|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Третиот крајник кај децата
30.10.2009 13:24:03   
BEBICA
Ovaa tema ja otvaram za da dobijam poveke informacii za tretiot krajnik.Kako se leci?
Dali vaseto dete imalo vakov problem?Dali ste za vadenje na tretiot krajnik?
Medicinata kazuva deka site deca se ragaat so tretiot krajnik koj se zgolemuva so sekretot od nosot i pavi nevideni problemi.Isto taka najgolem problem imaat decata od 1 dena do 7 godini posle ovaa granica tretiot krajnik se namaluva i potpolno se povlekuva.Kakvi se vasite razmisluvanja?


< Поракaта ја уредил big_mama817 -- 30.10.2009 14:29:26 >


_____________________________

Дајте и на жена десет добри совети, таа ќе го следи само еднинаесеттиот - својот.
Revisions: 1 | Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Третиот крајник кај децата
30.10.2009 13:40:21   
mother 29
ПЕДИЈАТРИЈА извор дневник
Третиот крајник се оперира по 4-та година
Не треба да се вадат крајниците ако детето има алергичен бронхит или астма

Во хронични инфекции на горните дишни патишта спаѓаат: воспаление на крајниците, третиот крајник, синусите, ушите и гркланот. Една од причините за хроницитетот е намалена одбранбена моќ кај детето. Многу битен специфичен одбранбен механизам е имунитетот.

Горните дишни органи се најбогати со лимфно ткиво, кое учествува во имунитетот. Крајниците служат како филтер од сите агресивни инхалирани честици од надворешната средина. Ако овој филтер е инфицуентен (извадени крајници), инхалираните честици навлегуваат во долните дишни патишта и предизвикуваат воспаление. Најбитна функција на ова лимфно ткиво е локалната имунолошка активност. Тоа продуцира секреторни имуноглобулини, меѓу кои најважен е секреторниот имуноглобулин А. Причинители на хроницитетот на горните дишни патишта се повторувачки вирусни, бактериски и алергични воспалителни процеси. Амбулантскиот лекар многу често се сретнува со овој проблем.

Воспаление на крајниците може да има акутен, рецидивен и хроничен карактер. Акутно воспаление на крајниците - ангина, е честа појава во детската возраст, а како причинител е стрептококус бета-хемолитичен од групата А. Секундарни причинители можат да бидат сите респираторни вируси. Клиничките знаци се со брз почеток, со многу висока температура, со болки во грлото при голтање и со главоболка, изразени црвени и зголемени крајници со гнојни чепови, малинесто-црвен јазик, зголемени и болни лимфни јазли на вратот. Со терапијата, акутниот процес комплетно се смирува. Ако имаме често повторување на воспаление на крајниците, го нарекуваме рецидивно (повторувачко) на двата и на третиот крајник. Рецидивниот воспалителен процес е со иста клиничка слика предизвикан од стрептокок и трае подолго време. Воспалението се повторува три-четири пати во сезоната и комплетно се повлекува со антибиотска терапија. Лабораториските параметри се нормализираат, крајниците се намалуваат и лимфните жлезди се губат. Таквите деца треба да бидат под постојана контрола од својот лекар.

Хроничното воспаление на трите крајници е со чести атаки на воспалителен процес. И по антибиотската терапија процесот перзистира со сите клинички и лабораториски параметри. Крајниците се зголемени, некогаш комплетно го опструираат грлото и поради тоа е отежнато голтањето и дишењето. Детето дише со отворена уста и ?рчи во легната положба. Нема апетит, слабее и повремено качува температура. Таквите деца имаат специфичен вид на лицето: со подочници, спуштена долна вилица, назален говор. Поради комплетната опструираност дишењето е многу отежнато, особено ноќе. Во сон настапува губење на дишењето, т.н. слипапнеа. Дијагнозата се поставува со клинички наод, се следи хроничниот тек, со лабораториски испитувања, антистрептолизинскиот позитивен тест. Терапијата е антибиотска и долготрајна. Ако процесот долго трае и нема успех со антибиотската терапија, треба да се направат алерголошки испитувања за да се исклучи алергичната компонента, која го влошува воспалителниот процес. Ако има знаци за хронично воспаление на третиот крајник, индикациите за оперативен третман се само по четвртата година на животот. Третиот крајник треба да се извади ако има хронично воспаление на синусите, ушите и оштетување на слухот, а нема ефект од антибиотската и локална терапија. Индикацијата за операција ја поставува матичниот педијатар во консултација со имунолог, алерголог, педијатар. Пред оперативниот зафат детето треба да направи комплетно имунолошко и алерголошко испитување и да се следи најмалку шест месеци до една година. Оперативниот зафат се врши најмалку два месеца по акутниот воспалителен процес и спроведена антибиотска терапија. Не треба да се вадат крајниците ако детето има алергичен бронхит или астма. Апсолутни индикации за операција на двата крајника се тумор на крајникот, туберкулоза, комплетна опструираност на грлото, гноен воспалителен процес зад крајниците и ако детето има воспалени крајници од бета-хемолитичен стрептокок над 4 пати годишно.

