Тања РР -> Анафилактичен шок (16.5.2010 19:26:55)
|
Анафилаксата е општа, акутна, потенцијално опасна алергиска реакција, која се јавува непосредно после контактот со некој антиген. Антигени може да бидат разни лекови (пеницилини, цефалоспорини, прокаин, миорелаксанти), храна (морска храна, јајца, млеко, агруми, итн.) убоди од пчела, оса, стршлен, прехрамбени адитиви, крвни деривати, латекс, телесен напор. Клиничка слика Експлозивна појава на симптоми во вид на стегање во градниот кош и околу грлото, тешкотии со голтање, трнење околу усните или пак јадеж, препотување, и субјективно чувство на страв. Брзо се појавува уртикарија и ангиоедем а исто така и едем и знаци на респираторната слузница (конгестија на носот, зарипнатост, стридор, свирежи), зафатеност на дигестивните органи (грчеви во абдоменот, мачнина, проливи). Истовремено се развиваат знаци на инсуфициенција на периферната циркулација со намален крвен притисок, тивки срцеви тонови и тахикардија (зголемена фрекфенција на срцеви отчукувања). Болниот може да изгуби свест и да умре или од угушување или од затајување на периферната циркулација.
|
|
|
|