|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Намалено количество на плодова вода
23.12.2009 14:17:42   
Jasmince
Zdravo na site bremena sum 33 nedela i sega koga bev na kontrola mi rece ginikologot deka mi e namalena vodata vo utrobata, mnogu sum zagrizena, dali nekoj bil sretnat so vakov slucaj molam da MI PISI, ZA EDNA NEDELA KE ODAM PAK NA KONTROLA, dotogas samo razmisluvam sto mozi da se sluci i vo ovaa nedela pijam aspirin 100, i magnesium. pozdrav do site cekam user posted image

< Поракaта ја уредил mis. -- 23.12.2009 23:10:58 >
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Намалено количество на плодова вода
23.12.2009 14:19:37   
ripce
НАМАЛЕНО КОЛИЧЕСТВО НА ПЛОДОВА ВОДА (ОЛИГОХИДРАМНИОЗА)

Понекогаш може да се случи количеството на плодова вода да биде премногу мало и таквата состојба е наречена олигохидрамниоза. Се јавува кај околу 8% од бременостите. Процентот е малку поголем кај жените кај кои терминот за породување надминал 2 седмици и се движи околу 12%.

ПРИЧИНИ ЗА НАМАЛЕНО КОЛИЧЕСТВО НА ПЛОДОВА ВОДА
Точните причини за оваа појава не се знаат секогаш, но најчесто се следните:
Дефекти кај бебето
. Ако бебето има проблеми со срцето или бубрезите, може да не биде во состојба нормално да ја рециклира и да го одржува потребното количесто на плодова вода.
Проблеми со плацентата. На пример во случај на одлепена плацента. Ако плацентата не го снабдува бебето со потребните хранливи материи и течности, тоа ќе престане да ја рециклира плодовата вода.
Пробушени околуплодови обвивки
. Во овој случај има зголемена опасност од инфекции, затоа што бактериите може да навлезат во плодовата вода. Обично се јавува при крај на бременоста и можеби и сами ќе приметите дека вашиот веш е влажен, но понекогаш може да се јави и порано. Некогаш е последица на амниоцентеза. Може да се случи дупката да зарасне и количеството на плодовата вода повторно ќе се обнови.
Ако помине терминот за породување, односно ако бременоста се оддолжи над 42 седмици. Во оваков случај се зголемува шансата да се намали плодовата вода, како резултат на ослабувањето на работата на плацентата.
Некои заболувања кај мајката придонесуваат за намалување на количеството на плодова вода. Тука спаѓаат: дехидратација, висок крвен притисок, прееклампсија, дијабетес и др. Кај бременоста со близнаци исто има поголеми шанси да дојде до оваа состојба. Но понекогаш вистинската причина и не се знае.

< Поракaта ја уредил mis. -- 23.12.2009 23:13:13 >

(Одговор на членот Jasmince)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Намалено количество на плодова вода
23.12.2009 23:07:58   
Jasmince
Dali nekoj mozi da mi kaze nesto poopsirno za ovaj del namaleno kolicestvo na plodova voda, i kolku e kriticno ova da se sluci vo 33 nedela. pozdrav

< Поракaта ја уредил mis. -- 23.12.2009 23:11:25 >

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Намалено количество на плодова вода
23.12.2009 23:11:51   
mis.
Ако на плодот не му е доволно плодовата вода мислам дека наскоро ќе сака да излезе.Мој совет е да се консултираш и со друг гинеколог.


< Поракaта ја уредил mis. -- 23.12.2009 23:12:54 >

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Намалено количество на плодова вода
23.12.2009 23:29:28   
sunchips
Baraj vtoro mislenje, jas bi ti rekla i uste eden ultrazvuk da premerat zatoa sto vo podocneznite nedeli, pri krajot na bremenosta mnogu e tesko da se meri precizno i bebeto i dzebovite plodova voda okolu nego, na internet imam citano deka mozat da utnat za golem % . A ako navistina e taka, doktorite nema da ti dozvolat vodata da se namali pod normalata, bez sekiracii i samo pozitivno. Od drugi forumi znam deka pomaga da vnesuvas ti mnogu tecnosti, taka da supi, caevi, sokovi, voda, sto i da bilo pij, od toa nema steta.

