ripce -> Дали купувате online? (17.5.2010 19:00:08)
|
Граѓаните сакаат да купуваат преку интернет, ама не се сигурни дали тргувањето е безбедно. Ова е главната причина зошто бавно заживува интернет трговијата. Според истражувањата на пазарот, корисниците најмногу сакаат да купуваат електронска и компјутерска опрема, облека, обувки, и подароци, а најмалку храна и пијалаци. “Интернет корисниците во земјава кои веќе купуваат на интернет се публика на која мора да и се понуди производ со еднаков квалитет , услуга и поддршка како онаа што е достапна на глобалниот пазар. Самото истражување покажува дека поголем дел од луѓето бараат сигурност, ова е млад пазар Дарко Булдиоски, интернет консултант Основните услови за интернет трговија се исполнети оти поголем дел од интернет корисниците имаат дебитни или кредитни картички, способни за плаќање на интернет велат луѓето од овој бизнис. Тврдат дека македонските интернет продавници се безбедни оти се потпираат на светски сигурни стандарди, а до сега немало поплаки или инциденти при купопродажните трансакции. “Стандардниот процес на наплата започнува со префрлањето на купувачот од страна на продавницата до сигурната страна на банката за внесување на бројот на картичка и финализација на трансакција. Потоа купувачот се префрла назад на страната на продавницата , а банката и соопштува на продавницата дали наплатата била успешна. Ако трансакцијата е успешна, на купувачот му се прикажува потврда за нарачката, а истата ја добива и по е – пошта изјави Александар Тасев, основач на Трговски центар- веб сајт за интернет трговија Во земјава има неколку он лајн продавници, а граѓаните одговориле дека сакаат поголем избор на производи. Истражувањето е спроведено на примерок од 330 испитаници кои редовно користат интернет на територија на град Скопје. Дали купувате online? Вашите искуства?
|
|
|
|