< Поракaта ја уредил big_mama817 -- 30.10.2009 14:31:54 >
Revisions: 1 | Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Третиот крајник кај децата
30.10.2009 13:47:33   
Barbi30
Bebica ZDRAVOuser posted image
Mojot vujko e hirurg i on smeta deka ako deteto pocesto zaboluva od krajnici kako sto e anginata na primer i pocesto ima problemi so grlo koi nastanuvaat od krajnicite ili zapusen nos i sekret vo nosot deka e najdobro tie da se izvadat bidejki pravat problem jas licno imav mnooogu problem so niv no moite ne mi gi vadea pa se resiv sama na 14 god i znam deka togas so mene imase i 5 godisno detence na koe mu gi izvadija trite i na majkata i kazaa deka toa e dobro bidejki deteto nema da se razboluva cesto bidejki na niv se sobirale site bakterii i bacili pa zatoa i tie tolku cesto doveduvale do zaboluvanje i gnoenje
Se nadevam ti bev od pomos

< Поракaта ја уредил big_mama817 -- 30.10.2009 14:35:31 >

(Одговор на членот BEBICA)
Revisions: 1 | Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Третиот крајник кај децата
2.11.2009 17:46:43   
mis.
За крајници кај децата имаме тука нешто дискутирано

(Одговор на членот Barbi30)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Третиот крајник кај децата
6.1.2010 11:48:33   
ripce
Крајниците се оперираат по петтата година

Оперативен зафат на третиот крајник се врши при изразена затнатост на носот со отежнато дишење, чести воспаленија на синусите и на ушите и при намален слух

Причинители на воспалението на третиот крајник се бактериите и вирусите.

Од бактериските инфекции почесто се сретнуваат стафилококите, хемофилусот и брахамелата катаралис. Под дејство на тие бактерии третиот крајник и целото лимфно ткиво во носната шуплина се зголемуваат. Многу рано настапува отежнато дишење и намалување на дренажата на носниот секрет. Детето дише со отворена уста, ?рчи во сонот, говорот му е назален. Спуштена му е долната вилица, тоа е бледо, со модрило под очите. Таквите деца страдаат од воспаление на синусите и на ушите. Имаат постојана кашлица, особено ноќе.

Карактеристично за тие деца е тоа што отежнатото дишење е особено нагласено во сон, дури некогаш престануваат да дишат, т.н. апнеа во сон. Таа состојба ги вознемирува и родителите и детето. Оперативен зафат се препорачува и кај помало дете, по комплетно испитување и спроведена антибиотска терапија.

Лекувањето на воспалителниот процес на лимфното ткиво на горните дишни патишта е со долготраен антибактериски третман, главно со пеницилински препарати преку уста, нема потреба од ампуларна терапија. Редовно се контролира клиничкиот и лабораторискиот наод и посебно се следи титарот на антистрептококните антитела.

По спроведената терапија се препорачува комплетно имунолошко и алерголошко испитување.

Индикациите за оперативниот зафат се поставуваат по комплетното испитување. Препораката за оперативниот зафат ја дава само матичниот лекар-педијатар, со задолжителна консултација со педијатар- пулмоалерголог. Оперативен зафат на третиот крајник се врши при изразена затнатост на носот со отежнато дишење, чести воспаленија на синусите и на ушите и при намален слух. Операцијата не смее да се изврши пред тригодишна возраст.

Оперативен зафат на двата крајника се врши над петгодишна возраст. Апсолутни индикации се - туберкулозен процес, хронично зголемување на крајниците што доведува до тешкотии на дишење и голтање, апнеа во сон и губење на дишењето во извесен период, хроничен воспалителен процес причинет од бета-хомолитичен стрептокок почесто од три пати во сезона.

Операцијата се извршува најмалку еден месец по акутното воспаление и спроведената антибиотската терапија. Не треба да се оперираат деца што имаат алергични заболувања на дишните патишта. Лекарот секогаш треба да мисли при решавање на операција за значењето на имунокомпетентните клетки на лимфното ткиво на крајниците и секој случај да го решава индивидуално, дали треба да се отстранат и кога.

При чести рецидиви на стрептококни инфекции не се исклучени компликации на срце, бубрези, зглобови и на други органи. По отстранувањето на крајниците не е исклучена инфекција на горните дишни патишта, исто како и рецидивите на алергични бронхити.

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 5
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?