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Намалено количество на плодова вода
23.12.2009 23:32:58   
Еца
И јас денес барав и прочитав многу информации за налаување на плодовата вода пред очекуваниот термин и само би ти советувала да одиш на второ мислење и кај друг доктор, бидејќи ако е навистина така нема да те остават уште долго, и ќе мора да те породат. Сепак ке барам уште па ке пишам поконкретно  на темата. 

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот sunchips)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Намалено количество на плодова вода
23.12.2009 23:34:40   
jovanka
Moeto iskustvo lani imav zakazano eho pregled prethodno celo pretpladne rastrcana zedna plodovata voda namalena ama ako imas iskusen doktor nema mesto za panika denta se stabilizirav golemo kolicestvo na tecnosti,odmor drugiot den koga otidov se normalno i bez problem 41 nedela go nosev znaci edna nedela plus taka da samo uzivaj vo bremenosta.

_____________________________

Zivotot e podarok a podarocite se za da se raduvame.

(Одговор на членот sunchips)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Намалено количество на плодова вода
23.12.2009 23:35:54   
mis.
ПЛОДОВАТА ВОДА И НЕЈЗИНАТА УЛОГА
Плодовата вода е течноста во која живее бебето. Таа почнува да се формира 12 дена по зачнувањето и игра исклучително важна улога во развојот и животот на бебето во утробата, се до неговото раѓање. Нејзината улога е:

*Служи како амортизер и го штити бебето од удари и потреси.
*Го штити од инфекции.
*Не дозволува да дојде до сплеснување на папочната врвца и да се прекине доводот на храна и кислород.
*Му овозможува на бебето да се развие респираторниот систем со тоа што ја вдишува и издишува течноста.
*Со голтање и екскреција на плодовата вода се развива дигестивниот систем на бебето.
*Го овозможува движењето на бебето, а со тоа и развојот на неговите коски и мускули.
*Ја одржува константна температурата во матката. Во првото тромесечие плодовата вода доаѓа преку примање на течности од мајката. Од второто тромесечие бебето со голтање, мокрење и повторно голтање и самото учествува во одржувањето на нејзиното количество. Поголемиот дел од плодовата вода всушност ќе се состои од урината на бебето. Максималното количество на плодова вода се достигнува од 28-та до 32-та седмица и останува така зголемено се до при крајот на бременоста, кога почнува да се намалува.

ПОСЛЕДИЦИ ОД ПРЕМАЛОТО КОЛИЧЕСТВО НА ПЛОДОВА ВОДА
Коклу покасно ќе се јави во текот на бременоста, толку поголеми се шансите за да нема сериозни компикации. Можни последици доколку олигохидрамниоза се јави во првата половина од бременоста се:
*Дефекти кај бебето
*Спонтан абортус.

Ако се јави во втората половина од бременоста можно е да дојде до:
-Намален раст на бебето.
-Предвремено породување
-Компликации во текот на породувањето. Како главна компликација која може да се јави се смета сплеснувањето на папочната врвца. За да се избегне ова, можно е преку цервиксот да се внесе катетар и да се дополнува со солен раствор. На овој начин често пати се избегнува потребата од царски рез.

ТЕТМАН КАЈ ОЛИГОХИДРАМНИОЗА
Мерките кои ќе се превземат ќе зависат од тоа во која фаза од бременоста се наоѓате, како напредува бебето и дали има други компликации. За да се утврди тоа внимателно ќе биде следена Вашата состојба и состојбата на бебето. Доколку немате никакви здравствени проблеми, а бебето напредува добро, често пати нема потреба од превземање на некакви мерки. Веројатно ќе Ви биде советувано да пиете поголеми количества на вода, да внимавате на здравата исхрана, доколку пушите да престанете со пушењето и доволно да се одмарате. Доколку има некакви компликации н.пр. ако имате тешка прееклампсија или бебто не напредува добро, ќе биде индуцирано предвремено породување.

