|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Страв од забременување по загуба на бебе
5.10.2015 13:20:50   
AnnaMolly RR
Пријателки, дојде време да се решам дека сега навистина сакам и сум спремна за второ дете.
Помина повеќе од една година од немилиот настан, засекогаш ќе го паметам тоа, ама повеќе не ми е психичка пречка и страв од повторно забременување.

Кога ќе ми заврши следниот циклус одам на брисеви, пап и ТОРЧ и ако е се во ред, очекувајте среќни вести од мене.

Знам дека ќе поминам 9 месеци во секојдневна неизвесност, ама морам да мислам позитивно и да мислам само на убави и позитивни работи.
Филип секој ден ме прашува кога ќе имал братче или сестра, веќе прави планови како ќе сме се гушкале сите пред спиење, како ќе помагал...

Многу ми е криво што не можам да ја тагнам lukas да ја прашам како помина таа со бременоста, бидејќи бевме во слична ситуација.


_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 26
   RE: Страв од забременување по загуба на бебе
5.10.2015 14:51:02   
Veronica_Lia
Hrabra i ispravna odluka! Gospod neka e so tebe, ti ja posakuvam celata srekja na ovoj svet i bidi pozitivna, tuka sme nie da te poddrzime i kje bide se vo red!
Ona niz koe si pominala sigurno ti ostavilo golem beleg, no odlukata da soberes sila i da ne se otkazes e nesto vredno za pocit! Iskreno veruvam deka se ke bide kako sto treba i deka za nekoe vreme ke ne izraduvas so ubava vest! Backi do tebe, ne si sama! user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 27
   RE: Страв од забременување по загуба на бебе
5.10.2015 14:57:04   
Melanija RR
AnnaMolly RR со убава мисла и поддршка до user posted image user posted image

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Veronica_Lia)
Непосредна врска до пораките: 28
   RE: Страв од забременување по загуба на бебе
5.10.2015 16:12:20   
lukajana RR
user posted image AnnaMolly RR ,ајде што побрзо да не израдуваш со user posted image

_____________________________

Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 29
   RE: Страв од забременување по загуба на бебе
5.10.2015 16:41:41   
Hopeful RR
AnnaMolly RR, праќаме позитивна енергија да биде се ок и што поскоро Филип да си добие братче или сестриче user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот lukajana RR)
Непосредна врска до пораките: 30
   RE: Страв од забременување по загуба на бебе
5.10.2015 23:22:48   
Bella28
So sreka moras da bides pozitivna, jas izgubiv 2 bebenca vo 22 nedela no zelbata za bebe mi e pred se drugo odvaj cekam da pominat ispituvanjata za da mozam povtorno da mislam na bremenostuser posted image

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 31
   RE: Страв од забременување по загуба на бебе
5.10.2015 23:43:30   
kapina
i jas edvaj cekam da pocnam so nova ivf postapka no ke potrae uste cekanjeto nekade do maj zaradi prl i sobiranje dokumenti

(Одговор на членот Bella28)
Непосредна врска до пораките: 32
   RE: Страв од забременување по загуба на бебе
6.10.2015 9:29:15   
LoveableMe RR
AnaMollyRR, знаеш секогаш сме тука за тебе user posted image и со позитивна мисла те поддржуваме за user posted image

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 33
   RE: Страв од забременување по загуба на бебе
6.10.2015 13:36:20   
AnnaMolly RR
Знам дека сте тука за мене, знам дека заедно ќе ги поминеме тие 9 месеци кога ќе дојде време за тоа.

Со првата брееменост ја открив Рингераја кога бев околу 7 месец бремена и од тогаш сме неразделни user posted image

Фала ви за поддршката, ќе ве известам откако ќе направам испитувања и ќе се фрлиме во акција user posted image

_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 34
   RE: Страв од забременување по загуба на бебе
6.10.2015 14:48:44   
Veronica_Lia
Само позитивнооо!! user posted image

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 35
   RE: Страв од забременување по загуба на бебе
7.10.2015 22:16:54   
kapina
A inace sega ke mi bide mnogu mnogu strav posle site ovie stresovi uste sega me faka strav ako ostanam bremena sansi
imam i za po priroden pat no cekam prl da dojde vo normala doktorite za mene sega se non stop dostapni i toa mi pomaga malku i endokrinologot dr iskra i dr lazarevski se nonstop dostapni za mene znam oti i ovoj pat bremenosta ke bide rizicna no se trudam kolku sto mozam da ostanam pozitivna no tesko mi ode mnogu tesko

