|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  22 23 [24] 25 26   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Породилно отсуство
1.11.2013 10:36:31   
vezilka RR
Го прочитавте интервјуто на министерот за породилното? Имам впечаток дека или мисли оти женивесе глупи, или ич не му е гајле што мислат тие. Прво споменува дополнително родителско отсуство кое ќе можат да го користат мајките. Зарем само мајките се родители? Како демек се грижи за буџетот на семејствата, да им заштедел пари за бебиситерки. Три месеци ќе им заштеди, многу ќе се збогатат. А патем тие три месеци, тие нема да имаат плата. И она со здравствената заштита, јас не знам што им е финтата што го нагласуваат, па секој невработен има право на здравствена заштита, тоа не е ништо за што тие дополнително се потрудиле. И на крај круна, доколку жените забременат во тие три месеци повторно, немало да им се рачуна како прекин на стажот, и ќе можеле повторно да си земат породилно. Раѓајте жени, и само раѓајте, пари може од небо ќе ви паднат. Леле, колку се изнервирав user posted image .

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 576
   RE: Породилно отсуство
2.11.2013 11:18:58   
marchi
toa e sto e,jasse tesam so pomislata deka ajde mozeb se potrudile,kolku tolku...user posted image user posted image

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 577
   RE: Породилно отсуство
2.11.2013 22:27:35   
Snowhite RR
Абе од глупост до глупост, ако имаат нешто салам да предложат нека предлагаат ако не подобро нека молчат, попаметни се

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот marchi)
Непосредна врска до пораките: 578
   RE: Породилно отсуство
7.11.2013 21:42:41   
monaliza.81
Здраво на сите,јас сум нова во форумот ,ме интересира во врска со породилното отсуство на комисиско боловање сум моментално до 22.11.2013 два месеца инаку сум со дијагноза лажно раѓање поради хематон на постелка а термин за породување ми е 18.01.2014 дали може да си го отворам породилното два месеца порано така да со тоа и што ке се вратам порано на работа кои документи ми требаат,поздрав user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 579
   RE: Породилно отсуство
8.11.2013 12:18:53   
sandriana RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: monaliza.81

Здраво на сите,јас сум нова во форумот ,ме интересира во врска со породилното отсуство на комисиско боловање сум моментално до 22.11.2013 два месеца инаку сум со дијагноза лажно раѓање поради хематон на постелка а термин за породување ми е 18.01.2014 дали може да си го отворам породилното два месеца порано така да со тоа и што ке се вратам порано на работа кои документи ми требаат,поздрав user posted image user posted image user posted image

Пред се, добредојде на форумов монализа.81 user posted image
Доколку си со патолошка бременост, тогаш породилното боледување можеш да го отвориш 45 дена пред термиот, а при нормална бременост - 28 дена пред терминот. Ако грешам, нека ме исправи некој со понови податоци.
Документацијата што ти е потребна ќе ти ја каже матичниот гинеколог.
Ти посакувам со лесно да ја истераш бременоста, па да се дружиме и на другите теми од форумот user posted image

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот monaliza.81)
Непосредна врска до пораките: 580
   RE: Породилно отсуство
8.11.2013 14:58:33   
vezilka RR
Пред 45 дена пред термин мислам дека не може да се отвори породилно. Доколку има потреба комисијата ќе ти го продолжи боледувањето уште за неколку дена додека стигнеш 45 денапред термин. Друга опција ти е да искористиш одмори, стари, нови и слично, за да пополниш дупка ако не ти го продолжат комисиски.

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 581
   RE: Породилно отсуство
11.11.2013 13:56:26   
vezilka RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Evangelija

Здраво, имам едно прашање до оние мамички кои се вработени, и кои имаат информации за отворање на породилно боледување? Конкретно ме интересира следнава работа, јас одам на прегледи за следење на бременоста во приватна болница, од таму гинекологот не може да биде матичен лекар. Јас имам друг матичен гинеколог, не сум задоволна од неговата стручност и од тие причини одам на приватно. Колку се меродавни прегледите од матичниот гинеколог, со цел за отворање на породилното боледување, колку прегледи треба да се има кај матичниот гинеколог, дали е потребно да отвори мајчина книшка, или доволно ќе бидат податоците за тие неколку контроли на здравствениот картон кој го води матичниот гинеколог? Кои се документи се потребни за отворање на породилното боледување? Ве молам за информација и однапред ви благодарам....