< Поракaта ја уредил Еца -- 23.12.2009 23:40:46 >

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Намалено количество на плодова вода
26.12.2009 18:27:40   
Jasmince
Ej zdravo na site i fala na site sto mi imavte pisano, mnogu mi pomognavte, user posted image ali jas sepak se konsultirav so poveke ginikolozi i mi napravija mnogu ispituvanja, bebenceto e vo red sto e najbitno, a mene da mi e namalena plodovata voda ali ne mnogu, vleguvam vo 34 nedela, taka da koga ke ima nesto novo ke vi pisam pak. Pozdrav do site user posted image

(Одговор на членот Jasmince)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Намалено количество на плодова вода
26.12.2009 18:33:18   
Еца
Супер вести Јасминче, ајде полека уште малку и ќе се гушкате со новиот член, а обавезно информирај не како течат работите кај тебеuser posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Jasmince)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Намалено количество на плодова вода
26.12.2009 18:44:30   
Jasmince
Sega bese dobro FALAMU NA GOSPOD, se nadevam deka ke bide i do poragajot, ke ve informiram sekako samo zdravje i zivot i se da bide vo dobar red, toa mi e mnogu bitno zosto pred nekolku dena me imase fateno panika, ali konsultaciite so poveke ginikolozi i dopolnitelnite ispituvanja mi olesnaa mnogu. Ke mozam od iskustvo da im kazuvam na site onie koi ke se sretnat so problem kako mojot, ali sepak ovie dve- tri nedeli ke imam ednas nedelno pregled za posigurno, da se prati kolicestvoto na voda. Pozdrav

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Намалено количество на плодова вода
5.10.2010 17:48:27   
antonie
zdravo na site, jas vo 29 nedela pravev 4D eho, i mi kazaa deka bebceto e super deka e napredno i ima 200grama poveke, i se deka e normalno. a sega bev kaj maticniot ginikolog i mi kaza raboti sto mnogu me ispasija, mi rece deka imam namalena plodova voda i deka plodot e mal za ovaa nedela ne odgovara na 31 nedela. i sega nez sto da pravam,

(Одговор на членот Jasmince)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Намалено количество на плодова вода
5.10.2010 21:16:34   
biljana16
Moj sovet ti e da odis i kaj drug lekar. Koga se raboti za naseto najmilo angelce odime i na vtoro i treto mesto kaj iskusni lekari. Bar taka jas bi napravila koga bi bila na tvoe mesto. Ponekogas nekoi lekari gi plasat bez potreba pacientkite. Ti drzime sreka se da bide kako sto treba. Pisi ni sto napravi.

(Одговор на членот antonie)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Намалено количество на плодова вода
6.10.2010 9:41:32   
vezilka RR
До две недели + или - од големината на гестациската недела се толерира. А штом еден ти рекол понапредно е , а друг помало е очигледно дека некој греши, па јас би одела и кај трет.

(Одговор на членот biljana16)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Намалено количество на плодова вода
6.10.2010 10:05:26   
amelbebe
najubavo e da odis i da si pobaras sovet od ttret dr,mene maticniot vo petiot mesec mi kaza deka zaostanuva so razvojot,malku plodova voda i si otidov kaj dr lazarevski vo sistina toj mi kaza mnogu poubavi raboti duri deka e epten napredno a ne zaostanuva ili deka imam dovolna plodova voda,duri na krajot od bremenosta mi kaza deka mi e dupnata placentata mislam od pamet me izvadi cela bremenost se so sekiracii duri se porodiv

