Собранието усвои измени и дополнувања на Законот за семејство (Целосна верзија)

Форум >> [Забременување] >> Посвојување, згрижувачки семејства



Порака


agnes77 -> Собранието усвои измени и дополнувања на Законот за семејство (16.5.2010 10:22:31)

http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/sobranieto-usvoi-izmeni-i-dopolnuvanja-na-zakonot-za-semejstvo



Собранието на Република Македонија со 54 гласа „за“ и 10 „против“ го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за семејство, со кој изборот на посвоители ќе се врши по електронски пат. 

Со измените на законот  се предвидува временскиот период на следење на подносителите на барања за посвојување дете наместо од шест месеци до една година, да се намали од четири до шест месеци, возраста на детето за посвојување да се намали на шест недели, а Комисијата за посвојување да се зголеми на 15 членови кои електронски ќе се бираат и ќе ротираат на предметите. Мандатот на членовите на Комисијата, пак, ќе се намали од пет на две години.  Децата кои престојуваат во институциите или во згрижувачки семејства подолго од една година ќе можат да се дадат на посвојување, без родителска согласност ако Центарот за социјална работа најмалку трипати го повикувал родителот да ја преземе грижата за своето дете.  Во текот на амандманската расправа не беа профатени два амандмана поднесени од пратениците на СДСМ. По гласањето на законот, а на барање на пратеничката група на СДСМ, претседателот на Собранието Трајко Вељаноски даде пауза од 15 минути по која треба да продолжи 104. седница со расправа по Дополнетиот предлог на закон за Академија на судии и јавни обвинители, во второ читање.




nadica -> RE: Собранието усвои измени и дополнувања на Законот за семејство (16.5.2010 14:09:18)

мислам дека има добри измени но дека уште треба да се работи на оваа проблематика најмногу ме радува тоа дека се крати времето за следење на семејството кое е барател и дека децата кои се оставени подолго од 1 год без интерес на родителите ќе се посвојуваат




Страница: [1]