ИЗВОРНА ПОРАКА: sandriana RR

Во прво и второ тромесечие и јас сите прегледи ги правев приватно, но резултатите ги носев кај матичната, за да ги запише во картон. Мајчина книшка немав, сега не знам како е во последно време (јас зборувам за пред 2,5 години).
Последниот триместар - еднаш брисеви и 2 еха направив кај матичната, и потоа земав упат за ЦТГ и за породување за во Чаир.
Мој совет е сите резултати да ги носиш кај матичниот и барем еден преглед - ехо да ти направи тој. Тогаш и ќе ти ја каже процедурата за породилно - или ќе отворите 28 дена пред термин (ако е уредна бременоста и ти така сакаш), или откако ќе се породиш, со документот од болницата, ќе ти го отвори боледувањето на денот на породувањето.


(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 582
   RE: Породилно отсуство
11.11.2013 14:46:01   
miana

ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR


ИЗВОРНА ПОРАКА: Evangelija

Здраво, имам едно прашање до оние мамички кои се вработени, и кои имаат информации за отворање на породилно боледување? Конкретно ме интересира следнава работа, јас одам на прегледи за следење на бременоста во приватна болница, од таму гинекологот не може да биде матичен лекар. Јас имам друг матичен гинеколог, не сум задоволна од неговата стручност и од тие причини одам на приватно. Колку се меродавни прегледите од матичниот гинеколог, со цел за отворање на породилното боледување, колку прегледи треба да се има кај матичниот гинеколог, дали е потребно да отвори мајчина книшка, или доволно ќе бидат податоците за тие неколку контроли на здравствениот картон кој го води матичниот гинеколог? Кои се документи се потребни за отворање на породилното боледување? Ве молам за информација и однапред ви благодарам....




ИЗВОРНА ПОРАКА: sandriana RR

Во прво и второ тромесечие и јас сите прегледи ги правев приватно, но резултатите ги носев кај матичната, за да ги запише во картон. Мајчина книшка немав, сега не знам како е во последно време (јас зборувам за пред 2,5 години).
Последниот триместар - еднаш брисеви и 2 еха направив кај матичната, и потоа земав упат за ЦТГ и за породување за во Чаир.
Мој совет е сите резултати да ги носиш кај матичниот и барем еден преглед - ехо да ти направи тој. Тогаш и ќе ти ја каже процедурата за породилно - или ќе отворите 28 дена пред термин (ако е уредна бременоста и ти така сакаш), или откако ќе се породиш, со документот од болницата, ќе ти го отвори боледувањето на денот на породувањето.




Евангелија, мислам дека сега со закон има некои задолжителни прегледи кои што матичниот гинеколог мора да ги направи во текот на бременоста. Потврдата за породилно боледување ја издава само матичниот лекар .Јас би те посоветувала,да отидеш макар на еден преглед кај матичниот лекар,најди изговор дека тие далеку да одиш кај него и дека бременоста ти ја водат во болницата каде што ке се породуваш и прашај го за процедурата за потврда за породилно. Тој треба да ти издаде само боледување кога ке влезеш во 9 тиот месец и потоа со копија од лична карта,со издод од бебето ( значи од како ке се породиш ) и пополнето барање за породилно,кое гои издаваат во социјално на шалтер а на кое треба да има твои податоци ( матичен број, трансакциска сметка и сл) одиш на шалтер,ги поднесуваш документите и тоа е целата процедура. Или пак кога ке влзеш во 9 тиот месец, појди да ти отворат боледување ( кај матичниот ) и ако ти каже дека мора да се направат некои прегледи ,кажи си дека веке си ги направила сите потребни прегледи и од истите однеси си резултати ( документите од сите прегледи ) за да може тој да си ги внесе кај него како проследени. Мислам дека сега е задолжителна мајчина книшка и затоа би те посоветувала да си појдеш на еден преглед кај матичниот и тој ке ти објасни се,бзе разлика на тоа каков е ,основните законски работи мора да ги знае.

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 583
   RE: Породилно отсуство
19.11.2013 9:57:42   
LoveableMe RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: slonce1103

Denverka, мислам дека патолошка бременост постои доколку воопшто не го прекинуваш боледувањето.Јас бев на боледување цела бременост и породилното го започнав 33 дена пред крајниот термин. Иако имаше период од 30 дена кога го користев годишниот одмор , матичната ми рече дека можи да го отворам породилното порано пошто дијагнозата во текот на цела бременост ми дозволувала да го отворам порано. Види консултирај се со матичниот доктор што ќе кажи , бидејќи тие треба да бидат оправдани пред фондот за дијагнозата која што ја даваат.Тоа е мое мислење, ако некој друг е поупатен нека пиши.