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 36
   RE: Страв од забременување по загуба на бебе
19.1.2016 11:53:01   
AnnaMolly RR
Ајде малку пак да ја активирам темава.
Пред околу 3 месеци пишав дека сум спремна за повторен обид, ама не било така...
Кога ќе си речам ајде, можам јас, време е повторно да се обидеме, ме облева страшна паника и панични напади. Самата помисла дека ќе треба 9 месеци да ги поминам во страв и неизвесност не знам дали ќе можам да издржам.
Сакам, не дека не сакам, умирам од желба да си родам уште едно бебе, ама стравот е поголем од мене.
Не знам како да го извадам тој страв од мене, како да успеам да поминам мирна бременост...
Имате ли некој совет? Како да постапам? Некоја од искуство да ми каже како поминала бременост по загуба на бебе? ЗНАМ дека ќе биде тешко, ама желбата е огромна, па си велам ќе издржам...

_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 37
   RE: Страв од забременување по загуба на бебе
19.1.2016 12:26:02   
Neurotoxin RR
Пишував пред една година дека на моја најблиска другарка и се случи истото, и во една прилика ја прашав дали се плаши да остане повторно бремена, она отсечно, со голема насмевка на лицето ми рече НЕ, напротив, сакам да останам одма бремена, за да ми се покрие празнината, а и која е веројатноста пак да се сличи истото, и ако се случи, ќе се помирам, тоа е, така требало... и остана, терминот за пораѓај и е скоро на ист датум како и претходниот, само една година подоцна. Се гледа ,дека се плаши, НО, јас и помогнав, поврзана сум со гинеколози службено, па барав разни мислења, во едена прилика ми рекоа, дека без разлика на се, можеби оваа бременост ќе биде најлесна за нејзе, сепак нејзе мора да ја водат како високо ризична, со појачани контроли, со поредовни ултразвуци каде ќе го слуша срцето постојано, со секакви испитувања... и така и беше. Редовните контроли на кои и кажуваат дека се е во ред многу ја смируваат.

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 38
   RE: Страв од забременување по загуба на бебе
19.1.2016 12:28:36   
AnnaMolly RR
Да, исто и мене ми рекоа дека следната бременост ќе ми ја водат како ризична, и да не е. Ќе видиме.

_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот Neurotoxin RR)
Непосредна врска до пораките: 39
   RE: Страв од забременување по загуба на бебе
19.1.2016 12:35:51   
nina.darko
Здраво Annamolly.. Сум пишала и претходно дека исто како тебе изгубив бебенце во 19 та недела :( И сеуште ми навираат солзи кога ќе ми текне за тоа... Уште повеќе што знаев дека е здраво и право а јас не успеав да го доносам поради слабост на грлото на матката... И ден денес имам кнедла во грло поради тоа и се осеќам крива на некој начин.. Стравот и кај мене беше голем, преголем... ама па желбата за бебе беше најголема.. После 7 месеци со ин витро пак останав трудна... Значи секој ден ми беше стресен..Ќе те излажам ако ти кажам дека стравот ке го снема.. Како ми одминуваше бременоста јас бев во се поголема паника.. Ама се водев со мислата дека ако не пробам никогаш нема да знам сали ќе успеам да го доносам бебето или не... Ако не пробам- нема да знам.. И си го родив најмилото дете на цел свет и му благодарам на Бога за тоа :) Сега сум пак бремена , 10 недела и пак е стравот најголем... Од една страна загубата би била катастрофална ама па од друга страна може ќе биде се ок и ке си родам здраво, право бебе... Мора сама да си се окуражиш, и да си расчистиш во глава... Сама ќе осетиш кога си спремна... Ти посакувам се најдобро...