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Намалено количество на плодова вода
21.6.2011 10:46:43   
*mika*
Mili moi, jas imam edno prasanje vo vrska so temava, bi ve zamolila ako nekoj ima poznavanje da mi odgovori. Denes bev na dr, inaku sum 16ta nedela, bebusot se razviva dobro (10sm, 120gr), edinstveno dr bese malku zagrizen kako da imam namalena plodova voda. I stvarno taka izgledase, kolku sto e ono legnato, tolku mu e i prostorceto, nema bas prostor da manevrira.. dr mi rece mozam da probam so povekje tecnosti, no ne e siguren dali toa ke mi pomogne, veli toa go slusnal od koleska, ne od kniga, i mi dade uput za transfuziologija, da gi proveram tie parametri, bidejki imav mal problem so niv na pocetokot, no otkako sum na aspirin se dobri. Pa ke vidime pak za edna nedela.
Osven povekje tecnosti sto mozam drugo da prevzemam???
kolku e toa povekje tecnost?? jas iskreno od sekogas sum piela 1-1.5l tecnost dnevno, tolku mi bara organizmot, sega ke pijam so sila.. samo neznam kolku..  deka i zestinive fatija, i se potam dosta.. moze e toa.. ama sepak sum malku isplasena, pa sekoj sovet bi mi bil dobredojden..user posted image
fala vo mnogu...

(Одговор на членот amelbebe)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Намалено количество на плодова вода
21.6.2011 10:59:54   
Octavia
Пиењето вода нема никаква врска со количеството плодова вода (потврдено од двајца гинеколози). Ако си пиеш редовно како што пишуваш по литар и половина вода, нема потреба од повеќе. Само дополнително ќе си ги оптовариш бубрезите и може да ти се покачи притисокот (јас имав низок притисок во бременоста и ми викаа да пијам повеќе вода, ама и да не претерувам заради бубрезите на кои многу поголемото количество вода може да им дојде како шок).
Мене на крај на бременост ми рекоа дека плодовата вода е можеби малку намалена, па ме пратија на испитување на шеќерот (претпоставувам дека овие две работи се поврзани), ама со тест со гликоза (glucose challenge test-GCT), не обично испитување, оти на тоа не ми покажуваше покачени вредности и излезе дека имам покачен шеќер (пак ќе кажам, на обичното испитување шеќер не покажуваше ништо). Јас бев 38-ма недела тогаш, па знам само дека ми рекоа да бидам на диета до породувањето, ништо друго. Се надевам дека моево искуство ќе ти биде од помош user posted image . Некогаш е најдобро да побараш и второ мислење, оди на друг лекар, види што ќе ти каже. Јас барем така правев за се што не ми беше јасно.

(Одговор на членот *mika*)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Намалено количество на плодова вода
21.6.2011 11:20:15   
*mika*
Ti blagodaram mnogu Octavia, za opsirniot odgovor. I dr taka mi rece, veli neznam dali ima vrska pienjeto voda, jas vika nemam nikade procitano, samo sum slusnal od koleska.. i on mi go spomna toa ispituvanje za skrien seker, ama mi rece vo 26ta nedela preporacuva da se pravi.. neznam zasto.. a jas sum prilicno vo rana bremenost, vo prva polovina od bremenosta (16ta nedela).. aj ke gi ispitam tie AFA, hemostaza i D-Dimeri so mi rece, pa ke vidam ponatamu.. samo sakav u megjuvreme dodeka cekam, nesto da prevzemam.. ne mi se sedi so skrsteni race..user posted image  fala ti mnogu vo sekoj slucaj..
Ako bilo koj drug ima nekoe drugo soznanie.. slobodno neka spodeli..