ИЗВОРНА ПОРАКА: snowbool

ne znam kako i sleduvalo na slonce 1103 , ama eve ti primer kako mene ke ti kazam deka sega na kraj sum so patoloskata i od komisija iako imav konzilijarno za dva meseca mi napisale samo do 45 dena pred datumot da se otvori porodilno , znaci mora maticniot 45 dena pred datumot dati go otvori ako si na patoloska bremenost...ova ti e od siguren izvor...


Devojki, moze da dobijam informacija kako e. sega so boleduvanje od maticen ginekolog I kako e procedurata za patoloska bremenost?

(Одговор на членот slonce1103)
Непосредна врска до пораките: 584
   RE: Породилно отсуство
21.11.2013 17:10:28   
busgirl
Mamicki, da ve pozdravam, nova sum na forumov i bi sakala da prasam (od 15 razlicni mesta 15 razlicni dogovori dobiv), na trudnicko boleduvanje sum od 15.10, kolku vreme se docni ili dali voopsto se docni so isplata na trudnickoto? fala vi epten user posted image

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 585
   RE: Породилно отсуство
21.11.2013 17:57:11   
vezilka RR
Те поздравуваме и ние ттебе и ти посакуваме добредојде на форумот. Њо породилното скоро секогаш се касни. Ама јас просто не сум сигурна дали заради фондот, или заради ажурноста на фирмите во кои равотиме, односно колку брзо ќе ги спремат и однесат документите во фондот. Ете во тоа уште не сум уверена. Инаку во просек првата исплата доцни околу 3 месеци.

(Одговор на членот busgirl)
Непосредна врска до пораките: 586
   RE: Породилно отсуство
21.11.2013 22:42:24   
busgirl
vezilka RR ti blagodaram za toploto dobredojde :) dokumentite (edvaj gi sobravme ) mi se odeseni pred nekoj den :( ama se podrasprasav kao ne se kasnelo povekje od eden mesec t.e. vo mojov slucaj pola zemav pola plata za oktomvri i treba da zemam vo dekemvri za oktomvri i noemvri, ama sepak nema nekoj sto moze da mi potvrdi ili pak kaze tocno kolku se kasni barem da sum si znam. pozz

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 587
   RE: Породилно отсуство
22.11.2013 11:57:03   
vezilka RR
Епа обиди се вака. Јави се, или појди во фондот, и прашај до каде е со твоите документи. Побарај гоод работа приемното бројче на твоите документи, или пак мое да те најдат по матичен број (не сум сигурна ова) и ќе ти кажат кога ќе ти направат исплата. Јас ова го направив откако ми доцнеа 3 месеци, за да ми кажат дека имало грешка во еден од документите кој треба да се исправи. Откако го исправивме за еден месец добив пари за сите задоцнети месеци одеднаш. Но, тие, ако најдат проблем во докуметите изгледа не се брзаат нешто многу да јават. Така да нам ни останува да притискаме и да си прашуваме. Жално, но таа ни е државичката.

(Одговор на членот busgirl)
Непосредна врска до пораките: 588
   RE: Породилно отсуство
22.11.2013 19:35:46   
busgirl
Изгледа си во право, треба сами да си ги туркаме работиве. Документите ми се веќе однесени во Фонд од страна на фирмата, па сега ќе видиме...Ти благодарам уште еднаш еднаш.

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 589
   RE: Породилно отсуство
23.11.2013 12:40:36   
Snowhite RR
Моето искуство и со првото и со второто е дека не ксанеше воопшто исплатата на породилното од фондот, касенше само заради тоа што каснеше платата, кога фирмата ќе ја испалтеше платата, породилното за недела максимум ми го исплаќаа

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот busgirl)
Непосредна врска до пораките: 590
   RE: Породилно отсуство
23.11.2013 16:21:14   
Martins mom
Не е до каснењето на платата Сноуајт, нели со закон до 15-ти во месецот е задолжително да дадат плата, така што не би требало повеќе од месец да касни породилното. Кој знае што е...user posted image user posted image

_____________________________

Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 591
   RE: Породилно отсуство
23.11.2013 21:17:38   
Snowhite RR
Да, ама кај нас никогаш не е исплатена до 15ти платата