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 40
   RE: Страв од забременување по загуба на бебе
19.1.2016 12:53:39   
nina.darko
I mene mi ja vodea bremenosta kako visokorizicna i cela bremenost ja presedov doma.. Mi ja vodea kako patoloska bremenost.. E neznam sega za ovaa bremenost kako ke bide... Kontrolite mi bea ne mnogu cesti, na 4 nedeli iako mene sekogas ke me fakase panika i redovno gi prezakazuvav kontrolite za edna nedela porano :) pa taka mi se fakase sekoja treta nedela da odam na kontrola.. A da ne zboram kolku cesto mu se javuvav na doktorot so prasanja i potprasanja :) Alal da mu e kako me istrpi :)))

(Одговор на членот nina.darko)
Непосредна врска до пораките: 41
   RE: Страв од забременување по загуба на бебе
19.1.2016 21:33:26   
Hopeful RR
И другарка ми е со слична историја - две изгубени бебиња во 24 и 25 недела, хорор. Не се двоумеше за следна бременост, имаше среќа брзо да остане бремена и ја водеа како високоризична, со строго лежење цело време. Сега има совршена ќерка, срце од девојче user posted image

Сигурна сум дека е тешко, но кога веќе ќе се случи, ќе тера возот. Стравот се меша со возбудата и среќата на новото бебе, па се поминуваат сите моменти на криза, секој човек е survivor. Јас немав таква позадина, но сепак цела бременост ја поминав во грч и стравови, пошто ете, таква сум, но ок излезе.

Ајде, стискаме палци! Може да отвориме посебна тема за да те охрабруваме user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот nina.darko)
Непосредна врска до пораките: 42
   RE: Страв од забременување по загуба на бебе
19.1.2016 21:44:22   
mommy_angels RR
Секоја бременост после ваква ситуација ја водат како ризична и со многу контроли. Таква беше ситуацијата и со мене,иако си имав најнормална и лесна бременост. Мене дури не сакаа ни природно да ме породат од страв да не им се препаднам на сред породување,поради претрпен стрес и траума. Инаку после вакво премрежје во животот секоја наредна бременост е стрес и страв,но тоа во никој случај не смее да не обесхрабри за уште една бесценета љубов и среќа.

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 43
   RE: Страв од забременување по загуба на бебе
6.5.2016 12:09:59   
Ninicka2
Mili ringerajki...
Sum pisuvala vo temata vestacko oploduvanje...
Vo Juli ,minatata godina ostanav bremena so ivf, kaj dr.Petanovski vo Remedika....na srekata i nemase kraj....se do 20 ta nedela koga na skriningot otkrija ,,hidro torax,, kaj beveto, voda vo plukata. Togas pocna nasiot pekol, koj traese tri meseci...agonija, placenje, strav, bolnici,intervencii, amniocintezi,vadea voda odplukata na bebeto, preku mojot stomak....i sto uste ne...No vo Mk.veke nemase sto da se napravi, pa zaminavme vo Belgrad, so nadez deka ke go spasime naseto najmilo...Posle vtora intervencija nabebeto(in utero. Posle vtorata intervencija, dobiv visoka temperatura i ne go osekav moeto milo da mrda. Me pregleda doktor i samo glasno izvika ,,SESTRO SALA!!,, Neznaev sto se slucuva,me odnesoa na hiten carski....mnogu raboti se iskomplicirale za vreme na operacijata...vnatresno krvarenje, abrupcija na postelkata i niz site organi voda i krv...idvaj me spasile, no ne uspeaa moeto bebence :( :(:(....pekolni bea i denivute posle carskiot, depresija, bolka, peaznina, cuvstvo na vina,inekcii,lekovi, bolnicki kreceti celi dve nedeli....gi izgubiv bebeto vo 7mi mesec, 3kg,i 50sm. Ova se sluci na 13ti Fev.2016...
Pretesko mi e, no voopsto ne se plasam povtorno da zabremenam...odvaj cekam povtorno da imam stomak, da ogo isekam kako mrdka i da se rsduvam na denot koga ke mu gi vidam ocinjata. Bolkata pi moeto orvo bebe e tuka u ke bide dodeka sum zuva i dodeka disam, jas ke mislam na nego.
Ne mizam da izdrzam, da pominat sest meseci.
Ve pozdravuvam mili moi i se milam na niedna majka na svetot da ne i se sluci ona sto jas go prezivuvav...

(Одговор на членот mommy_angels RR)
Непосредна врска до пораките: 44
   RE: Страв од забременување по загуба на бебе
6.5.2016 14:05:11   
LoveableMe RR
Ниничка2, те памтам и целиот твој случај на забременување...user posted image user posted image user posted image многу ми е жал што така ти се случило, но знам имаш смрзнати ембриони и можеш пак да пробаш...

А како се појавила вода во плуќа кај бебето? Што е причината?

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот Ninicka2)
Непосредна врска до пораките: 45
Страница:   <<   < Претходна страница  1 [2]
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2]
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?