(Одговор на членот Octavia)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Намалено количество на плодова вода
21.6.2011 11:24:00   
*mika*
PS. i pritisokot mi bese namalen, obicno mi e 80 so 100 a sega mi bese 60 so 90.. user posted image

(Одговор на членот *mika*)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Намалено количество на плодова вода
21.6.2011 14:41:40   
Slagjana
Мика, мене цела бременост матичната ми велеше дека имам малку плодова вода и да пијам многу течности. Покрај тоа требаше да јадам суви плодови ( суви сливи, брусница, грозје, кајсии). Притисокот ми беше во ред, ама пред да почнам да ги применувам овие совети имав главоболки. Со оваа да ја наречам терапија главоболките исчезнаа. Друг совет не знам.

(Одговор на членот *mika*)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Намалено количество на плодова вода
21.6.2011 15:28:28   
*mika*
Fala ti slagjana i na tebe za odgovorot. A imas pravo i jas vo posledno vreme imam glavobolki, ponekogas, inaku porano nikogas ne sum imala..  poniskiot pritisok moze mi gi predizvikuva.. mozebi potfrlam nekogs so tecnostite, ili pak od potenjevo gubam poveke od normalno.. aj ke probam da nadoknadam.. a i ova so suvoto ovosje ke go probam.. i onaka si sakam.. em ke me tera na pienje voda ako ne drugo :))
pozdravce..user posted image

(Одговор на членот Slagjana)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Намалено количество на плодова вода
10.12.2012 15:23:41   
Biljana Janeva
Bremena sum 8 nedeli,mi se slusi okolu edna nedela da krvaram po malku za toa ppimam i terapija,no mi rekoa deka gestaciskiot sakus mi e pomal od kolku sto treba i nemsm dovolno plodova voda imam oformeno plod ima srceva reakcija,no plodot nema dovolno prostor vo sakusot a normalno se razviva.dali ima nekoj sto ke mi objasni ili slicno vakvo iskustvo.Vi blagodaram

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Намалено количество на плодова вода
24.8.2013 0:00:26   
Felly RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: nadezda

zdr idni mamicki...jas sum 32 nedela i pred 3 dena bev na eho maticniot mi rece deka bebeto e 158o gr.no deka plodovata voda mi e namalena?
inaku nemam golem stomak i samata se prasuvam nesto da ne ne e vo red so mene,posto imam dve projatelki ednata e 30 nedela a drugata 25 i imaaat pogolem stomak od mojot jas kakao da sum 2 nedela tolku sum golema nemam mese user posted image .dali nekoj go imal mojot PROBLEM i dali bebeto mi e stvarno malo posto do 36 nedela ne znam dali ke stasam barem do 3 kila.pozzz i ako saka nekoj neka mi odgovori.


ИЗВОРНА ПОРАКА: princessa

nadezda ako ti e namalena plodovata voda ti preporacuvam da vnesuvas mnogu tecnosti posebno na ovie gorestini. Mora zasto akoima premalku plodova voda na bebeto mu se vlosuatt uslovite vo placentata i pomalku hranlivi materii ke prima. Za tezinata ne se sekiraj ako e se drugo vo red, sum videla nekolku zeni pred poragaj sto bile a ne sum ni znaela deka se bremeni ako ne i kazale. Jas 3 saati pred poragaj pravev ultrazvuk i mi kaza deka bebco e 3460 a se rodi 3900 i mnogu lesno go rodiv, izleze kako kursum za razlika od prvata kerka koja bese 3kila a imav teok poragaj bez razlika sto bese mnogu mala. So sreka neka ti e se i konsultiraj se so lekar uste ednas za plodovata voda no prethodno probaj mnogu tecnosti da pies.


ИЗВОРНА ПОРАКА: princessa

a kolku ti e plodovata voda? mislam deka normalno vo tie nedeli e nad 700 grama pa do 1400 grama.



_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Jasmince)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Намалено количество на плодова вода
24.8.2013 0:20:42   
Felly RR
И ТУКА има една статија за плодовата вода.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Намалено количество на плодова вода
10.9.2013 11:24:33   
snowbool
Isto i mene mi rekoa deka sum dehidrirala pa vodata se namalila i da pijam do 3 litri voda pa po edna nedela na kontrola...

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?