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Martins mom)
Непосредна врска до пораките: 592
   RE: Породилно отсуство
2.12.2013 14:50:35   
nutelce
ovoj mesec go otvoram porodilnoto. vo organizacijava kade sto rabotam platata se zema vo prvata nedela od mesecot redovno, pa si velam deka nema da go ima toj problem od aspekt na platata. koleshkata od covecki resursi beshe dosta ljubezna i mi objani koi dokumenti da i gi dostavam, pa tie ke si prosledat natamu...

najgolemiot problem sto kasnat boleduvanjata, mislam deka e sto fondot za isplata dobiva pomalku pari kolku sto mesecno treba za site, pa zatoa koj ima sreka i nekoja vrska ke si dobie porano, a koj si nema ke si poceka koga ke mu dojde"redot"

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 593
   RE: Породилно отсуство
22.12.2013 10:33:09   
Martins mom
Кои документи треба да се достават до книговодителот за отпочнување на породилното боледување? Мм ми ја бркаше таа работа, па пошто е малце неодговорен се плашам да не згрешил нешто.user posted image
- боледување од матичен гинеколог
- отпусно писмо од болницата
- извод од матична книга на родени за детето
- венчаница
Тие се документите или нешто имаме испуштено? И потоа книговодителката ги носи кај што треба. И потоа треба некое известување да добијам или дирекно пари на сметка??? Ништо не ми е јасно со ова исплатата на боловањеuser posted image

_____________________________

Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.

(Одговор на членот nutelce)
Непосредна врска до пораките: 594
   RE: Породилно отсуство
22.12.2013 22:03:37   
Snowhite RR
i kopija od transakciska i baranje ako go nosis ti,ako go nosat od rab. tie ke si popolnat jas sama si go odnesov, prvo ke dobies resenie posle pari

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Martins mom)
Непосредна врска до пораките: 595
   RE: Породилно отсуство
29.12.2013 6:24:31   
@bebe
dali se zema vo predvid porodilno otsustvo broejki od krajniot termin na poroduvanje pa nazad ili od pocetokot na terminot za poroduvanje pa se do krajniot termin, kako da brojam, termin mi e od 18.01 - 18.02. 2014, koga mozam d zemam otsustvo za trudnicko od rabota, ve cekam za odgovor

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 596
   RE: Породилно отсуство
29.12.2013 18:06:38   
Snowhite RR
Породилно боледување се отвора 28 до 45 дена пред породувањето или најкасно на денот на породување и трае 270 дена од денот кога ќе го отвориш. Е сега ако ти можеш да издржиш, ако не ти е тешка работата, да одиш до крај, или покасно да го отвориш за после тоа подолго време да си бидеш со бебето. Поздрав и со лесно

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот @bebe)
Непосредна врска до пораките: 597
   RE: Породилно отсуство
31.12.2013 13:24:37   
@bebe
fala Snowhite za odgovorot, sreka i radost da te prati, se najubavo vo novata godina, so najiskreni cestitki od mene i malata snegulka sto raste vo meneuser posted image

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 598
   RE: Породилно отсуство
16.1.2014 15:08:55   
Bethany
Корисно е да се знае user posted image

Кои се вашите права при породилно отсуство и бременост

Едно од основните права кои ги уживаат жените како посебна заштита во работниот однос, е правото на заштита за време на бременост, раѓање и родителство. Заштитата во Законот за работни односи најпрво е поставена уште при самото известување дека некоја работничка е бремена. Без разлика во која фаза на бременост се наоѓа, работодавачот е должен да воведе повеќекратно оценување на ризиците кои можат да влијаат на бремената жена, нејзиното неродено или новородено дете. Дополнително оценување на ризикот се применува и при промена на уловите за работа, опремата или машините.

Исто така работодавачот не смее да го откаже договорот за вработување на работникот за време на бременост, раѓање и родителство, за време на сместување на дете кај посвоител, отсуство од работа за родителство од страна на татко или посвоител на дете и слично. Отказот на договорот за вработување е ништовен, доколку на денот на врачувањето на отказот работодавачот бил запознаен со околностите за бременоста, или доколку работникот во рок од 15 дена од врачувањето на отказот го извести работодавачот за постоење на околностите за бременост со доставување на соодветна потврда од овластен лекар или надлежен орган.

Забраната за отказ не се однесува на откажување на договорот за вработување поради потешки прекршувања на договорните обврски, односно поради кршење на работниот ред и дисциплина или работните обврски за кои се дава отказ без отказен рок согласност закон и колективен договор.

