Еца -> Амиши (11.7.2009 23:57:31)
|
Живеат надвор од општествените текови,не гласаат на избори и не користат здравствена заштита, немаат пензии и не ги пуштаат децата во државните училишта. Биолошката репродукција, културно- етничкиот отпор, културниот компромис, ги прават Амишите најинтересна, но наедно и најизолирана национална заедница на модерното општество. Меѓутоа, ако се до 80-тите години на минатиот век амишкиот пацифизам и старомодниот начин на живот за многумина бил туѓ и неразбирлив, денес ситуацијата е обратна. Како спротивна и спротивтавена на денешното брзо темпо на живот, нивната едноставна филозофија на живеење привлекува се поголем број на Американци. Амишите не поседуваат автомобили, но ги користат услугите на јавниот превоз, не користат електрична енергија, но се служат со 12V батерии, тлефонската линија врзува фарми но не користат телефони во куќите итн. Во однос на облекувањето Амишите строго ја почитуваат традицијата на старата амишка култура. Момчињата и возрасните мажи носат пантолони кои се секогаш темно сини или во црна боја. Со нив често носат и трегери. Кошулите, како ни пантолоните, не смеат да бидат искинати, ниту да имаат пруги. Сината, зелената, виолетовата, кафената- се сметаат долични за женските фустани со едноставен крој. Истите бои се прилежни и за машките кошули. Женските фустани се со висок околувратник, секогаш со долги ракави. Исто така, жените секогаш носат ленени капи на главите, а мажите, како и момчињата, ставаат шапки при излегување од куќа. Мажите користат копчиња на облеката, за разлика од жените на кои тоа им е допуштено само до 15- тата година. Потоа не, зашто Амишите, повикувајќи се на Библијата, ги сметаат копчињата премногу калорични и модерни. Жените не користат капути и јакни, туку наместо нив користат големи плетени шалови со кои се наметнуваат при излегување. Причина за тоа е амишкиот принцип на живеење кој сугерира жената по мажењето најголемиот дел од времето треба да го минува во куќата. Тие се надлежни за комплетниот процес на кроење и шиење на облеката во амишката заедница. Кое е вашето мислење на Амишите? Мене лично ми се многу интересни, имам гледано многу филмови за нив, но и покрај се, не го сфаќам нивниот начин на живот.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]
|
|
|
|