baram podatoci, se nadevam deka za edna godina ke prisoberam dovolno materijal za da mozam da napisam cela prikazna za nejziniot zivot bidejki navistina ima sto da se cita i da se slusa, ima edna goooolema dolga trogatalna prikazna koja sto zapocnuva vo Kukus a zavrsuva ovde vo makedonija vo naseto selo.




Martins mom -> RE: Фамилијарно стебло (18.5.2010 13:12:54)

Си ја знам "лозницата" 7 генерации наназад и сум горда на моето потекло !!!




Страница: [1]