Работодавачот на смее да бара какви било податоци за бременоста на работничката, освен ако таа самата не ги достави заради остварувањето на правата за време на бременоста. Ако работничката врши работа која за време на нејзината бременост може штетно да влијае на нејзиното здравје или здравјето на детето, работодавачот е должен да и обезбеди вршење на друга соодветна работа и плата, како да ја вршела својата работа, ако тоа за неа е поповолно. Исто така за време на бременоста работничката не смее да врши прекувремена работа или да работи ноќе.

Право на породилно отсуство

Според Законот за работни односи работничката за време на бременост, раѓање и родителство има право на платено отсуство од работа во траење од девет месеца непрекинато, а доколку роди повеќе деца одеднаш (близнаци, тројка и повеќе) една година. Исто така и работничка која посвојува дете има право на отсуство до наполнување на деветмесечна возраст на детето, а доколку посвоила повеќе деца (две или повеќе) една година.

Периодот кога може работничката да го започне отсуството за бременост, раѓање и родителство врз основа на наод од надлежниот здравствен орган, е 45 дена пред раѓањето, а задолжително 28 дена пред раѓање. Доколку од здравствени причини детето е задржано за нега или лекување во здравствена установа и доколку во меѓувреме мајката или таткото се вратат на работа, отсуството поради раѓање и родителство се прекинува и истото имаат право да го искористат неискористениот дел од отсуството.

Работничката е должен на работодавачот да му го најави времето на започнувањето на користењето и времето на завршување на родителското отсуство 30 дена пред започнувањето, односно пред завршувањето на користењето на правото на родителско отсуство. Работничка која користи отсуство поради бременост, раѓање и родителство, ако сака може да се врати на работа и пред истекот на отсуството, но не и пред 45 дена од денот на раѓање на детето.Доколку отсуството од работа за родителство не го користи работничката, правото на отсуство од работа за родителство го користи таткото или посвоителот на детето.

На крајот на родителското отсуство работникот има право да се врати на истото работно место или, доколку тоа не е возможно, на соодветно работно место според условите од договорот за вработување.

Продолжување на отсуството

Постојат случаеви и кога отсуството поради бременост, раѓање и мајчинство може да биде продолжено. Тоа е можно кога работничка роди мртво дете или ако детето умре пред истекот на отсуството поради бременост, раѓање и родителство. Во ваков случај отсуството е продолжува за време колку што според наодот на лекар е потребно да закрепне од раѓањето и од психичката состојба предизвикана со губењето на детето, а најмалку 45 дена, за кое време и припаѓаат сите права врз основа на отсуството за бременост, раѓање и родителство.

После искористувањето на отсуството работничката која го дои детето, а работи со полно работно време, има право на платена пауза во текот на работното време, во траење од еден и пол час дневно, во кое време се засметува и дневната пауза. Тоа право го има работничката до наполнета една година возраст на детето.

Бројот на деновите на вкупното траење на отсуството поради бременост, раѓање и родителство се одредува календарски, а не во работни денови. Тоа значи дека траењето на ова отсуство не може да се продолжи со евентуално пресметување на деновите кои се сметаат како неработни, ниту тоа може да биде прекинато поради користење на боледување како што е случај со траењето на годишниот одмор.

Надоместок на плата

Работникот кој користи отсуство поради бременост, раѓање и родителство, отсуство за нега и заштита на дете има право на надоместок на плата. Средствата за надоместокот за породилно отсуство се обезбедуваат од Буџетот на Република Македонија. Според Законот за здраствено осигурување основица за пресметување на надоместокот на плата преставува просечниот месечен износ на исплатената плата на која е платен придонесот за задолжителното здравствено осигурување во последните дванаесет месеци пред настанувањето на случајот поради кој се стекнува правото на надоместокот.

Висината на надоместокот на плата за време на отсуство поради бременост, раѓање и мајчинство изнесува 100% од основицата на надоместокот на плата. Надоместокот за отсуство од работа поради бременост, раѓање и мајчинство се исплатува од првиот ден на привремената спреченост за работа од средствата на Буџетот на Република Македонија.

извор.Правдико

_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот @bebe)
Непосредна врска до пораките: 599
   RE: Породилно отсуство
28.1.2014 0:19:48   
June
Мајки има ли промена во тоа колку стаж треба да имаш за да ти следи породилно отсуство? Или уште е 6 месеци?

_____________________________

"In the end, it's not going to matter how many breaths you took, but how many moments took your breath away "

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 600
Страница:   <<   < Претходна страница  22 23 [24] 25 26   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  22 23 [24] 25 26   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?